Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево
1Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево
3Мицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат
Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
НБАРиверс за дебито во Милвоки: Генерално, повеќе од задоволен сумДок Риверс ги сумираше впечатоците од првиот натпревар на тренерското место во Милвоки.Бакс со нов селектор загубија од Денвер нагетс со резултат 107:113. - Нашата одбрана против позициониот напад на Нагетс беше одлична. Се боревме. Мислам дека го загубивме натпреварот во напад. Нема да кажам дека беа сосема лоши. Едноставно на моменти се претставувавме добро, а на моменти не. И ние мора да работиме на такви сегменти. Но, генерално, јас сум повеќе од задоволен. Им кажав на момците дека секој што вели дека не може да игра одбрана, лаже. Денеска го докажаа тоа. Се бореа на теренот. Знам дека нема да ни биде лесно уште некое време, особено со акциите во нападот. Го проучував нашиот напад 50 пати во последните два, седејќи и седејќи и гледајќи многу видеа, но сепак ќе биде потребно време да се командуваат со вистинските комбинации. Мора да имаме по неколку опции во нападот, рече Риверс. Тој во Милвоки бакс дојде на местото на Адријан Грифин кој доби отказ од раководството на клубот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНад 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и КичевоЗа мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации. Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираа деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување со грант“. За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година. Мерката „Самовработување - Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра. Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства. Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk. Јавните повици траат до 3 јули 2026 година.Тагови: ГРАНТОВИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка, опозицијата најавува блокадаИзборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка. Од владејачкото мнозинство велат дека очекуваат консензус, но од опозицијата најавија блокада. Пред собранието е Сандра Спасовска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мератВладата прави детална анализа на цените на прехрнабените производи по што ќе се знае дали и какви мерки ќе бидат применети со цел нивно намалување. Премиерот Христијан Мицкоски вели лично тој се занимавал со тоа прашање и во моментов работат на методоглоија на идентификување на оние 600 -7 00 произовди кои влијаат врз потрошувачката кошничка. Одговарајќи на новинарско прашање дали може да се очекува намалување на цените на храната, Мицкоски вели дека Владата темелно навлегува во проблематиката... Ова доаѓа откако пред една недела во владата се одржа средба со претставници на најголемите маркети во државата, а според најавите во деновите кои следат ќе има и средби со добавувачите и производителите. „Јас лично еве ви велам работам на методологија на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат и директно на нив ќе одиме ако треба фактура по фактура и еден по еден производ ќе ги анализираме каде можеме да покачиме и како така што ова е една темелна операција што лично ја водам и очекувам мнпогу скоро да имаме резултати кои ќе бидат видливи на терен. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада Од сојузот на стопански комори велат во однос на цените на хтранта најдобро е да се анализираат цените пред и по кризата за да се утврди дали и каде имало злоупотреби. Дополнително велат на сила е и законот за нефер трговски практики кој дпоред нив е најсоодветна алатка за утврдување нерегуларности. Во однос на цените на нафтените деривати од владата велат и по денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, македонските граѓните да точат бензин и гориво по најниски цени, споредбено со земјите од регионот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook