РКЕ го достави до Собранието Годишниот извештај за 2019 година

 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) согласно пропишаниот рок во Законот за енергетика (30 април) го достави Годишниот извештај за 2019 година до Собранието. 

Во извештајот, како што велат од РКЕ, детално по сектори се прикажани преземените активности и резултати. Извештајот е објавен на интернет страницата на РКЕ https://erc.org.mk/odluki/RKE%20GI_2019-final.pdf.

-Во однос на пазарот на електрична енергија значајно е што минатата година во целост се либерализираше, со што сите потрошувачи вклучувајќи ги и домаќинствата се стекнаа со правото да изберат свој снабдувач. Во 2019 година се воведе за прв пат Универзалниот снабдувач на електрична енергија кој се покажа како успешен модел кој ја гарантира најдобрата цена за малите потрошувачи и домаќинствата, велат од РКЕ.

Претседателот Марко Бислимоски, сумирајќи ги активностите презентирани во Годишниот извештај за 2019 година посочи дека фокусот е насочен кон сигурна и стабилна испорака на енергија, енергенси и вода до потрошувачите. Во текот на минатата година, посочи, се одржани 170 главни седници и донесени повеќе од 30 подзаконски акти во коишто се имплементирани обврските од Третиот енергетски пакет за внатрешен пазар на енергија на Европската Унија.

-Резултатите од преземените активности во 2019 година ни го донесе признанието за најдобро регулаторно тело од земјите членки на Енергетската заедница, втора година по ред. Значајно е да се напомена во однос на пресекот на 2019 година е дека цената на електричната енергија за домаќинствата остана стабилна, а граѓаните продолжија да го користат дневниот период на евтина тарифа, поради што добиваа пониски сметки за електрична енергија во просек за 5 отсто. Либерализацијата на пазарот на електрична енергија донесе пониски трошоците и до 30 отсто за дел од компаниите. Со новите мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија се намалија трошоците за приклучување на електродистрибутивната мрежа од 500 на 370 евра. Намалена е и цената за услугата за повторно приклучување неколкукратно. Од 500 на 200 евра го намаливме надоместокот за одвојување на мерно место, истакна Бислимоски.

Минатата година, како што посочи, за 16 отсто е зголемена потрошувачката на природен гас во споредба со 2018 година. Цената на пазарот на мало во овој период не бележи промени. Во исто време е регистриран и раст од 4 отсто на бројот на приклучени потрошувачи кон системот за топлинска енергија, а сметките се намелени во просека за 5,71 отсто како резултат на намаленото ДДВ за топлинска енергија од 18 на 5 отсто. Регулаторната комисија за енергетика донесе нови Правила за снабдување со топлинска енергија во кои домаќинствата исклучени од системот за парно греење повеќе немаат обврска да плаќаат фиксен надоместок за услугата која не ја користат.

-Првпат по 20 години од примената на Методологијата за утврдување на највисоки цени на одделни нафтени деривати, дефинирана во Анексот Д од купопродажниот договор за акции и концесии за рафинеријата ОКТА, почна да се применува нова методологија со којшто се воведе нов и егзактен пристап во формирањето на малопродажните цени на одделните нафтени во Република Македонија, нагласи Бислимоски.

Нивото на неприходувана вода во цела држава, додаде, е намалено за 3 отсто споредено со 2018 година. Четиринаесет давателите на водни услуги на подрачја со под 10.000 еквивалент жители првпат започнаа со примена на тарифи утврдени од страна на Регулаторната комисија за енергетика, додека за останатите во тек беше втора година од првиот регулиран период.

Со техничка поддршка од USAID и NARUC, како што кажа, креирана е интернет платформата за споредба на цени на електрична енергија Switch.mk со тоа земјава стана првата држава во рамки на Енергетската заедница која воведе ваква функционална алатка.

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Израелската војска ги повика жителите на источниот дел на Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, да се евакуираат во „проширена хуманитарна област“, пред можна офанзива.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утрово соопштија дека ги „охрабруваат“ жителите на источниот дел на Рафа да се преселат во проширена хуманитарна област во бегалскиот камп Ал-Маваси, на Средоземното Море недалеку од границата со Египет.

- Во согласност со одобрението на владата, тековната проценка на ситуацијата ќе го води постепеното движење на цивилите во наведените области, до хуманитарните области, се вели во објава на ИДФ на социјални мрежи, пренесува ДПА.

ИДФ ја окарактеризира евакуацијата како „привремена“, додавајќи дека повиците за преместување ќе се „пренесат преку постери, СМС пораки, телефонски повици и медиумски преноси на арапски јазик“.

„ИДФ ќе продолжи да го гони Хамас насекаде во Газа додека сите заложници што ги држат во заробеништво не се вратат дома“, се нагласува во објавата.

Во друга објава ИДФ им порача на жителите на Газа дека „ќе продолжи да се бори против терористичките организации кои ве користат како жив штит“.

Индиректните преговори меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас во Каиро изминатиот викенд за нов прекин на огнот во војната во Газа и ослободување на заложниците во замена за палестинските затвореници не дадоа никакви резултати.

Израел сака да ја искористи воената операција во Рафа за да ги разбие преостанатите баталјони на Хамас. Заложниците заробени за време на терористичките напади на 7 октомври кои го предизвикаа конфликтот, исто така, се верува дека се чуваат во градот на границата со Египет.

Израелските сојузници, вклучително и САД, ја повикуваат владата во Тел Авив да не спроведува таква операција во Рафа, каде стотици илјади внатрешно раселени лица се засолниле од борбите во други места во Појасот Газа.

Прва победа за Норис во трка од шампионатот во Формула 1

 Возачот на Мекларен, Ландо Норис синоќа победи на трката од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Мајами.

Дваесет и четиригодишниот Британец првпат во кариерата заврши на највисокото место на подиумот.

Второто место му припадна на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен со заостанување од 7,612 секунди, а првата тројка ја комплетираше Шарл Леклер од Ферари со 9,92 секунди побавно време од победникот.

Актуелниот шампион, Верстапен по втор пат оваа сезона не заврши на првото место.

Најдобриот пласман во кариерата на Норис пред оваа трка беа петте втори места.

Во Топ 10 на трката во Мајами се најдоа и: Карлос Сајнц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).

Во Генералниот пласман лидер е Верстапен со 136 бода, пред Перез кој има 103, трет е Леклер со 98, Норис и Сајнц имаат по 83.

Сончево со јужен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. 

Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат до 26 степени.

Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Потоа условите за нестабилно време ќе се намалуваат.

притисни ентер