РК Алкалоид: Огромна благодарност за поддршката, не по наша вина, финалето не се одигра - Канал 5

РК Алкалоид: Огромна благодарност за поддршката, не по наша вина, финалето не се одигра

Управата на Алкалоид преку соопштение им се заблагодари на сите присутни во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје кои синоќа дојдоа да гледаат ракомет, но натпревар немаше.

РК Алкалоид: Огромна благодарност за поддршката, не по наша вина, финалето не се одигра

Огромна благодарност за Вашата поддршка која ни ја дадовте во СЦ „Борис Трајковски“. Беше убаво да се видат полни трибини, како во еден глас навиваат за нашиот клуб и даваат поддршка. За жал, не по наша вина, финалниот натпревар со РК АЕК од Атина не се одигра поради тоа што противничкиот тим не сакаше да излезе на терен и да го одигра реваншот.

Нашиот клуб е во константна комуникација со ЕХФ за понатамошниот исход од дуелот и за него ќе бидете известени преку нашите официјални клупски гласила.

Уште еднаш, големо БЛАГОДАРИМЕ за сите што дојдовте во сала и му ја дадовте Вашата поддршка на РК Алкалоид! – стои во соопштението на Алкалоид.

Играчите на грчкиот клуб иако беа во салата и се загреваа пред натпреварот, одбија да го играат мечот со образложение дека нивните многумина нивни навивачи не биле пуштени да влезат во Македонија.

На првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскито куп, Алкалоид во Атина победи со 29:25.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД,.

Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, нарекувајќи го „сериозна грешка и пуста фантазија на советниците кои го влечат премиерот во погрешни одлуки“.

Министерот од крајна десница, кој е на социјалната мрежа X, тврдеше дека договорот ќе има спротивен ефект од предвидениот. „Хезболах само ќе стане посилен, а Израел, наместо да го порази, ќе го прифати неговото постоење“, напиша тој.

Во својата објава, тој исто така рече дека Израел мора да знае како да им се спротивстави на своите сојузници кога е потребно. „Има моменти кога дури и претседателот на Соединетите Американски Држави треба да знае како да каже „не“. Кога ние не знаеме, следниот пат ќе се соочиме со многу посилен и поопасен Хезболах“, додаде тој.

Бен-Гвир заклучи со доведување во прашање на спроведувањето на договорот, велејќи дека Хезболах не се повлекол јужно од реката Литани и изразувајќи сомнеж во способноста на либанската армија да го спроведе договорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција.

ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции.

Тоа е потврда дека Македонија чекори во вистинска насока и дека вложените напори даваат резултати.

Денес Македонија е препознаена како една од најуспешните земји во регионот во спроведувањето на реформските процеси. Особено значајно е што токму ресорите предводени од кадри на ЗНАМ се меѓу клучните носители на реформскиот напредок, институционалната модернизација и ефикасното спроведување на владините политики.

Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, предводени од министри на ЗНАМ, покажаа дека реформите не се само декларативна заложба, туку конкретна акција што носи мерливи резултати.

Со професионален пристап, одговорност и јасна визија, тие успеаја да реализираат политики кои ја зајакнуваат правната држава, ја модернизираат администрацијата и ги доближуваат институциите до европските стандарди.

Овие резултати денес се препознаени и од нашите европски партнери, што претставува дополнителен поттик за уште посилно темпо на реформи и развој.

Но едновремено, како што реформите и резултатите не смеат да бидат доведени во прашање, така не смеат да бидат доведени во прашање ниту македонското достоинство, идентитет и националните интереси.

Токму затоа заштитата на националното достоинство останува нашата црвена линија.

Остануваме доследни на ставот дека европската интеграција мора да биде процес заснован на вредности, критериуми и заслуги, а не процес на постојани билатерални условувања.

Македонија припаѓа во Европската Унија поради својата европска определба, својата култура, историја и вредности, но пред се заради реформите што ги спроведува и резултатите што ги постигнува.

Движењето ЗНАМ цврсто стои на позицијата дека членството во Европската Унија мора да биде резултат на исполнети критериуми и успешни реформи, а не на нови политички барања кои ги надминуваат европските принципи и стандарди.

Нашата поддршка за европската иднина на Македонија е недвосмислена, но исто така недвосмислена е и нашата определба дека нема да прифатиме политика на уцени, диктати и бесконечно поместување на целта.

Македонија останува посветена на европскиот пат, со крената глава и со самодоверба. Ќе продолжиме да спроведуваме реформи, да испорачуваме резултати и да ја градиме европската иднина на државата, но едновремено ќе останеме цврсти во одбраната на националното достоинство, кое за нас претставува непремостлива црвена линија.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи да биде двигател на реформите, чувар на националните интереси и силен глас за европска Македонија која напредува врз основа на сопствените успеси, а не под товарот на нови условувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Последниот кат од зградата е зафатен, пожарникарите се на пат!

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувнал во зградата на амбасадата на Пакистан во Белград, дознава српски Курир.

Како што може да се види од видеа објавени на социјалните мрежи, густ црн чад го покрил просторот.

Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица во инцидентот, ниту за евентуална материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер