Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
1Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
ФудбалРобињо му се налути на Нејмар- го натепал син муТензиите растат во бразилскиот гигант Сантос по физичката пресметка меѓу Нејмар и младиот Робињо Џуниор што се случи за време на тренингот во недела.Претставниците на 18-годишниот напаѓач сега бараат јавно извинување од легендата на клубот и се закануваат дека дополнително ќе ја ескалираат ситуацијата, што создава проблеми за клубот пред важните натпревари, пишува Goal.com. Сè започна на тренинг Инцидентот се случи за време на тренингот на играчите кои не играа во саботното реми во лигата (1:1) против Палмеирас. Нејмар наводно реагирал бурно откако 18-годишен соиграч го дриблал и го сопнал во напад на фрустрација. Избувнала жестока расправија, а другите соиграчи морале да интервенираат за да ја смират ситуацијата. Целиот случај кулминирал со испраќање официјално известување до раководството на клубот од страна на претставникот на Робињо Џуниор. Приватното извинување не е доволно Иако Нејмар приватно го контактирал младиот соиграч и неговата мајка за да се извини, од таборот на Робињо Џуниор велат дека тоа не е доволно. ESPN Brasil наведува дека инсистираат на официјално јавно извинување и бараат клубот да даде јасна и формална изјава за инцидентот. Раководството на Сантос наводно било изненадено од таквото барање, особено затоа што двајцата играчи имале очигледно пријателски разговор на тренингот во понеделник наутро. Правни последици и раскинување на договорот Официјалниот извештај предизвика шпекулации за иднината на Робињо Џуниор во клубот. Извори од ESPN сугерираат дека потегот би можел да биде обид за раскинување на договорот преку правни канали, иако неговите претставници жестоко го негираат ова. Како друга можност, се споменува позајмица со цел да му се дадат повеќе можности на младиот напаѓач да игра. Нејмар, од друга страна, нема намера јавно да го коментира случајот и покрај притисокот што доаѓа од спротивниот табор. Тимот се соочува со клучен тест Сантос сега мора брзо да се сврти кон спортските обврски, бидејќи овој вторник ќе се соочи со Депортиво Реколета во натпреварувањето CONMEBOL Судамерикана. Пред тренерот Куко е тешката задача да ја зачува хармонијата во соблекувалната среде медиумска бучава и потенцијални внатрешни поделби. Со оглед на зафатениот распоред, кој вклучува и натпревари против Ред Бул Брагантино и Коритиба, клубот ќе мора итно да ја реши ситуацијата за да не им оди сезоната во погрешна насока.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСипаниците го погодија овчарството – сточарите бараат итни меркиОколу 2.700 грла овци досега се уништени поради појава на сипаници кај малите преживари. Од Сојузот на одгледувачи на овци по вчерашната средба со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство кажаа дека побарале итно разгледување на можноста за вакцинација, побрза реакција на терен, но и повисоко обештетување на сточарите. Предупредуваат дека ширењето на болеста може сериозно да го загрози сточарството во земјаа, додека од АХВ најавија дополнителни состаноци за разгледување на нивните барања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНовите царини на Трамп го брануваат светот, само за Србија нема царини од САД Новите американски царини што од полноќ стапија на сила за повеќе од 80 држави и трговски партнери предизвикаа бран реакции низ светот. Додека дел од земјите најавуваат интензивирање на преговорите со Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп испрати нови остри пораки кон Европската Унија, обвинувајќи ја дека со години неправедно ги таргетира американските компании. Трамп ја обвини Европската Унија дека со казни кои се бројат во милијарди против технолошките гиганти Ејпл, Мета, Амазон и Гугул спроведува, како што рече, нелегална и дискриминаторска политика. Најави дека Брисел ќе плател „значителна цена“ и повторно се закани со високи царини за европските производи, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави повеќе нема да бидат, како што рече, „касичка за Европа“. -Во земјата влегуваат млијарди долари благодарение на царините. Мислам дека победата на изборите на 5 ноември имаше влијание, но, најповеќе мислам дека царините се главната причина поради која денес имаме 19,2 трилиони долари инвестиции во земјава. Без царините ќе бевме во сериозна неволја – изјави Трамп. Во регионот, најголемо внимание предизвика одлуката Србија привремено да биде изземена од американските царини. Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека, додека траат разговорите со Вашингтон, царините за српските производи ќе бидат нула проценти За разлика од повеќе од 80 земји погодени со новите мерки, Македонија не е опфатена со новиот пакет американски царини. Македонските производи ќе продолжат да се извезуваат според редовниот американски царински режим, а за голем број производи тоа значи царинска стапка од нула проценти. Земјава не е засегната од новите царини, што според економските оценки им овозможува на домашните извозници да ја задржат својата конкурентска позиција на американскиот пазар, но доколку мерката не потрае долго. -Индиректните ефекти би можеле да се почувствуваат и во македонската економија доколку трговската војна дополнително се продлабочи – изјави Миновски. Новите американски царини отворија ново поглавје во глобалните трговски односи, со различни последици и реакции кај погодените земји особено оние во ЕУ. Додека дел од државите веќе бараат решение преку преговори со Вашингтон, исходот од трговските тензии меѓу најголемите светски економии по одлуката на Трамп ќе остане важен фактор и за домашната економија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПартиски препукувања за загадената вода во ГостиварПродолжуваат партиските препукуавња за загадената вода во Гостивар. Од опозициската СДСМ бараат политичка и кривична одговорност и од централната и од локалната власт, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека локалната власт во Гостивар со години е во раце на опозициските партии. Обвинуваат дека на СДСМ и ДУИ не им се важни граѓаните и дека го штитат градоначалникот Валбон Лимани. „Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето да пијат отровна вода а никој да не одговара од власта. 20 години ВМРО-ОКГ е коалиција со секоја локална власт во Гостивар. Дваесет години нивни луѓе потпишуваат, именуваат, одлучуваат, членуваат по Управни одбори на јавните претпријатија. Додека граѓаните на Гостивар пиеле со денови отровна вода, Центарот за јавно здравје а прогласил водата за исправна“ „Тие се локална власт во Гостивар. Власт се СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар.Ако им се важни граѓаните, како што знаат да повторуваат секојдевно нека го повикаат градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој е нивни кадар, да одговара, да поднесе оставка и слично. А тие што прават, молчат, што значи го штитат за труењето на населението во Гостивар и покажуваат дека поважен им е партискиот другар откоку граѓаните“ Меѓусебните партиски препукувања и фактот што дискусијата во политичкиот дискурс во последниот период се повеќе се сведува на теми кои во државата одамна требало да бидат надминати, според аналитичарот Арсовски е загрижувачки. За случајот со загадената вода во Гостивар, според него потребна е институционална одговорност и да се извлече поука за во иднина. „Тоа е недостаток на моќ за процесирање кај граѓаните и тоа се амалгамира во еден заеднички општ жабарник каде гласачите го складираат тоа незадоволство за понатаму. Ние видовме апсења во Комуналц но недоставува една институционална одговорснот. Да се идентификува каде затаил системот, што се случил и да се воведат механизми тоа да не се повтори. Таа лекција не ја научивме ниту ја напавивме со Кочани, некулкуте сообраќајни несреќи, не гледам дека сега ја правиме во Гостивар“ Арсовски додава дека партиската пинг понг коумикација, нема да им донесе поени на политичарите, туку напротив само ќе го зголеми незадоволството кај граѓаните и дека тоа ќе се прелее и избори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter