Ристовски: Министерството за спорт работи за генерации кои доаѓаат - Канал 5

Ристовски: Министерството за спорт работи за генерации кои доаѓаат

Затекнавме институција без визија, без динамика и со сериозно нарушена динамика кај спортската јавност ..

Ристовски: Министерството за спорт работи за генерации кои доаѓаат

Затекнавме институција без визија, без динамика и со сериозно нарушена динамика кај спортската јавност која ја трансформиравме во транспарентна и исполнителна – порача министерот за спорт Борко Ристовски на прес-конференција во владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд организираше тркалезна маса на генералните секретари на балканските уставни судови

Форумот беше посветен на организацијата и функционирањето на уставните судови, систематизацијата на работните места, како и на оценувањето и професионалниот развој на административната служба.

Уставниот суд организираше тркалезна маса на генералните секретари на балканските уставни судови

Во рамките на Форумот на балканските уставни судови, со кој претседава Уставниот суд на Република Македонија, од 24 до 26 јуни 2026 година во Охрид се одржа тркалезна маса на ниво на генералните секретари на уставните судови. Настанот беше организиран од Уставниот суд на Република Македонија, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста и заштитата на човековите права“.

Форумот беше посветен на организацијата и функционирањето на уставните судови, систематизацијата на работните места, како и на оценувањето и професионалниот развој на административната служба.

Настанот го отворија претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, генералниот секретар м-р Виолета Ѓорѓиевска и тим-лидерот на ЕУ-проектот Карстен Манке.

На Форумот учествуваа генерални секретари и претставници на уставните судови од Албанија, Бугарија, Косово, Турција, Хрватска и Република Македонија, кои ги презентираа искуствата на своите институции и разменија добри практики за организацијата на работата на уставните судови.

Во рамки на презентациите беше претставен новиот Правилник за внатрешна организација на Уставниот суд, донесен во октомври 2025 година, со кој е воспоставена организациска структура од 13 организациски единици што обезбедуваат стручна и административна поддршка на судот. Посебен акцент беше ставен на јасната поделба меѓу судиската и административната функција, улогата на генералниот секретар во координацијата на службата и дигиталното управување со предметите.

Учесниците беа запознаени и со систематизацијата на работните места во Стручната служба на Уставниот суд, која предвидува 71 работно место, од кои 54 се пополнети, како и со моделот за распределба на предметите и организацијата на работата на правните советници. Беше презентирано и дека во текот на 2025 година Уставниот суд работел на 520 предмети, од кои 229 биле завршени, додека останатите продолжиле во работа во текот на следната година.

На Форумот беше претставен и новиот систем за оценување на вработените во Стручната служба, кој се темели на континуирано следење на работата, месечни извештаи и оценување според три критериуми – навремено извршување на работните задачи, стручност и работен ангажман, како и професионално однесување. Во дискусијата беа разгледани и можностите за дополнително унапредување на системот преку воведување мерливи показатели за успешност, поголема транспарентност и развојни планови за вработените.

Во текот на тридневниот Форум се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во регионот, со посебен акцент на зајакнувањето на институционалните капацитети, модернизацијата на административното работење и размената на искуства меѓу уставните судови.

Форумот заврши со заклучок дека ваквите средби придонесуваат за поефикасна организација на работата, унапредување на професионалните стандарди и натамошно зајакнување на регионалната соработка меѓу уставните судови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјална посета на Гаши на Грузија и учество на 67. Генерално Собрание на ПАБСЕК

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, на покана на претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, од 30 јуни до 1 јули 2026 година, ќе оствари официјална посета на Грузија.

Официјална посета на  Гаши на Грузија и учество на 67. Генерално Собрание на ПАБСЕК

Делегацијата што ќе ја предводи претседателот, ја сочинуваат и пратеничките: Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членки на Пратеничката Група за соработка со Грузија во Собранието, како и заменик - генералниот секретар на Собранието, Ибуш Јусуфи.

Претседателот Гаши, покрај средбата со неговиот колега, претседателот Папуашвили, ќе има средба и со претседателот на Грузија, Микеил Кавелашвили, како и со премиерот Иракли Кобахидзе.

Претседателот Гаши ќе учествува и на пролетната сесија на 67. Генерално Собрание на Парламентарното Собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува во Грузија, каде меѓудругото, ќе има и свое обраќање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССК го одржа годишното собрание

Сојузот на стопански комори попладнево го одржа годишното собрание на кое беа сумирани активностите и резултатите од работењето во изминатиот период.

притисни ентер