РКЕ: Се зголемува цената на дизелот и екстра лесното

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на одлуката од 3.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,807%, кај дизелот за 3,614%, кај екстра лесното масло за 4,615% и кај мазутот зголемување е за 1,978%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,231%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Од 6.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 89,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,228 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Мисајловски - Агелер: Нашето стратешко партнерство ќе продолжи со засилен интензитет

На состанокот, меѓу другото, се разговарало и за актуелната безбедносна состојба во регионот и на Европскиот континент во насока на зачувување на безбедноста, стабилноста и мирот на граѓаните.

Благодарност за досегашната континуирана поддршка од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави за развој на нашата земја особено за развој на одбранбените капацитети, изразил министерот Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, новото одбранбено аташе полковник Даниел Сквајерс и потполковник Шон Руфоло, шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка, која се одржала во Министерството за одбрана.

-Заедно со нашиот стратешки партнер ја зацврстуваме националната, регионалната безбедност и колективната одбрана во Алијансата. Мирен и стабилен регион е од особена важност за прогрес на сите земји од Западен Балкан, а македонската Армија како докажан сојузник ќе продолжи активно да придонесува во операциите за поддршка на мирот, потенцирал министерот Мисајловски.

Тој посочил дека САД во изминатите 30 години активно придонесуваат за стабилен регион, а благодарение на програмите за обука, тренинг и стручно усовршување, како и поддршката за модернизација и опремување на Армијата, денес припадниците на Армијата даваат значаен придонес во рамки на командните структури на Алијансата и во мировните мисии предводени од НАТО, ЕУ и ООН.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за одбрана, од двете страни било искажано уверување дека одличната одбранбена соработка помеѓу двете земји ќе продолжи со засилен интензитет.

На состанокот, меѓу другото, се разговарало и за актуелната безбедносна состојба во регионот и на Европскиот континент во насока на зачувување на безбедноста, стабилноста и мирот на граѓаните, како и за претстојниот Самит на НАТО кој ќе се одржи наредниот месец во Вашингтон.

Тошковски – Ониди: Наша цел е членство во ЕУ преку исполнување на критериумите

„Наша цел е членство во ЕУ преку исполнување на критериумите и целосно владеење на правото“.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски коj присуствува на министерската конференција во рамки на „Салзбуршкиот форум“ во Австрија, денеска на маргините на конференцијата остварил средба со Оливер Ониди, заменик генералниот директор на Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи при Европската комисија.

Министерот Тошковски, како што соопшти МВР, на средбата истакнал дека нашата цел како држава е членство во ЕУ преку исполнување на сите критериуми и целосно владеење на правото.

Муцунски упати честитка до идниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа „X” упати честитки за постигнатиот консензус за назначувањето на Марк Руте за иден Генерален секретар на НАТО, соопшти МНР.

Во честитката, министерот Муцунски нагласи дека лидерството на идниот Генерален секретар ќе биде особено значајно, во контекст на безбедносните предизвици со кои се соочуваме. Воедно, изрази подготвеност за соработка во насока на зајакнување на НАТО Алијансата.

притисни ентер