3Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер
НаукаRoboMac е движење кое ги обединува енергија, знаењето и динамикатаНа Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денес, беа отворени 14-то издание на RoboMac и 6-тото издание на RoboMac Junior.За професор д-р Владимир Атанасовски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии, овој настан ја обликува иднината. Затоа што „RoboMac не е само натпревар. Тој е движење. Движење кое ја обединува енергијата на младите, знаењето на академијата и динамиката на индустријата. Движење кое создава нова генерација инженери – луѓе кои не чекаат иднината да се случи, туку активно ја креираат“. Атанасовски потенцира дека живееме во време на длабоки технолошки трансформации – вештачката интелигенција, роботиката и автономните системи веќе не се концепти на иднината, туку реалност што ја редефинира економијата и општеството. „Во таков свет, најголемата вредност не е само знаењето – туку способноста да се создава, да се адаптира и да се води. Токму затоа RoboMac има посебно значење. Овде не се натпреварувате само кој ќе изгради подобар робот или алгоритам. Овде учите како да размислувате, како да соработувате, како да решавате сложени проблеми – вештини што ќе ве дефинираат како лидери во иднината. Не плашете се да мислите големо. Не плашете се да грешите. И никогаш не престанувајте да создавате. Затоа што иднината нема да ја создадат оние што следат – туку оние што се осмелуваат да водат“, порача деканот Атанасовски на студентите – учесници на RoboMac. За проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, овој настан претставува збир на талентирани умови и е „доказ за зголемената важност на роботиката и вештачката интелигенција во нашето општество. Светот претрпува брза технолошка трансформација. Автоматизацијата и интелигентните системи суштински ги менуваат индустриите, од производство и здравствена заштита до транспорт и комуникација. Додека гледаме кон иднината, јасно е дека роботиката и вештачката интелигенција ќе играат сè поважна улога во обликување на нашите животи“. Таа вели дека со поддршка на настани како RoboMac, Универзитетот инвестира во општествената иднина. „Ги зајакнуваме младите умови да станат архитекти на новото технолошко и просперитетно општество. Знаењето и искуството стекнато овде ќе ги поттикне да се справат со предизвиците и можностите што претстојат“, заврши Ангелова. Професор д-р Гога Цветковски, претседател на македонската секција на IEEE потсети на почетоците на овој натпревар. „Благодарение на ентузијазмот и посветеноста на македонските членови на ИЕЕЕ пред 16-тина години беа реализирани почетоците на овој натпревар кој низ годините прерасна во бренд препознатлив во земјата и пошироко. Настан чиј што почеток секоја година се очекува со нетрпение. Како што ИЕЕЕ ги следи и унапредува технологиите, така и РобоМак од издание во издание се развива и унапредува. Доказ за тоа се разните категории во кои секоја година се натпреваруваат учесниците на РобоМак и РобоМак јуниор кои постојано се унапредуваат и надоградуваат со нова опрема и нови предизвици“. Лука Стефановски, претседател на студентскиот огранок на македонската секција на IEEE, свечено го отвори четиринаесеттото издание на RoboMac со порака да победат најхрабрите идеи! „Кога некој од страна ќе слушне за RoboMac, веројатно размислува само на жици, сензори, мотори и линии код. Но, ние знаеме дека тоа е само површината. Она што навистина се случува на овој настан е нешто многу посуштинско – овде, апстрактните идеи од учебниците добиваат физичка форма и теоријата од скриптите се судира со реалниот свет“, рече Стефановски. Според него, додека светот дебатира дали вештачката интелигенција ќе нè замени, „ние знаеме една работа: ниту еден алгоритам не може да ја замени креативноста, оригиналноста и тврдоглавоста на еден инженер! Роботите се само алатки, а вие сте тие што им давате живот – или барем ги убедувате да не се забијат во првиот ѕид на кој ќе наидат “. Стефановски ги повика студентите да почнат да ја кодираат иднината уште денес. Учесниците на RoboMac ќе се натпреваруваат во следниве катерогии: Trig, Track, Trace, AI Football, Robotic Arm Challenge, The VoiceBot Challenge, Self Racing Cars и SumoBot. Исто така, учесниците на RoboMac Junior 2026, ќе се натпреваруваат во RoboMac Junior –автономна мобилна роботика и RoboMac Junior – паметна електроника за автономни возила. Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 25.4.2026 (сабота), од 18:30 часот. Организатори на настанот се македонската секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаПретрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијатаХристијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем. Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари. Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата. Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата. Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка. Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ. Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ. Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата. Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“. Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар. Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата. Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи. На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција. Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка! Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем. Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги. Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност. Нашата порака до Мицкоски е јасна: Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш. Доаѓа крај на твојата криминална банда. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО Тагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотерКредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка. Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер. Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се! Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook