Рита Ора конечно потврди: Мажена сум, не сум веќе на пазарот - Канал 5

Рита Ора конечно потврди: Мажена сум, не сум веќе на пазарот

Пејачката Рита Ора (32) конечно потврди дека се омажила за режисерот Таика Ваитити, 15 години постар од неа, опишувајќи ја венчавката како „совршен“ и „посебен ден“.

Рита Ора конечно потврди: Мажена сум, не сум веќе на пазарот

Ора го потврди за Heart Radio Breakfast она за што долго се шпекулираше додека го промовираше нејзиниот најнов сингл You Only Love Me, кратко откако позираше топлес за да го прослави објавувањето на песната.

"Да, се омажив. Официјално сум надвор од пазарот, луѓе. Решив да го задржам приватно и повеќе за себе, но со мојот нов спот го прикажувам она што можеше да биде", изјави Рита.

"Кога се појавија гласини за тоа дали се омажив, сакав да импровизирам и да си поиграм малку со сите тие натписи. Сакав да организирам свадба која, како, не одеше според планот. Се разбира, тоа не е така во реалноста“, додаде таа.

"Мојата вистинска венчавка беше совршена. Точно беше како што сакав. Беше убава и совршена. Убаво е да чуваш некои работи за себе. Жал ми е што не е толку интересно. Еден ден ќе направам голема забава." изјави пејачката која се уште не одлучила дали ќе го земе презимето на нејзиниот славен сопруг.

„Дефинитивно размислував да го земам неговото презиме, но многу се трудев за ова име Ора. Не знам... Навистина сè уште не сум одлучила“, рече таа.

Патем, парот ги поттикна гласините за свадба во август откако Таика Ваитити објави на социјалните мрежи. Режисерот од Нов Зеланд објави фотографија на која се гледа неговиот венчален прстен на левата рака.

Рита Ора и Таики Вејтити се заедно речиси две години, а претходно со години беа пријатели. Пејачката со косовско потекло претходно излегуваше со познати личности како Бруно Марс, АСАП Роки и Ендрју Гарфилд, додека режисерот со маорско-еврејско потекло беше во брак со продуцентката Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година. Со неа тој има две ќерки, Матева Киритапа и Те Некоикаха.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер