Други спортовиРистовски го означи стартот на Државното првенство во пливање за основни и средни училишта во КумановоМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Куманово го означи стартот на Државното првенство во пливање за основни и средни училишта, кое се одржува во организација на Федерацијата за училишен спорт со поддршка од Министерството за спорт.Преку овој масовен училишен спортски настан, на кој учествуваат ученици од целата држава, се промовираат вредностите на фер-плеј, тимската работа и љубовта кон спортот. Министерот Ристовски истакна дека ваквите првенства се дел од пошироката визија на Министерството за спорт – да се создадат современи услови за спортување на сите млади во Македонија. -Нашата заложба е секое дете, секој млад човек во нашата држава, да има пристап до квалитетна спортска инфраструктура. Затоа инвестираме во изградба и реконструкција на спортски базени, игралишта и сали во сите региони. Спортот мора да биде достапен и безбеден, а тоа е можно само со модерни и функционални спортски објекти - истакна министерот Ристовски. Министерството за спорт продолжува со спроведување на програмите за поддршка на училишниот спорт, како и со реализација на капиталните проекти за обновување на спортската инфраструктура, со цел да се поттикне здрав и активен начин на живот меѓу младите. Тагови: Борко Ристовски Сојуз на спортови на Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвропа трча по критични минерали, Македонија сè уште ги мери можните ризициБез сигурно снабдување со критични минерали, зелената транзиција и намалувањето на зависноста на Европа од увоз ќе бидат тешко остварливи, предупредуваат од Европската асоцијација на рударската индустрија „Euromines“. Во тој контекст, се погласни се повиците Македонија да го искористи својот минерален потенцијал и да се приклучи кон европскиот пристап за одговорно искористување на критичните суровини. Според професорот Благој Голомеов од Рударско-геолошкиот факултет, минералните ресурси меѓу кои златно-бакарниот рудник Иловица, се една од економските предности на Македонија, но нивното искористување и натаму е ограничено поради стравувањата од влијанието врз животната средина. Тој смета дека современите технологии овозможуваат безбедна експлоатација, со контролирани процеси и заштита на природата. -Постојат технолошки процеси кои се бенигни, кои се недеструктивни кон природата. На пример за бакарот технолошкиот процес е многу едноставен, се користат само ксантати, пеначи и регулатори на средината, односно вар. Околу 90 проценти од тие реагенси се извлекуваат заедно со концентратот, а малото количество што останува за кратко време се разградува и станува целосно безопасно за пошироката околина,- Благој Голомеов - професор на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“. Голомеов посочува дека Македонија има две значајни економски предности, земјоделството и минералните ресурси, но вели дека економскиот ефект од нивното користење е различен. Според него, рударството може да создаде значаен економски придонес без долгорочни државни субвенции како кај земјоделството. Сепак, професорот предупредува дека минералното богатство е необновлив ресурс и мора да се користи внимателно. Приходите од него смета треба да бидат насочени кон развој на инфраструктурата, образованието и енергетската независност, за придобивките да останат и за идните генерации. - Треба да се напомене дека 120.000 луѓе вработени во земјоделието даваат ист економски ефект како 6000 луѓе вработени во рударството. Притоа, за субвенционирање на земјоделството се трошат некаде 100 милиони евра од буџетот, додека во рударството не се вложува ништо додатно и не треба.. Претседателот на „Euromines“, Јан Мострјом, нагласува дека иако Европа не може целосно да биде независна од увозот, има сериозен потенцијал да изгради поотпорен синџир на снабдување и да развие сопствено производство. Според него, ограничувањата за извоз на одредени суровини, особено од големите производители како Кина, покажуваат дека зависноста од увоз може да стане економски, но и безбедносен ризик за земјите на европското тло. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГРОМ: Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казнаГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нивниот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.„Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нашиот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци. Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош. На случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврди како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт. Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права. Не не’ зачудуваат политичките противници и нивната крволочност, но нека им служи на чест на сите оние од правосудниот систем кои оркестрирано во служба на власта учествуваа во замолкнувањето на Стевче Јакимовски. Воедно им благодариме на сите граѓани, знајни и незнајни кои во изминативе дваесетина дена му даваа сесрдна поддршка на претседателот Јакимовски. Цениме доколку ова наше соопштение биде споделено со пошироката јавност со помош на вашиот медиум.“ Со почит, Центар за комуникации ГРОМТагови: гром Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаД-р Дудучки: Криминалци кои со лажни дијагнози наместо во затвор одат во психијатриски болнициНема место ни во мизерни услови за престој и работа кои во дел од псијатриските болници се под секакво човечко достоинство, а ова е резултат на тотална негрижа од сите досегашни власти за менталното здравје, смета д-р Мице Дудучки.Нема место ни во мизерни услови за престој и работа кои во дел од псијатриските болници се под секакво човечко достоинство, а ова е резултат на тотална негрижа од сите досегашни власти за менталното здравје, смета д-р Мице Дудучки, невропсихијатар со повеќедецениско искуство и меѓународен судски вештак. Тој во изјава за Канал 5 вели дека од „здравственото ќесе“ со децении се извојува многу малку, па и не е чудо што нема место за луѓе на кои навистина им е неоходна таква грижа кога таму се сместени и криминалци кои со лажни дијагнози се спасуваат од затвор. Лошата здравствена политика е виновна за состојбата, но решенија има, смета Дудучки. Ако постои стратегија и план на сите нивоа и ако тоа се спроведе ќе има и превенција и ред и сегашната слика на соби без прозорци, мувла, живот во хорор и мизерија, и лекување со ограничен број на застарени лекови, ќе станат минато. И од канцеларијата на Народниот правобранител кои во континуитет ги следи условите на психијатриските болници нотираат дека неопходен е системски пристап кон подобрување на состојбите кој подразбира доволен број стручен кадар, стабилно финансирање, подобрување на условите, развивање современи терапевтски и рехабилитациски програми, континуирана едукација на персоналот и создавање безбедна терапевтска средина во која ќе се почитуваат достоинството и човековите права на пациентите. Исклучок во однос на условите е психијатриската болница во Гевгелија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook