РКЕ дигитално се поврзува со Управен суд, се поедностават и забрзаат постапките - Канал 5

РКЕ дигитално се поврзува со Управен суд, се поедностават и забрзаат постапките

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Управниот суд ќе се поврзат дигитално преку софтверската платформа ЕПУС. 

РКЕ дигитално се поврзува со Управен суд, се поедностават и забрзаат постапките

Ова е предвидено во Меморандумот за соработка што го потпишаа претседателот на РКЕ, Ацо Ристов и в.д. претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини.

Софтверската платформа, како што велат од РКЕ, е креирана за да обезбеди брза, безбедна и ефикасна електронска комуникација со навремена размена на акти и списи потребни во постапките по управните спорови.

-Поведувањето на управен спор е една од низата на алатки што им стои на располагање на потрошувачите кои се незадоволни од конкретна одлука на РКЕ. Со потпишувањето на меморандумот и воспоставувањето на електронска комуникација помеѓу РКЕ и Управниот суд во пракса ќе се поедностават и забрзаат постапките, што ќе доведе до побрзо и поекономично постапување и ќе се воспостави ефективен систем на електронска размена на документи меѓу двете институции- изјави претседателот на РКЕ Ристов.

Нагласи дека процесот на имплементација се одвива паралелно со потпишувањето, во неколку етапи: обезбедување на технички предуслови, тестирање и постепено воведување во редовна употреба.

-Придобивките од оваа платформа се повеќекратни – зголемена ефикасност во постапувањето, намалување на административните трошоци, подобра координација меѓу двете институции, како и повисоко ниво на транспарентност и сигурност во размената на податоци. Оваа платформа веќе ја користат 72 физички и правни лица, што претставува јасен показател за практичната применливост на процесот на дигитализација на управното судство. Управниот суд во изминатиот период има склучени вкупно 17 меморандуми за соработка со јавни органи и единици на локалната самоуправа- изјави в.д. претседателот на Управен суд Сејдини.

Согласно последните податоци на РКЕ од вкупно поднесени 70 тужби пред Управниот суд во 2025 година, 42 се отфрлени или одбиени како неосновани, две тужби се усвоени, а за останатите 26 управни спорови постапките продолжуваат во оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Послените пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда.

СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Додека Европската Унија на таканаречениот „супер вторник“ отвора нови кластери и поглавја со земјите кандидати, Македонија повторно останува надвор од европскиот пат.

Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика.

Ова е директна последица на однапред смислените политики на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

Наместо напредок, Македонија денес е заглавена, заложник на лажните ветувања на Мицкоски, неспособноста за државна политика и криминал.

Оваа политичка изолација што ја направи Мицкоски има и сериозни економски последици.

Додека земјите што напредуваат кон Европската Унија добиваат милијарди евра неповратна европска поддршка за развој, Македонија се задолжува со нови милијарди евра кредити, а граѓаните живеат со сè пониски плати, пад на инвестициите и сè послаба економија.

Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, Хравтска досега има добиено 30 милијарди евра.

Toa се пари за подобро образование, здравство, поддршка за земјоделците, силна економија и подобар животен стандард.

Со блокада на европската иднина, Македонија ризикува да остане последна во регионот поради интересите на една криминална група која се плаши од правда и од Европа.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ

Трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз.

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ

Единствената коалција која функционира е Левица, СДС и ДУИ кои се обединети за блокада на изборниот законик, поради страв од избори си подготвуваат предвреме алиби.

Наместо да поддржат закон кој ги вградува препораките и го подобрува изборниот процес, тие свесно ја кочат постапката и бараат нови изговори.

На јавноста и е јасно дека ова не е борба за подобар Изборен законик, туку обид однапред да се создаде алиби за изборниот пораз што ги очекува.

Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти.

СДС ќе бара оправдувања, Левица ќе измислува нови конструкции, а ДУИ ќе продолжи да бега од одговорност.

Но фактите се јасни, трите партии не сакаат реформи и токму тие се виновни што новиот Изборен законик се уште не е донесен.

На Македонија и се неопходни функционални институции и фер изборен процес, а не опструкции мотивирани од теснопартиските интереси на СДС, ДУИ и Левица.

Македонија е признаена како лидер во Реформската агенда а тоа што не се носи новиот изборен законик е вина на СДС, Левица и ДУИ.

Граѓаните ги гледаат овие политичките манипулации и калкулирања и токму затоа на следните избори ќе ги казнат овие партии на кои не им се важни граѓаните туку личните лукративни цели.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,

сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер