РКЕ ќе носи нова одлука за цените на нафтените деривати

 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи нова одлука за цените на нафтентите деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ.

-Предусловите се исполнтеи. РКЕ ќе донесе одлука за нови цени на нафтените деривати што ќе бидат на сила од полноќ, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Со последната одлука на РКЕ, донесена во понеделникот, малопроджната цена на дизелот се зголеми за 1,5 денари за литар, а на мазутот за 0,503 денари за килограм, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство се намали за половина денар по литар. Цените на бензините, пак, останаа исти.

Со тоа ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) чини 95,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава за 95,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 98 денари, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) за 94 денари за литар, а мазутот по 53,343 денари за килограм.

САД: Мал авион се урна во Нешвил, нема преживеани(видео)

Неколку лица загинаа во градот Нешвил, во американската сојузна држава Тенеси, кога мал авион се урна во близина на автопат, соопшти полицијата.

Како што се наведува, едномоторниот авион синоќа се урнал на тревна површина во западниот дел на градот, а потоа избил пожар во авионот.

Според полицискиот извештај, во авионот имало неколку лица и се верува дека сите загинале, а точниот број на жртви засега не е утврден, изјави портпаролот на полицијата.

На автопатот нема повредени возачи, а на терен нема оштетени возила или објекти.

Управата на аеродромот во Нешвил соопшти дека Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната администрација за авијација на САД ќе спроведат истрага за инцидентот.

Димитријевиќ во симболичната петорка на колото во ВТБ лигата

ВТБ-лигата ја претстави својата идеална петорка за оваа недела. Во неа се најде и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Членот на УНИКС саботниот натпревар со Локомотив Кубан го заврши со 23 поени за 29 минути игра. УНИКС победи со 80:76.

Во петорката покрај Македонецот се и: Исаја Рис (Парма), Октавиус Елис (Уралмаш), Бојан Дубљевиќ (Зенит) и Џејмс Томпсон (Самара).

УНИКС Казан и ЦСКА Москва се на делба на првата позиција со 22 победи и шест порази.

НАТО - Индустриски ден во Македонија

Со членството на Македонија во НАТО се отвори можност за учество на македонските компании на НАТО-пазарот вреден околу 5 милијарди евра годишно. 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе го отвори НАТО - Индустрискиот ден во Македонија на кој ќе учествуваат високи претставници на двете агенции на Алијансата - НАТО Агенцијата за поддршка и набавки (NSPA) и НАТО Агенцијата за комуникации и информации (NCIA). Ќе учествуваат и претставници на стопанските комори, голем број македонски компании и претставници на академската заедница.

-Покрај министерката Петровска, на отворањето на Индустрискиот ден ќе се обратат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, генералната менаџерка на НАТО Агенцијата за поддршка и набавки, Стејси Камингс, и шефицата за набавки во НАТО Агенцијата за комуникации и информации, Џенифер Аптон, информира Министерството за одбрана.

Со членството на Македонија во НАТО се отвори можност за учество на македонските компании на НАТО-пазарот вреден околу 5 милијарди евра годишно. Со цел поддршка на компаниите во процесот на добивање на потребните сертификати за учество на тендерите на НАТО-пазарот, Министерството креираше Центар за поддршка на компаниите.

-Преку овој Центар се врши упис на економски оператори и се добива потврда за исполнетост на услови за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и земјите членки. Секоја година по членството во НАТО забележано е зголемување на интересот на македонските компании за упис во евиденцијата за економски оператори. Ако во 2021 година се впишани осум компании, а во 2022 – 11, минатата 2023 година 21 компанија биле внесени во оваа евиденција, а само во првите два месеца годинава бројот на компании е четири. Вкупно досега во евиденцијата на економски оператори впишани се 44 компании, соопшти Министерството за одбрана.

притисни ентер