Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!
1Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!
Други спортовиРистовски најави дисперзија на Спортската академијаМинистерот за образование и наука Спиро Ристовски по денешната посета на учениците од паралелката за фудбал при Спортската академија најави отворање на нови вакви паралелки во уште неколку градови низ Македонија.- Задоволен сум од сериозноста во пристапот кој што го има ФФМ како еден од основните столбови во процесот на креирање на македонски таленти и репрезентативци во спортската академија. Во првата година од овој проект 105 ученици беа дел од овој проект, а во втората 106. Во рамките на плановите за следниот период кои ги имаме како Влада, на средбата на премиерот Никола Груевски со неколку градоначалници, најавивме дисперзирање, односно отворање на 6-7 нови паралелки во разни градови како Штип, Битола, Гостивар, Охрид, Прилеп, Струмица и се во насока на приближување на спортската академија до талентите во нивните матични градови со оглед на фактот што станува збор за релативно млада популација, изјави министерот Ристовски. Тој додаде дека Владата ќе продолжи со понатамошно инвестирање во овој проект. - Ќе продолжиме многу да инвестираме, да го развиваме спортот и целокупниот спортски дух, да го развиваме училишниот спорт на потребното ниво. Мотивира податокот дека повеќе од 70-80% од учениците во Спортската академија се носители во своите репрезентации и тоа говори дека ова е уште еден одличен проект реализиран од Владата и продолжуваме со несмален интензитет. Очекувам поддршка и од општините заеднички да пристапиме во овој проект, истакна Ристовски. Важноста на овој проект за спортот во Македонија ја нагласи и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески. - Спортската академија е исклучително важен и успешен проект на Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт. Пред се Македонија добива сериозен модел на врвен спортист кој ќе биде препознатлив по начинот на игра. Во моментов во академијата учествуваат две категории ученици во четири спортови фудбал, кошарка, ракомет и тренинг, истакна директорот на АМС, рече Спасески. Тој кажа дека АМС контрибуира финансиски во овој проект и преку Буџетот се обезбедени 11,5 милиони денари кои ќе бидат предмет во давање поддршка во меѓународна програма и за ангажирање на стручните лица кои работата со младите спортисти. При тоа Спасески нагласи дека секој ученик од Спортската академија е носител на стипендијата „Спортска надеж“ и 10 месеци во годината добива паричен надоместок од по 4.200 денари месечно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
КултураКараванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении. Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата. Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени. Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.Тагови: Силно светнал ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
КултураРенесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија.Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли. Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во изведбата на средновековна музика. Формиран е во 1980 година од музичарот Кристофер Пејџ. Ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштатаЛиберално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина.„Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша организација“, вели во видео членот на Извршниот одбор на ЛДП, Бобан Јанкоски. „Го прашувам директорот на ЈП Македонија пат, колку време му треба за да ги постави М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? Зарем 2 години не му беа доволни?“, прашува Јанкоски. ЛДП предлага веднаш и без одлагање да се постават М-ТАГ уредите на сите патарини во државата и да се олесни сообраќајот на сите клучни патишта во Македонија. „Државата за поставувањето ќе плати еднаш, а придобивките и заштедите на средствата ќе може да ги користи со години“, завршува Јанкоски. Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16