Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ТехнологијаРобот кој се грижи за луѓето во старечки дом, тие се приврзале за него (фото)Зора можеби не делува како нешто посебно – повеќе личи на симпатична играчка отколку на футуристичко чудо.Но, овој робот е централниот дел од експериментот во Франција кој би можел да го промени начинот на грижа за постарите лица. Кога Зора пристигнала во старечкиот дом оддалечен еден час од Париз, чудни работи почнале да се случуваат: многу пациенти емотивно се врзале за неа, ја третираат како бебе, ја држат, ја лулаат и ја бакнуваат. Зора, која може да чини и до 18.000 долари, нуди друштво на место каде животот е осамен. Семејствата не можат толку често да доаѓаат, а нема доволно персонал. Пациентите во болницата Жуар страдаат од деменција и други состојби кои бараат постојана нега. Медицинскиот техничар задолжен за Зора го контролира роботот преку лаптоп. Често се крие за пациентите да не сфатат дека тој го контролира роботот. Роботот може да разговара бидејќи тој ги испишува зборовите во лаптопот кои роботот ги изговара. За некои пациенти Зора е “таа“, за некои “тој“. Зора често организира вежби и игри. Но не се сите воодушевени со овој робот. Се уште многу треба да се направи пред појавата на хуманоидните медицински сестри. Зора не дава лекови, не мери притисок и не менува постелнина. Во Жуар, Зора некои ја сметаат за површна алатка која “само ги замајува пациентите“, изјави сестрата Софи Рифо. Друга медицинска сестра, Натали Расин изјави дека не би дозволила робот да ги рани пациентите, дури и кога би можел тоа да го прави. Такви интимни работи не би требало да и се даваат на машината да ги прави. „Ништо не може да го замени човечкиот допи, човечката топлина која им е потребна на нашите пациенти“ – изјавила таа. „Зоработс“, белгискиот провајдер на роботи за Жуар, изјави дека продале повеќе од 1.000 роботи на медицински установи ширум светот, вклучувајќи ги Соединетите Држави, Азија и Блискиот исток. Роботите се дел од се поголемото ширење на роботиката во медицинската нега. Овозможувањето на роботите да водат повеќе грижа за луѓето, можеби делува како дистопија, но многумина сметаат дека таа е неизбежна. Во скори сите земји, бројот на постари лица е во пораст. Бројот на луѓе постари од 60 двојно ќе се зголеми до 2050 година, наведуваат Обединетите нации. Едноставно нема да има доволно луѓе за работа во здравствената нега. Приврзаниците тврдат дека ни е потребна нова технологија која ќе го надомести недостатокот на луѓе. Предизвик ќе биде создавање на машини способни за извршување на комплексни работи. Да се развеселат пациентите со песна, не е исто што и грижа за нив. Француската болница која го купила роботот, благодарејќи на грант, ја изнесува Зора само неколку пати месечно. Истражувачите во болница во Австралија која ја користи Зора откриле дека роботот позитивно влијае врз расположението на некои пациенти и оти ги поттикнува да се вклучат во активноста, но оти им е потребна и прилична техничка поддршка. Слично изјавуваат и од француската болница. Вработените се изненадени колку пациентите се приврзани за роботот. Една од сестрите Микел Фере изјави дека пациентите се љубоморни едни на други поради времето кое го поминуваат со Зора. Пациентите на роботот му кажуваат работи во врска со нивното здравје кое не им го откриваат на лекарите. „Внесе малку живост тука“ – изјави Марлен Симон (70), која после трахеотомијата повеќе од една година е во болницата. „Ја сакаме и ни недостасува кога нема да ја видиме“. Zora is a robot at the center of an experiment in France to change care for elderly patients. Many patients in the French nursing facility developed an emotional attachment with Zora who is offering companionship in a place where people may feel lonely.https://t.co/34E9E3p2tN pic.twitter.com/uQZOLH7Hf1 — Penn Memory Center (@Penn_Memory) November 28, 2018 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28