Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор
2Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор
СветРјабков: За средба Путин – Трамп потребна е внимателна подготовка Рускиот замененик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека не се исполнети услови за средба помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп.- Самит од каков било вид бара темелна подготовка и внимателно разгледување на сите аспекти. До денеска, ниту првиот ниту вториот услов за организирање на овој состанок не се исполнети, посочи Рјабков. Тој додаде дека агенциите за надворешна политика се активно вклучени во сè што е поврзано со средбата. - Во оваа фаза, наш приоритет е да се осигураме дека рамката што претседателите ја формулираа, кога се сретнаа во Анкориџ, кон средината на август, е целосно конкретизирана, нагласи Рјабков.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
АвтомобилизамОштетил скап автомобил за време на пробно возење – мора да плати 17.000 долариКој плаќа за штетата на автомобилот настаната за време на пробно возење?Земањето автомобил на пробно возење не го прави потенцијалниот купувач вработен во автосалонот, но еден Канаѓанец се обиде да тврди токму спротивното откако оштети „Chevrolet Corvette C8“. Во 2024 година, Кирби Сјуел нарача нов „Corvette Stingray“ од автосалонот „Gardner Chevrolet-Buick-GMC“ во канадската провинција Британска Колумбија. За време на пробното возење, тој застанал на одморалиште за камиони за да го фотографира автомобилот. Сепак, при маневрирањето, тој удрил во бетонска пречка, оштетувајќи ја десната страна на возилото. По инцидентот, тој се откажал од купувањето, но одбил да плати за штетата. Тој тврдел дека, според законите на Британска Колумбија, за време на пробното возење тој всушност се третирал како вработен во автосалонот – што имплицира дека штетата треба да биде покриена од осигурувањето на автосалонот, пренесува „CarScoops“. Судот го отфрли неговото толкување на законот Автосалонот го тужеше Сјуел, а судот пресуди тој да плати 17.182 канадски долари. Судијата заклучи дека Законот за моторни возила не е наменет да ги заштити возачите од последиците на нивната сопствена невнимателност. Сјуел поднел жалба, но апелациониот суд ја потврди пресудата, оценувајќи дека неговото толкување на законот е спротивно на здравиот разум. Според медиумските извештаи, автосалонот на крајот потрошил околу 7.000 американски долари за поправка на возилото, а поради оштетувањето, подоцна морале да го продадат автомобилот по намалена цена од 82.000 американски долари. Фотографиите што ги направил Сјуел за време на застанувањето покажале дека тој имал доволно простор безбедно да маневрира без да удри во пречка. Овој случај служи како потсетник дека одговорноста за штетата настаната за време на пробно возење зависи од околностите на инцидентот, важечките прописи и условите на осигурувањето. Во одредени случаи, автосалоните може да побараат од возачот да учествува во покривањето на трошоците што не се опфатени со полисата за осигурување. Затоа, пред пробно возење, препорачливо е да се проверат условите за осигурување и да се разјасни кој сноси одговорност во случај на оштетување на возилото. Извор: Б92Тагови: автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акцијаВо период од 19 до 26 октомври, Општина Карпош и Град Скопје, спроведоа заедничка инспекциска акција на целата територија на Општината. Целта беше да се постигне комунален ред и хигиена на јавните површини, со примена на засилена контрола на терен од страна на комунални инспектори. Акцијата беше реализирана со полн капацитет на инспекциските служби од двете институции, а Општината беше поделена на пет реони од кој секој реон беше предмет на контрола во две смени. Во текот на вчерашниот ден, акцијата заврши со целосна контрола на територија на Бардовци и Злокуќани, каде што беше спроведено и чистење на јавни површини, диви депонии, а беа изречени и повеќе прекршочни платни налози. Во акцијата учествуваа вкупно 45 инспектори и комунални редари од двете институции и тоа: девет комунални инспектори, 17 комунални редари, еден градежен иснпектор, шест инспектори за животна средина, двајца инспектори за патишта, двајца инспектори за сообраќај, двајца инспектори за комунални такси, еден инспектор за данок, тројца инспектори за спорт и двајца инспектори за туризам, како и службата за одржување на хигиена на јавните површини од Општина Карпош. Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош. Во рамки на еднонеделната инспекциска акција, утврдени се низа неправилности: 1.Комунална инспекција – комунални инспектори: Извршени се 192 инспекциски надзори, донесени се 19 решенија за одстранување недостатоци, изречени се 34 опомени, изречени се 42 глоби за физички лица, изречени се 27 глоби за правни лица. 2.Инспекција за животна средина: Извршени се 90 инспекциски надзори, издадени се 15 покани за присуство на странка, донесени се 17 решенија за одстранување недостатоци, издадени се 32 опомени за правилно селектирање на отпад, изречена е една глоба. 3.Инспекција за туризам: Извршени се 15 инспекциски надзори, изречени се седум глоби, издадено е едно решение за одстранување недостатоци, изречени се две усни опомени. 4.Инспекција за спорт: Извршени се 21 инспекциски надзор, изречени се четири глоби, издадени се шест решенија за задолжување. 5.Комунална инспекција – комунални редари: Извршени се 231 надзор, изречени се 134 глоби. 6.Инспекција за патишта: Извршени се 39 инспекциски надзори. 7.Инспекција за комунални такси и данок на имот: Извршени се 41 инспекциски надзор. 8.Инспекција за сообраќај: Извршени се 80 инспекциски надзори, одземени се пет сообраќајни дозволи, издадени се пет решенија. 9.Градежна инспекција: Извршени се 29 инспекциски надзори, издадени се пет покани за присуство на странка, изречени се 15 усни опомени, по кои надзираните субјекти постапили веднаш. Општина Карпош и Град Скопје продолжуваат со засилено и координирано делување на терен и во наредниот период, а посебен акцент ќе се стави во УЗ Злокуќани. Локалната самоуправа апелира до своите граѓани и правни субјекти, да ги почитуваат законските обврски, како и правилно да го одлагаат и селектираат отпадот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамАвтомобил за вистинско уживањеНовата Opel Corsa Gse ја освои наградата „Carwow – автомобил на годината 2027“ Возбудлив спортски хечбек: Редакцијата на Carwow Германија ја прогласи новата Corsa GSE за „автомобил за вистинско уживање при возење“ за 2027 година. • Чиста електрична моќност: 207 kW (281 КС), вртежен момент од 345 Nm и забрзување од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди. • Дизајн што го забрзува пулсот: GSE-дизајн на предниот и задниот дел, 18“ фелни, високоперформансни сопирачки Alcon, спортски седишта и дигитални дисплеи, жолти безбедносни појаси и многу повеќе. Комбинирани вредности за Opel Corsa GSE според WLTP: Потрошувачка на енергија 16.0-17.0 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A Комбинирани вредности за Opel Mokka GSE според WLTP: Потрошувачка на енергија 18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A Спортски хечбек што го забрзува пулсот или едноставно кажано, вистински автомобил што овозможува уживање при возење! Токму таква е новата Opel Corsa GSE. Сега тоа е и официјално потврдено, независната редакција на Carwow Германија го награди новиот целосно електричен спортски автомобил со признанието „Carwow – автомобил на годината 2027“, прогласувајќи го за автомобил што овозможува вистинско уживање при возење. Corsa GSE уште еднаш докажа дека ги воодушевува и пошироката јавност и автомобилските експерти. Моќниот електричен модел неодамна ја имаше својата премиера на саемот за автомобили во Париз, каде што привлече огромно медиумско внимание за време на промотивниот настан по повод неговото претставување. Со освојувањето на наградата „Carwow – автомобил на годината 2027“, доделена од оваа влијателна онлајн-платформа за нови и половни автомобили, Corsa GSE, која веќе е достапна за нарачка, го освои и своето прво големо признание. „Новата Opel Corsa GSE ја продолжува традицијата на Opel за возбудливи спортски хечбек-модели и покажува колку забавно може да биде возењето целосно електричен автомобил. Најспортската верзија на нашиот најпродаван мал автомобил ги освојува симпатиите на љубителите на автомобили, експертите и купувачите. Наградата „Carwow – автомобил на годината“ е силна потврда за тоа. Пресреќни сме поради ова фантастично признание“, изјави Patrick Dinger, директор на Opel Германија. „Импресивни 281 КС, големи сопирачки со дијаметар од 355 милиметри и спортски седишта што обезбедуваат одлична потпора, Opel Corsa GSE ги има сите предуслови за вистинско уживање при возење. Благодарение на механичкиот диференцијал со ограничено пролизгување на предната оска, кој паметно ја распределува погонската сила, возењето низ свиоци со Corsa GSE е уште позабавно“, оценува жирито на Carwow Германија. Од 0 до 100 km/h за 5,5 секунди: ниту еден актуелен сериски модел на Opel не забрзува побрзо Новата Corsa GSE е вистински спортски хечбек, кој во целост го оправдува своето име. Кратенката GSE означува „Grand Sport Electric“, но може да се протолкува и како „goosebumps, speed and emotions“ (наежување, брзина и емоции). Како спортска изведба на најпопуларниот мал автомобил во Германија и Велика Британија, Corsa GSE овозможува сè што може да се посака од автомобил со високи перформанси. Со спуштена шасија, Torsen диференцијал со ограничено пролизгување, моќност од 207 kW (281 КС) и вртежен момент од 345 Nm, новиот модел располага со иста електрична моќност како и Mokka GSE. Сепак, Corsa GSE уште поубедливо ги демонстрира своите спортски способности. Од место до 100 km/h забрзува за само 5,5 секунди, со што станува најбрзиот модел во актуелната сериска понуда на Opel. На делниците од германските автопати без ограничување на брзината, возачите можат да забрзаат до максимални 180 km/h. Спортскиот карактер дополнително е нагласен со активниот спортски звук, развиен специјално за новата Corsa GSE. Неговата интензивност се менува во зависност од забрзувањето и брзината, правејќи ги перформансите звучно доживување и за возачот и за патниците. Новата Opel Corsa GSE уште на прв поглед го открива својот спортски карактер и високите перформанси. Како најмоќната сериска верзија на Corsa досега, таа се одликува со бројни специфични GSE детали, почнувајќи од предниот браник со уникатен дизајн и впечатливите црни декоративни елементи, па сè до задниот спојлер и спортските 18“ алуминиумски фелни. Спортскиот дух продолжува и во внатрешноста, каде што се издвојуваат спортските седишта со интегрирани потпирачи за глава и GSE логото. Истовремено, инженерите на Opel се погрижија целосно електричната Corsa GSE, и покрај својот спортски карактер, да ја задржи практичноста потребна при секојдневна употреба. Оваа Corsa не е само автомобил која овозможува вистинско уживање при возењето, туку и пријатен сопатник на подолги патувања, што го докажа и со патувањето од Сарагоса до Париз. Како и кај секоја електрична Corsa, и кај овој спортски модел волуменот на багажниот простор се движи од 267 до 1.042 литри. Стандардната опрема, која вклучува функција за греење на седиштата и управувачот, 180о камера за возење наназад, навигациски систем, адаптивен темпомат и систем за пристап и стартување без клуч, придонесува за поголема удобност и безбедност. Доколку возачите на Corsa GSE сакаат да напојуваат надворешни уреди, тоа можат да го направат со помош на енергијата од батеријата на возилото, благодарение на двонасочниот вграден полнач со функција V2L (Vehicle-to-Load). На овој начин, новата Corsa GSE го обединува најдоброто од двата света: возбудлив автомобил што овозможува вистинско уживање при возење, а истовремено без напор се справува со предизвиците на секојдневието. Оваа година се одржа петтото издание на наградите „Carwow – автомобил на годината“. Стручното жири ги оценуваше возилата во единаесет категории, при што беа земени предвид критериуми како што се цената, перформансите, дизајнот, ентериерот, одржливоста, ефикасноста, удобноста и практичноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook