МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
1МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
2Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
3Контроверзниот Менди го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“
Шоу бизРита Ора во солзи не може да ја отпее песната што ја сними со Пејн!!!Музичката ѕвезда Рита Ора настапи во Јапонија, а за време на изведбата на песната што ја сними со починатиот пејач Лиам Пејн, заврши во солзи и не можеше да пее.Пејачката настапи по веста дека Пејн починал, а заедно со него сними дует за филмот „Fifty Shades Freed“. „Не можам да го пеам ова во моментов“, рече Ора за време на изведбата на „За тебе“ додека во позадина беше прикажана фотографија од неа и Лиам. Пред тоа, пејачката се огласи на социјалните мрежи за да се збогува со пејачот. „Уништена сум. Имаше најпрекрасна душа, никогаш нема да го заборавам. Многу сакав да работам со него, беше вистинско задоволство да се биде со него на сцената но и надвор од неа. Оваа трагична вест ми го скрши срцето. Нашата песна „За тебе“ сега добива сосема ново значење за мене“, напиша Ора. For You (With Rita Ora) リアム・ペイン,リタ・オラ 先程終わった大阪公演 の映像を拾う。 悲しみの中ほとんど歌えなかったみたい。@RitaOra @LiamPayne @liampaynejp 本日の大阪公演 #リタオラ はこの曲を歌えるのか? 追悼の言葉とか思い出話はあるのか? #RITAORA #ritaora pic.twitter.com/b58a71caYu — 肉 Jason 24 (@nikuniku2424241) October 17, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЌерката на Том Круз официјално го промени своето презимеСури Круз (20), ќерката на познатиот американски актер Том Круз и актерката Кејти Холмс, официјално го променила своето презиме во Ноел – средното име на нејзината мајка. Ова го покажуваат јавните евиденции на регистрирани гласачи во Пенсилванија, каде што Сури моментално студира на Универзитетот „Карнеги Мелон“, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Таа се регистрирала во округот Алегени како Сури Ноел; медиумот напоменува дека, според законот, жителите мора да ги користат своите законски имиња при регистрацијата за гласање. Исто така, се наведува дека Сури – која наскоро ќе настапи во претстава по дело на Шекспир на универзитетот – не поднела барање за промена на името во округот Алегени. Ова сугерира дека таа можеби тоа го сторила во Њујорк, каде што живеела со мајка си пред да започне со студиите. Сури нема контакт со својот татко уште од разводот на нејзините родители во 2012 година; информациите за промената на нејзиното презиме првпат се појавија во 2024 година, за време на нејзиното матурирање, кога таа не го користела неговото презиме. Том Круз и Кејти Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури се пресели во Њујорк со својата мајка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваХрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка Мисицата, Ема Хелена Вичар, на 8 август заминува за Виетнам за да ја претставува Хрватска на 73-тиот избор за „Мис на светот“ (Miss World), еден од најпрестижните светски избори за убавина. Натпреварот се одржува од 9 август до 5 септември и ќе собере околу 130 натпреварувачки од целиот свет. Покрај самиот избор за убавина, во последните децении „Мис на светот“ се фокусира на хуманитарна работа, образование и општествена одговорност преку слоганот „Убавина со цел“ (Beauty With a Purpose). Токму во оваа категорија, убавата Ема ќе го претстави својот проект „Сина планета: Цел за живот“ (Blue Planet: A Purpose for Life), кој е посветен на заштитата на Јадранското Море и отстранувањето на отфрлените рибарски мрежи – сериозна закана за морските екосистеми. Ема ќе се натпреварува во седум категории. Како студентка на постдипломски студии по менаџмент на луксузни брендови во Монако и сопственичка на бренд за одржлива мода, Ема ќе се натпреварува во седум официјални категории, меѓу кои се талент, топ-модел, спорт и интервју. За категоријата „Топ-модел“, таа ќе носи спектакуларна креација на хрватската дизајнерка Марина Матиќ (LARIE), инспирирана од Плитвичките Езера и Националниот парк „Крка“. Фустанот е украсен со повеќе од 500.000 кристали „Сваровски“, монистра и камења.Тагови: Мис Универзум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес Европскиот и француски фудбалски шампион ПСЖ продолжува со директни разговори со претставниците на фудбалерот на Барселона, Феран Торес во врска со можен трансфер ова лето. Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а до договор би можело да дојде само доколку самиот Торес побара да го напушти клубот. ПСЖ размислува да ги ангажира и Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мика Годс. Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје. Во исто време, Ливерпул силно инсистира на ангажман на Бредли Баркола од ПСЖ – потег што би можел да ги принуди француските шампиони да направат дополнителни промени во својата напаѓачка линија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter