Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер
1Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер
ФудбалРобен: Бев подготвен да одам во Манчестер ЈунајтедАриен Робен откри дека бил подготвен да премине во Манчестер Јунајтед во 2004-та година, но никогаш не добил официјален предлог за тоа. Во тоа време, кога имал 19 години, Холанѓанецот патувал за средба со Сер Алекс Фергусон во базата на „црвените ѓаволи“ во Карингтон. Сѐ минало добро и Робен се вратил во Ајндховен верувајќи дека ќе го напушти ПСВ и ќе се приклучи на другата млада сензација - Кристијано Роналдо. Од Јунајтед, сепак, не се договориле за трансферната сума и зделката пропаднала. - Разговорот со Фергусон мина многу добро. Зборувавме за фудбалот и за животот. Ја обиколивме базата и се беше во ред. Кога се вратив во ПСВ, сепак, ништо не се случи. Во тоа време Ајндховен преговараше и со Челзи, па можеби тие понудиле повеќе пари, вели Робен за „4-4-2“. Разговарал и со Челзи и му се допаднале нивните планови. - Имавме средба и сè се случи многу брзо. Ако пред тоа од Манчестер ми понудеа договор, сигурно би одел кај нив. Тоа, сепак, не се случи, но и не жалам за тоа, додава тој. Робен премина на „Стемфорд Бриџ“ во 2004 за 12 милиони фунти и освои две титули, потоа беше продаден на Реал Мадрид. Јунајтед, пак, го купи Вејн Руни, кој потоа стана најдобар стрелец во историјата на тимот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотерКредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка. Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер. Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се! Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРубио: „Ќе беше полесно ако Трамп ги игнорираше Иранците“Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес изјави дека понатамошните воени дејствија на Соединетите Американски Држави (САД) против Иран не се неопходни, бидејќи економските последици што Вашингтон ги нанесе на земјата се веќе доволно сериозни.Во говорот пред Федералистичкото друштво, Рубио ја поддржа претходната проценка на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната е ефикасно завршена во воена смисла, објави АП. „Искрено, економската болка што му ја нанесуваме на тој режим во моментов е толку голема што нема потреба од воена акција, бидејќи веќе толку многу ги ослабнавме. Но, мислам дека вистинската победа е да се осигураме дека никогаш нема да добијат нуклеарно оружје“, рече Рубио. Државниот секретар на САД призна дека граѓаните на САД, исто така, ги почувствувале економските последици од овој конфликт, што доведе до зголемување на цените на горивата и ја погоди глобалната економија. Тој оцени дека за Трамп ќе беше полесно да ја игнорира заканата што ја претставува нуклеарната програма на Иран, да избегне непопуларна војна и „да му го остави тој проблем на следниот претседател“.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветПо неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) соопшти дека авиокомпаниите можат да ги продолжат летовите по прекинот на системот за контрола на летот низ целата земја што траеше неколку часа.Сепак, предупреди дека доцнењата и откажувањата ќе продолжат. Забраната за летови, која влијаеше на милиони Американци, беше укината во 20:15 часот по локално време, изјави американскиот министер за транспорт Шон Дафи. Long queue of planes waiting to take off from Chicago airport after nationwide flight suspension in the US https://t.co/k4acig2RQy — LIMON (@limondar0) November 14, 2026 Сепак, Дафи им рече на новинарите дека прекинот имал влијание и дека проблемите ќе траат со денови. „FAA“ соопшти дека „темелно ги тестирала“ своите системи за да потврди дека се стабилни и дека операциите остануваат сигурни пред да одобри продолжување на летовите. Сепак, околу 2.000 полетувања закажани за денес беа откажани, објави „CNN“. Повеќе од 7.700 летови во Соединетите Држави беа откажани вчера, додека повеќе од 8.000 беа одложени. Преетставници од администрацијата ја обвинија застарената технологија за прекинот и предупредија дека слични инциденти ќе се случат повторно додека системот не се модернизира. Air traffic across the United States has come to a standstill. A communications failure grounded flights for more than four hours, leaving thousands of flights canceled and airports packed with stranded passengers. It’s hard to believe an entire nation’s aviation system could be thrown into chaos like this… https://t.co/YwAqp9MAJ4 — NyanChuu🔮🇯🇵🍭 (@tanpukunokami) November 14, 2026 Домашните летови во Соединетите Американски Држави повторно добија дозвола за полетување откако федералните власти вчера воведоа неколкучасовна забрана за безбедност, предизвикана од прекин на телекомуникациите. На прес-конференција рано утрово, министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека се можни понатамошни прекини доколку системот не се надгради итно. Тој апелираше до Конгресот да го одобри потребното финансирање за модернизацијата и додаде дека враќањето во нормален сообраќај ќе биде бавно. Дафи рече дека ќе биде потребно време за да се смири хаосот во патувањето, бидејќи многу патници остануваат заглавени на аеродромите. Anger and frustration spread across US airports after a nationwide flight suspension left thousands stranded for hours. Long queues, cancellations and delays disrupted travel, with passengers struggling to find alternative arrangements. #UnitedStates #USAirports #Flight https://t.co/5V9BlWnfIt — Molitics Global (@Molitics_global) November 14, 2026 Проблемот е застарен систем Министерот за внатрешна безбедност Марквејн Малин претходно прецизираше дека прекинот е предизвикан од ажурирања на застарените системи извршени од „FAA“ и дека проблемот е предизвикан од „прекин на телекомуникациите“ и дека нема докази дека станува збор за кибернапад. Тој нагласи дека прекинот на летовите не е резултат на безбедносна закана за Соединетите Американски Држави. Некои патници седеле во авиони и чекале со часови на пистата бидејќи аеродромите немаат простор на портите за да им дозволат да се симнат. Ова е втор пат таква забрана за летови да се воведе во Соединетите Американски Држави, првата беше прогласена по терористичките напади од 11 септември 2001 година. Извор: Б92Тагови: летање САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook