Роби Вилијамс признава: Користам ботокс и ја „поправив“ брадата!

На овие зафати се должи изгледот на пејачот кој денеска изгледа помлад од пред 5 години!

- Пополнив некои делови на лицето, користам ботокс, ја намалив брадата и не можам да го помрднам челото - призна Роби Вилијамс која ја примаше наградата „Музичка икона“ неделава во Лондон.

Сеште е ретко мажите да признаваат дека користат вакви третмани.

Дерматорлогот на славните, д-р Рос Пери, од козметичка клиника во Лондон, вели дека се поголем е бројот на мажи на нивната клиника.

- Се гледа дека Роби користи ботокс на челото и на лицето каде што имал брчки. И кожата му изгледа подобро што открива дека прави ласерски третмани. Се повеќе мажи користат ботокс, а сега откако некој славен како Роби тоа го призна - бројот на пациентите ќе се зголеми - вели д-р Рос.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 126.678 Пендаровски 51.965

На обработени 12% од избирачките места и 4,43% од гласачите во Македонија, Гордана Силјановска Давскова има огромно водство пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 126.678 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 51.965лица. Регистрирани се и 7555 неважечки ливчиња.

Ѓоковиќ ги охрабри навивачите: Очекувам да бидам во врвна форма на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ одржа прес конференција во Рим, каде ќе учествува на Мастерсот, што е негова последна подготовка пред Ролан Гарос.

Ноле истакна дека е задоволен од тоа како ги одработил тренинзите и очекува да биде во топ форма за Ролан Гарос, како и за Вимблдон и Олимписките игри потоа.

- На добар пат сум да бидам во топ форма на Ролан Гарос. Одработив добар тренинг, се надевам дека ќе играм подобро овде отколку во Монте Карло. Целта е да се оди што подалеку.

- Задоволен сум од тоа како поминаа последните 14 дена, со оглед на серијата на Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри, што е важен блок за мене... Но, тренинзите со спаринг-партнерите не е исто што и играњето против најдобрите играчи во светот. Мора да го вратам ритамот и интензитетот на натпреварувањето - истакна Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е слободен како прв носител, а во вториот носител ќе игра против победникот од мечот Роман Сафиуљин - Корентан Муте.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 68.65%, Пендаровски 27.28%

На 8% од обработените гласачки места во Македонија, Гордана Силјановска Давскова води со над 50.000 гласови разлика пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 86.688 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 34.450 лица. Регистрирани се и 5134 неважечки ливчиња.

притисни ентер