3Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош
МакедонијаРистовски: Предложивме или да се откаже Олимпијадата или да се намали на 1.000 учесници, но бевме одбиениМинистерот за спорт Борко Ристовски уште еднаш се осврна на неодамна завршениот Европски младински олимписки фестивал и критиките околу организацијата на овој масовен спортски настан во Скопје.Иако Министерството за спорт нема никакви законски мерки ниту можности за да биде организатор на едно вакво натпреварување, туку тоа е Олимпискиот комитет на Македонија кој заедно со Град Скопје се потписници на тој договор, Ристовски понудил неколку предлози за да се надминат предизвиците. - Предложивме или да се откаже Олимпијадата или таа да се редуцира на 1.000 учесници за коишто можеме како држава да дадеме гаранции. Бевме одбиени од причина што веќе било премногу доцна за да се откаже Олимпијадата за младинци, што е и до некаде разбирливо, меѓутоа имаше обид и кажавме дека ние немаме капацитет за да за да организираме вака еден масовен настан, изјави Ристовски во интервју за Радио Слободна Европа. Сепак Министерството за спорт даде логистичка поддршка на ЕМОФ 2025. - Јас лично имав разговор со претседателот на Европскиот Олимписки комитет во насока да укажеме дека како држава ги немаме тие спортски комплекси кои Олимпискиот комитет и градот Скопје си го преземале како обврска со потпишување на договор за организирање на еден вака морам да додадам дека иако организацијата во одреден момент затаи, меѓутоа не беше на ниво катастрофално како што тоа сака да го прикажат поединци или опозицијата. И ете кога ќе угостите преку 4.000 дечиња, нормално е да има некои недостатоци. Не постои држава на светот или Олимписки комитет на светот или град на светот што може да го организира без недостатоци и тоа е во ред. Улогата на министерството беше чисто логистичка. Од нас беше побарано, на пример, да купиме 150 нови креветчиња за студентските домови коишто ќе останат понатаму во студентските домови. Ние како министерство успеавме од една општествено одговорна компанија да замолиме да донира 2.000 перници, сите оние работи коишто се потребни за тие креветчиња. Беше побарано од нас да го обезбедиме дел од автобускиот превоз којшто го обезбедивме. Беше побарано од нас сите спортски сали да бидат дадени на користење бесплатно, што и донесовме одлука на Влада и ги оставивме сите оние спортски сали бесплатно на користење и беше побарано од нас да помогнеме во промоција на настанот, потенцира Ристовски. Се осврна и на слабите резултати на македонските спортисти кои не успеаја да освојат ниту еден медал. - Немањето резултати не може да се смени ниту за една година, ниту за две, ниту за три. Тоа е еден процес којшто барем треба да трае два олимписки циклуса, а тоа е четири до осум години за да направите резултат на Олимпијада, зборувам. А, не е точно дека младите не се поддржани од државата. Јас ќе ви набројам многу факти коишто не се така. Направивме да спортистите заслужни ги добиваат средствата директно. Да не оди тоа преку федерациите. Затоа што имаме случаи, и сега имаме случај, да ние ги префрламе наменски средствата за одреден спортист и тие средства се држат четири до пет месеци и не му се префрлаат на спортистот, рече Ристовски. Министерот помеѓу другото зборуваше и за спортската инфраструктура. - За капиталните спортски инфраструктурни објекти можам да ви кажам дека ние како Министерство за спорт за неполна година – зборувам имавме четири-пет месеци коишто во таа трансформација бевме министерство, меѓутоа немавме ни буџет, мораше да го чекаме ребалансот за да функционираме – ќе ја заокружиме на една година. Во делот на капиталните инвестиции мислам дека сум многу горд на сè она што го направивме, нагласи министерот Ристовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЗдравјеСветски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска ГинекологијаОваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија. Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе. Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’. Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор. Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев. Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Македонија12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми. Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници. Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности. ,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,, Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаПартиите продолжуваат со меѓусебните обвинувања за влезот на Алта банкаСватови, кредити, акции... Продолжува политичката пресметка меѓу партиите кој е виновен за влезот на Алта банка во Македонија. Од Вреди на прес-конференција презентираа нови документи со кои тврдат дека Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, кои, како што велат, завршиле кај Давор Мацура. Според Вреди, од записникот на владината седница од 6 јуни 2023 година се гледа дека првиот вицепремиер Артан Груби заедно со Димитар Ковачевски, претседавале со седницата на која била донесена одлуката за давање согласност за продажба на државните акции во Стопанска банка АД Битола, а Груби се потпишал на одлуката објавена во „Службен весник“. - Прво: Артан Груби, во присуство на Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши, во Владата донесуваат па потпишува одлука државата да ги извади на продажба конфискуваните акции во Стопанска банка Битола. Второ: Во игра влегува сватот на Али Ахмети преку фирмата „АС Сењак“, кој купува пакет акции во истата таа Стопанска банка Битола, а негова поврзана фирма повлекува 5 милиони евра кредит директно од централата на „Алта банка“ во Белград. Трето: И државните акции што ги ослободи со потпис Артан Груби, и приватните акции на сватот на Али Ахмети, завршуваат во рацете на контроверзниот Давор Мацура за преземање на банката, изјави Саранда Имери Стафаи-ВЛЕН. Реагираа од ДУИ од каде ги отфрлија обвинувањата дека владината одлука на СДСМ и ДУИ од 2023 година го отворила патот за влез на „Алта банка“ во земјава. Одговорноста ја гледаат исклучиво кај актуелната влада и институциите што ги издале дозволите. - Ако ДУИ ја донела Алта Банка како таа влезе во Македонија за време на вашето владеење? Како институциите што вие ги раководите го дозволија нејзиниот влез? Функционерите на ВМРО од ВЛЕН се однесуваат токму како во народната поговорка: „Крадецот вика: држете го крадецот!“, велат од ДУИ. Од ВМРО-ДПМНЕ ги прозваа Филипче и СДСМ дека заедно со ДУИ го отвориле патот за влез на банката, а сега, според владејачката партија, СДСМ се ставиле во одбрана на ДУИ и фирмата на сватот на Ахмети. -Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? изјави Манасиевски. Според СДСМ, пак, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ја внеле Алта банка во Македонија, сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Од опозициската партија како целосна манипулација го оценија документот од 2023-та според кој Мицкоски и власта тврдат дека претходната влада ги продала акциите за Алта. - Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“, изјави Борозан. Сватот на Али Ахмети, Селаудин Арифи, пак, за дел од медиумите, негира каква било вмешаност во случајот со Алта банка и најави тужби. Од неговата компанија „АС Сењак“ тврдат дека ниту зеле кредит од Алта банка, ниту влијаеле за нејзиниот влез на македонскиот пазар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55