РакометРК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден Раководството на РК Вардар одлучи 65 роденден на клубот да го прослави в четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плејоф натпреварот од Супер лигата со Алкалоид ќе настапат со ретро дресови.Покрај ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар, од клубот подготвуваат уште многу изненадувања за прославата на нивниот јубилеј. Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано (околу 16:30 часот) на платото пред салата ќе има организирана фан-зона наменета за сите посетители. - Ве покануваме да дојдете и да уживате во забавата која воедно ќе биде увертира за спектаклот кој следува. Неизмерна е нашата, а веруваме и вашата радост како навивачи, што по децениите на заедничка борба за клубот, ја имаме честа да го одбележиме овој важен датум од историјата на клубот! Ви благодариме што секогаш сте биле тука за клубот и што никогаш не сте ни го свртеле грбот. Ви благодариме за поддршката и за сите заеднички спомени, кои во четврток ќе ги прославиме онака како што доликува и како што го правевме 65 години - Заедно! Кон крајот на јубилејната година најавуваме и документарец, посветен токму на РК Вардар, на сите генерации кои го граделе и бранеле неговото име, на легендите, играчите, тренерите и навивачите кои оставиле неизбришлива трага во историјата на клубот, стои во повикот на РК Вардар. „Црвено-црните“ се на добар пат да ја освојат и шампионската титула, откако вчера го освоија трофејот во Купот на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Во Чаир законите не важат – со амин на ВМРО, ВЛЕН без Бадентер менува имиња на улициВажат ли законите во општина Чаир? Очигледно не!Се уште не се решени огромните скандали со дивоградбите, досега никој не одговараше. Коалициските партнери ВМРО и ВЛЕН се штитат меѓусебно. Последниот скандал е со амин на ВРМО, нивниот коалицискиот партнер ВЛЕН, во Советот на Општина Чаир ги промени имињата на две улици без Бадентерово мнозинство. Грубо е прекршен механизмот за една од клучните гаранции на Охридскиот договор за носење одлуки за прашања што ги засегаат меѓуетничките односи, во овој случај Македонците. Улиците се именувани по припадници на УЧК. Носење на вакви одлуки може да создаде меѓутнички тензии и да ја поткопа довербата кај граѓаните – Македонци. Очигледно коалицијата на власт намерно сака да создаде меѓуетнички тензии во општина која важи за толерантна и каде луѓето се почитуваат меѓу. Само за да ги покријат своите скандали. Лажниот патриотизам на ВМРО се гледа насекаде и создава проблеми на секое ниво. Се е лага кај ВМРО. Со лаги и манипулации дојдоа на власт, така и владеат. Ги штитат своите функционери и нивните коалициски партнери од одговорност за дивоградбите а ги газат механизмите што ја штитат државата и меѓуетничките односи. Граѓаните веќе јасно гледаат дека за ВМРО и ВЛЕН законите не важат, ги интересораат само бизнисите, тендери и привилегиите. СДСМ бара повлекување на оваа незаконска одлука веднаш. Законот мора да важи за секого и насекаде. Кети Штерјова-Советничка од СДСМ во Советот на Град Скопје Тагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаНиколоски: Градиме бројни капитални проекти во ОхридНиколоски на увид во инфраструктурни проекти во Охрид.Многу капитални проекти во Охрид - објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во инфраструктурни проекти во Охрид. Во својата објава Николоски напиша: "Денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков направивме увид на неколку големи капитални проекти. Ја посетивме улицата Кленоец која целосно се реконструира со поддршка на Министерството за транспорт. Се изврши реконструкција на атмосферска и фекална канализација како и асфалтирање на улицата. Оваа улица претставува една од главните артерии за поврзување на овој дел од градот. Го посетивме новиот објект на училиштето Кочо Рацин и Младинскиот центар во склоп на истото. Оваа функционална целина е од огромно значење за младите и сите жители од овој дел на Охрид. Заедно со министерката за образование Весна Јаневска направивме увид во активностите во охридската гимназија, репрезентативен објект на градот. Многу проекти и многу инвестиции во Охрид" -објави заменик претседателот на Владата, Николоски Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во ОхридМинистерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на државниот студентски дом „Никола Карев“. Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, при денешната посета на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, каде заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, и градоначалникот Кирил Пецаков извршија увид во градежните активности за реконструкција на кровот и замена на столаријата во училиштето. Проектот го реализира општина Охрид и е вреден над 50 милиони денари. „Честитки до локалната самоуправа за оваа значајна инвестиција, со која конечно ќе се надминат долгогодишните проблеми во гимназијата. Ќе нема повеќе протекување на кровот, студени училници во зима или неподнослива жештина во лето. Учениците и наставниците ќе добијат многу подобри услови за работа и учење“, рече Јаневска. Информираше дека за темелната реконструкција и опремување на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ се вложени над 120 милиони денари. Дополнително, со 19,5 милиони денари се обновени кабинетите и работилниците за практична настава во електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“. Следниот капитален проект, како што информираше Јаневска, е целосната реконструкција на студентскиот дом „Никола Карев“, инвестиција вредна околу 200 милиони денари. „Студентскиот дом ќе биде целосно обновен, енергетски ефикасен и современо опремен, со услови какви што заслужуваат студентите. Очекувам и ново, одговорно раководство кое успешно ќе управува со установата и нема да создава непотребни долгови“, изјави Јаневска. Министерката посочи дека вкупниот инвестициски циклус на Министерството за образование и наука во Охрид изнесува околу 340 милиони денари, односно 5,5 милиони евра. „Вакви инвестиции во образованието во минатото не се реализирале. Продолжуваме со уште поголема грижа за учениците, студентите, наставниците и сите вработени во образовните установи. Имаме јасна обврска да го модернизираме образовниот систем и посветено работиме на достигнување на европските образовни стандарди“, порача Јаневска. Министерство за образование и наукаТагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38