РакометРК Вардар домаќин на првиот Супер Куп на МакедонијаАктуелниот шампион на Македонија и куп победник Вардар во ко-организација со Ракометната федерација на Македонија во вторник во 17 часот во салата во СЦ „Јане Сандански" ќе биде домаќин на првиот Супер куп.Противник ќе му биде екипата на Еурофарм Работник од Битола, финалист во последното издание на Купот на Македонија. Од оваа сезона и во македонскиот ракомет ќе се игра Супер куп на двата тима што ги освоија трофеите. Но, бидејќи Вардар е освојувач на двојната круна, во првенството и Купот, наш ривал ќе му биде финалистот од Купот. Во иднина Супер купот треба да стане традиција и да се игра пред почетокот на новата сезона во домашното првенство. А тоа во Македонија почнува следниот викенд. Вардар не учествува во првиот дел од првенството бидејќи настапува во регионалната СЕХА лига. За Вардар овој ревијален натпревар ќе биде последна проверка пред гостувањето во Полска кај тимот на Висла Плоцк во рамките од првото коло на групната фаза од Лигата на шампионите./МИА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТурција би можело да организира предвремени избори за Ердоган повторно да се кандидира Турција веројатно ќе одржи избори порано од првично закажаното во мај 2028 година, потег што ќе му овозможи на претседателот Таип Ердоган да ги заобиколи уставните ограничувања и повторно да се кандидира. Ова го изјави неговиот советник Мехмет Уџум, објави Ројтерс. „Речиси е сигурно дека изборите во 2028 година ќе се одржат во март или април“, изјави Уџум за новинарите во Анкара. Иако не зборуваше директно за плановите на претседателот, неговата изјава е најјасна јавна поддршка досега од висок функционер за идејата на сојузниците на Ердоган да го поместат датумот на изборите за да обезбедат нов мандат. Реџеп Таип Ердоган е на власт во Турција речиси 23 години, прво како премиер, а потоа како претседател. Референдумот од 2017 година го воведе извршниот претседателски систем, што му овозможи да биде реизбран во 2018 и 2023 година. Иако Уставот го ограничува претседателскиот мандат на два мандата, тој дозволува повторна кандидатура ако парламентот распише предвремени избори за време на вториот мандат на сегашниот претседател. Turkey floats earlier 2028 vote that would clear way for Erdogan to run again https://t.co/Lqg9nTw7JZ — The Straits Times (@straits_times) October 15, 2026 Ставовите на опозицијата и владејачката партија Турската опозиција е исто така за предвремени избори, но велат дека нивната цел е да ги оспорат економските политики на Ердоган, а не да му дозволат повторно да се кандидира. „За нас е неприфатливо целото прашање да се сведе на тоа како повторно да се избере Таип Ердоган за претседател“, изјави минатата недела лидерот на главната опозициска партија, Озгур Озел. Од друга страна, сојузникот на Ердоган, Девлет Бахчели, лидер на националистичката МХП, минатата недела го повика парламентот да распише избори во погодно време за да „може претседателот Ердоган повторно да се кандидира“. Потребно парламентарно мнозинство За распишување предвремени избори е потребно мнозинство од три петтини во парламентот, или 360 од 600 членови на парламентот. Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган и нејзините сојузници моментално имаат 331 место. Тоа значи дека на владејачката коалиција ѝ недостасуваат 29 гласови за таа одлука, што може да претставува предизвик.Тагови: Ердоган турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУнијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитетиУнијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари.Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба, кадрови решенија, како и за понатамошното организациско и програмско јакнење на Унијата. На седницата едногласно беше усвоена Декларација за унапредување на активното учество на жените и јакнење на демократската култура во партијата и општеството, промовирана на 14 септември во рамки на настанот посветен на Меѓународниот ден на демократијата. Со истата се потврди определбата за поголема вклученост на жените во политичките процеси. Во однос на кадровските решенија и спроведените интервјуа за избор на нови претседателки на Општинските комитети на Унија на жени, Извршниот комитет ги избра следните претседателски: 1.Рената Томеска-Македонски Брод 2.Вера Велинова – Аеродром 3.Ленче Николовска – Кисела Вода 4.Виолета Блажевска – Сопиште 5.Диана Ристовска Додевски – Центар 6.Катерина Јакимовска – Карпош 7.Габриела Тодорчева-Сарај 8.Доце Павлова – Чаир 9.Каролина Насковска – Бутел 10.Маја Мисердовска – Чучер Сандево 11.Бранкица Дуковски – Ѓорче Петров 12.Марија Живачки – Куманово 13.Сузана Димковиќ – Старо Нагоричани 14.Марија Сотиров Пулковска – Пехчево 15.Андријана Илиевска Велковски – Делчево 16.Антигона Постоловска – Македонска Каменица 17.Елена Павлова – Виница 18.Снежана Хаџи Паунова – Кочани 19.Јадранка Симионова-Зрновце 20.Весна Митевска-Петровец 21.Светлана Слезенковска – Илинден 22.Тамара Јованова – Чешиново Облешево 23.Добрила Черќезова – Штип 24.Елизабета Стојанова-Карбинци 25.Фросина Ѓорѓиева – Свети Николе 26.Александра Наунова – Пробиштип 27.Емилија Јакимовска Ристовска-Крива Паланка 28.Биљана Николовска – Ранковце 29.Снежана Бошевска – Велес 30.Маријана Трајковска – Чашка 31.Јулија Тарабунова – Радовиш 32.Ивана Дујовска Атанасов – Конче 33.Пале Галева – Струмица 34.Анита Божинова – Босилово 35.Елена Шопчева – Богданци 36.Лилјана Арсова Митрова – Неготино 37.Марија Катарова – Демир Капија 38.Ѓурѓица Алексова – Кавадарци 39.Трајанка Ризова – Росоман 40.Андријана Челибитова – Прилеп 41.Светлана Аџиоска-Кривогаштани 42.Маргарита Груевска – Могила 43.Наташа Марковска – Битола 44.Менче Андрева Маркоска – Долнени 45.Маја Павловска-Ресен 46.Катерина Стојаноска – Охрид 47.Билјана Стефаноска – Дебарца 48.Радмила Мојсова Кикоска – Струга 49.Александра Велкоска – Вевчани 50.Елена Макаријоска Милеска – Демир Хисар 51.Цветанка Попоска – Маврово Ростуше 52.Санида Муслиоска – Дебар 53.Ружица Димитриеска – Гостивар 54.Александра Спироска – Тетово 55.Маја Зафироска – Брвеница 56.Валентина Марчевска – Јегуновце. 57.Емина Демеска – Студеничани 58.Џансу Рахман – Центар Жупа 59.Жаклина Богдановска – Шуто Оризари. Воедно, ја информираме јавноста дека за прв пат во рамки на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ се формира Унија на жени во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари. Ова е силен показател на огромниот потенцијал кој Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ континуирано го надградува. Во следниот период Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активна мобилизација и нови кадровски решенија и во преостанатите Општински комитети со цел спроведување на политики во интерес на граѓаните. За една повеќе!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСинот на Хали Бери ќе сведочи против неа Синот на Хали Бери и Оливие Мартинез, 13-годишниот Масео, ќе сведочи на суд како дел од нивната битка за старателство. Според најновите судски документи, сведочењето на тинејџерот ќе биде строго ограничено на една тема: заштитната наредба за семејно насилство поднесена од неговиот татко. Обвиненија за напад Оливие Мартинез (60) ја обвинува својата поранешна сопруга дека го нападнал момчето за време на расправија додека тој играл видео игра со виртуелна реалност. Според неговите тврдења, 60-годишната актерка се обидела да го задуши својот син држејќи ги рацете околу неговиот врат. Добитничката на Оскар силно ги отфрла сите обвинувања и тврди дека таа никогаш не го повредила детето. Рочиштето ќе се одржи во затворена судница, без присуство на јавноста. Мартинез бара старателство Целта на Мартинез на суд е јасна: Тој бара целосно старателство над Масео и забрана за пристап против неговата поранешна сопруга. Судот наложи дека за време на сведочењето на 13-годишникот, само родителите, нивните адвокати и судскиот персонал можат да бидат присутни во просторијата. Хали Бери се сомнева во веродостојноста на сведочењето на нејзиниот син. Во документите се наведува дека момчето има „личен интерес да го минимизира сопственото лошо однесување и да ја префрли одговорноста на другите“. Сепак, судот не ги прифати тие приговори, па Масео ќе има можност да го објасни наводниот инцидент. Страв од манипулација Актерката претходно се обиде да го спречи својот син да се појави на суд. Тој го обвинува Мартинез дека намерно го подготвувал Мејс да сведочи со недели и дека постојано разговарал со него за конфликтите меѓу родителите. Таа тврди дека нејзиниот поранешен сопруг со години го вклучува тинејџерот во проблеми со возрасни. Поради ова, вели таа, е принудена да воведе ред и правила, додека Мартинез игра „кул“ родител кој му дозволува на момчето голема слобода. Бери се плаши дека поради ова, нејзиниот син би можел да ја перцепира како „лош човек“, а неговиот татко како „добар човек“, и верува дека неговото сведочење би можело да биде одраз на перцепцијата што е создадена со текот на годините, а не точно сеќавање на одреден настан.Тагови: Хали Бери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00