Ристовски: Законите за реформи во судството усогласени со опозицијата

Потребата за ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди, како и внесување мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот, е целта на измените и дополнувањата на законите за судовите и за Судски совет, што Владата ги усвои на вчерашната седница и ќе бидат пуштени во собраниска процедура.

Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, тие биле донесени во соработка со ВМРО-ДПМНЕ, чии забелешки биле прифатени и вградени во предложените решенија.

Остана, рече тој, уште една пообемна измена што треба да се донесе во јуни или јуни годинава, а се однесува на депрофесионализација на Судскиот совет по препораки на Прибе и Венецијанската комисија. И на нив, како што рече, ќе се работи во соработка со опозицијата.

- Се размислува во насока избраните судии кои ќе бидат членови на Судскиот совет да продолжат да судат во судовите во кои суделе дотогаш, а функцијата во Советот да ја извршуваат дополнително. Нормата за предмети кои мора да ги пресудат ќе им биде намалена, рече Ристовски.

Истакна дека ова решение се наметнало поради фактот што функцијата во Судскиот совет е на шест години, со можност за продолжување за уште шест, што би значело преголемо оддалечување на судиите од работата што ја извршувале и ќе треба во иднина да ја извршуваат.

Основна цел на измените и дополнувањата на Законот за судски совет, за чие изгласување е потребно двотретинско мнозинство во Собранието на РМ, е внесување мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот на секои две години.

Се внимавало на целосна избалансираност на критериумите во системот на оценувањето, а истовремено се интервенира и во однос на одребите за член на Совет со право на глас, рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд, се зајакнува одговорноста во работата на Советот...

Измените и дополнувањата на Законот за судовите, пак, произлегуваат од потребата за реформа на судството, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот систем.

За да се реши проблемот со недостиг на судии поротници се предвидува да може да се аплицира со минимум средно образование, за разлика од досега кога се било потребно високо образование, а се зголемува и дневницата која би требало да изнесува околу 500 денари, што, како што рече Ристовски, е зголемување за 2,5 пати од досегашната дневница. /МИА

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.

Според процените на ОН, за време на војната во Појасот Газа настанати се 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив е покриен со бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦХА соопшти дека околу два милиони луѓе или половина од населението на Појасот Газа, нашле засолниште во Рафа, но немаат пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти. /МИА

МП: Дозволена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања и Панче

Министерството за правда информира дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Турските власти уште во февруари му ветиле на министерот за правда Кренар Лога дека во брзо време во земјава ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, но иако му бил посочен и рок, тој не сакаше да сподели кога ќе се случи тоа бидејќи се уште траат административните процедури.

Инаку, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Додека се чека на екстрадицијата на Палевски, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија.

Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски. /МИА

притисни ентер