Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
2Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
РакометРК Металург: Сите ракометари на дисциплинскаОткако ракометарите јавно го објавија својот став околу последните случувања во македонскиот ракометен шампион со официјално соопштение се огласи и раководството на РК Металург .Според првите луѓе на шампионот од Автокоманда сите случувања во клубот и не патувањето за Загреб на натпреварот од СЕХА лигата се задкулисни игри на дел од ракометарите кои се подржани и од надворешни структури. Раководството на Металург порачува дека против сите ракометари инволвирани во последните случувања ќе покрене соодветна дисциплинска постапка. Соопштението од РК Металург ви го пренесуваме во целост. Последните настани во РК Металург, конечно ги расветлија сите заткулисни игри што подолг период се случуваа во и околу клубот. Служејки се со лаги, подметнувања и добро смислени конструкции, мал дел од ракометарите, поддржани однадвор, конечно се одважија да го покажат вистинското лице. Криејќи се зад минатиот труд, божемната лојалност, посветеност и ,,професионализам“, заведувајќи го остатокот од тимот, идејните творци на вчерашниот ,,маневар“ извршија обид за подривање на угледот на македонскиот ракометен шампион. Металург името го градеше макотрпно под раководство на Г-дин Лино Червар кој во Скопје дојде токму со амбиција да создаде силен и успешен ракометен колектив. Врвниот светски тренер во концептот на Металург препозна можност за создавање силен професионалн тим но и создавање на млади ракометари кои веке полека излегуваат на големата сцена. Клубот се гордее со достигнувањата што беа и се под раководство на тренер кој имаа освоено се што може да се освои и е еден од малкумината во светот кој може да се пофали со постигнатото. Под негово раководство Металург освен што се посвети на создавање млади играчи, освои и 4 шампионски и 4 куп титули и стана хит во Европа со континуираното учество во завршницата на Лигата на Шампионите во последните четири сезони. Оттаму, навредливи се наводите на ,,професионалците“ кои ги уживаат сите привилегии и комфор откако се дојдени во клубот пред многу години, дека творецот на најголемите клупски успеси е одговорен за таканаречено уништување на ракометарите. Беше нападнат долго осмислуваниот концепт на Металург, кој даде неверојатни резултати на европско ниво, а се со цел бранење на сопствените интереси. Станува очигледно дека екстремниот егоизам на поединци во тимот е единствената причина за грубиот напад на македонското ракометно ткиво, бидејќи основната идеја за концептот по кој работи клубот е создавање на млади играчи кои се прозивод на долга и макотрпна селекција што се спроведува не само во Скопје туку во повеке школи ширум Македонија. Илузорно е да се тврди дека успесите на Металург се резултат само на ангажманот на неколкумина поединци кои сакаат да си ги припишат успесите себеси. Се разбира дека нема потреба да се потсетува дека ракометот е колективен спорт во кој се вклучени голем број актери. Несериозно е и навредливо, да се омаловажува и навредува стручњак како Лино Червар, кој со доаѓањето во Скопје го внесе клубот во извонредно успешна и блескава ера, и воспостави врвна работа во академијата на Металург што е основна база од каде што веке се регрутираат врвни ракометари што ги бранат боите на клубот но и на македонските репрезентации. Металург нема да дозволи да се минимизира работата на клубот со младите категории чии играчи по пауза од цела една деценија овозможија формирање на национални селекции што се претставија на големи европски натпреварувања. Лидерите на бесрамниот напад врз клубот, жестоко ги навредија и приврзаниците на клубот кои 4 сезони по ред ја полнеа ,,Борис Трајковски,, Арена во огромен број и сеуште имаат желба и во иднина да ја дадат својата безрезервна поддршка. Металург во изминатите сезони постави нови стандарди во однос на посетеноста на натпреварите во Лигата на Шампионите и за тоа им изразува голема благодарност на навивачите. Металург веке презеде решителни мерки за справување со ,,професионалците“ испраќајќи силна порака до сите дека никогаш и под никакви услови нема да дозволи да си поигруваат со името, интегритетот и кредибилитетот на клубот што и во иднина ќе остане посветен на својот зацртан план за работа и развој. Во исто време Металург ќе ги искористи сите механизми пропишани во статут на клубот за бескомпромисно разрешување на настанатата ситуација, односно со покренување на дисциплински постапки против сите инволвирани во последните настани. Металург ги уверува сите симпатизери и приврзаници дека клубот ќе продолжи да работи на највиско ниво и нема намера да отстапи од поставената цел да остварува врвни резултати на домашен и меѓународен план. Клубот ке остане посветен на својата работа и ќе продолжи да им подарува на навивачите блескави моменти како и досега. Пишува во соопштението од РК Металург.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноДошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела. Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто. Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден. Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател. После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта. Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен. Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата. Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош. На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција. Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот. View this post on Instagram A post shared by Agora Brasil (@agorabrasilnews) Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни. Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители. По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби. Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата. Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот. Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата. Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.Тагови: гробот погреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери. „Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп. Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје. „Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп. Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година. „Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV. Неочекуван пресврт Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето. „Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“ Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат. @chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis Разочарување на социјалните мрежи Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи. „Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата. Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“. @katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte Се обидоа да ги обештетат И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија. „Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“Тагови: Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter