РКЕ: Грејната сезона започнува на 15 октомври - Канал 5

РКЕ: Грејната сезона започнува на 15 октомври

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека  грејната сезона започнува на 15 октомври 2026 и завршува на 15 април 2027 година.

РКЕ: Грејната сезона започнува на 15 октомври

Грејната сезона може да почне и порано, од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април, во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

РКЕ ги потсетува заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема полициска акција во Прилеп

Голема полициска операција се спроведува од рано утрово во Прилеп и околината, при што се вршат претреси и проверки на околу 30 локации, засега нема официјални информации за акцијата.

Голема полициска акција во Прилеп

Засега е познато дека на терен се распоредени специјални единици и униформирана полиција, а акцијата ја спроведува МВР преку Бирото за јавна безедност.

Операцијата е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура. Истрагата е поврзана со сомневања за активности поврзани со наркотици. Под лупа, наводно, се и лица од полициските структури за кои постојат сомневања за можна поврзаност со лица или активности што се предмет на истрагата.

Од МВР за повеќе детали најавија во текот на денот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка-Прашајте пред да напипате нешто

Во текот на розовиот октомври, ПЗУ Центарот за дојка нуди бесплатно советување за здравјето на дојките, наменето за сите жени и млади девојки што сакаат стручни информации и совети.

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка-Прашајте пред да напипате нешто

Секој петок од 13.30 до 14.30 часот, жените ќе можат да разговараат со лекарите и медицинскиот персонал за превенцијата, правилниот самопреглед, препознавањето на промените и редовните прегледи.

Сакаме на жените да им овозможиме простор за отворен разговор, каде што ќе добијат точни информации и стручен совет. Розовиот октомври има важна улога во подигнување на свесноста за ракот на дојка, но грижата за здравјето не смее да биде обврска еднаш годишно. Затоа, сега прашајте, не чекајте да напипате нешто за да побарате преглед, велат од Центар за дојка.

Советувалиштето има превентивен и едукативен карактер и не е наменето за пациентки со веќе поставена дијагноза.

За посета на советувалиштето, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02 3060 840.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпретседателот на Собрание Милошоски се обрати на регионална конференција за спречување на корупцијата

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, се обрати на отворањето на Регионалната конференција за спречување на корупцијата и проценка на корупциските ризици во Западен Балкан, која се одржува во Скопје.

Потпретседателот на Собрание Милошоски се обрати на регионална конференција за спречување на корупцијата

Конференцијата ги обединува претставниците на надлежните институции од регионот и меѓународните партнери во разговор за унапредување на интегритетот и заштита на јавниот интерес.

Во обраќањето Милошоски истакна дека спречувањето на корупцијата бара ризиците да се препознаваат навреме, а наодите на надлежните институции да водат до конкретни мерки. Особено ја нагласи важноста на транспарентното трошење на јавните средства, следењето на ревизорските препораки и препознавањето на ризиците во јавните набавки.

Осврнувајќи се на улогата на Собранието, потпретседателот посочи дека соработката со Државниот завод за ревизија е важна за парламентарниот надзор. Тој потсети дека двете институции во 2022 година склучиле Меморандум за соработка, кој предвидува размена на информации и разгледување на ревизорските наоди во Собранието.

Милошоски се осврна и на Предлог-законот за државната ревизија, кој е во собраниска постапка. Со предложените решенија се предвидува засилување на соработката со Собранието, поголема транспарентност на конечните ревизорски извештаи и подобро следење на спроведувањето на ревизорските препораки.

На крајот, Милошоски порача дека размената на искуства меѓу земјите од Западен Балкан треба да придонесе за поуспешно препознавање на корупциските ризици и за доследна примена на препораките во интерес на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер