Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
1Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
ЕкономијаРистески: Состојбата се следи – доколку е потребно ќе се интервенира за да не дојде до ценовен шок Цените на гасот кој достигнаа и 61 евро за мегават и цените на нафатата кој во еден момент надминаа и 84 долари за барел – продолжуваат да растат поради кризата на Блискиот исток која влезе во својот петти ден. Очекувано е растот на цената на нафата, која е еден од главните импути во формирањето на цените на производите, да доведе до нов ценовен притисок, но македонската Влада е подговтена да се соочи со предизвиците уверува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески... Иако Македонија увезува енергенси, сепак ние сме мал играч во светски рамки и не се очекува да бидеме значително погодени, но вели има механизми и соодветно ќе одговорат на евентуалните предизвидци... „Ние сме увозна држава ги увезуваме енергенсите и нормално доколку оди нагоре поскапувањето на нафтата би влијаело и на македонската економија, бидејќи нафатата е еден од главните инпути во формирањето на цената на производите, а бидејќи транспортот е поврзан со самата цена на призводот, можеби би се очекувало некое покачување на цените меѓутоа ние сме спремни, покажа Владата дека има капацитет да се справува со вакви кризи....“- - Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд. Дел од екрпетите во земјава со умерен оптимизам се надеваат оти воениот конфликт на Блискиот исток нема долго да трае и нема да дојде до нова енергетска криза која ќе повлече нов ценовен шок... „ Доколку имаме ефекти кои би се поврзале со краток конфлик тогаш би имале само краткорочно поместување во цените на енергенсите и нафтата. Пред се на нафтата, имајќи предвид дека цените на нафтата с е поврзани и со цените на транспортотот на стоки може да влијае и на други стоки и на цените на храната... Меѓутоа доколку имаме одложување на среден рок,конфликтот се продлабочи односно надмине неколку месеци не се заузда во рок од месец два, ефектите би биле позначајни односно тогаш би биле во две страни увезување на глобалната инфлација и цените ... таа глобална инфлација ние како мала и отворена економија ја увезуваме, од друга страна е глобалниот БДП “ ,- - Борче Треновски – универзитетски професор. По нападите со ирански беспилотни летала на клучните постројки во Рад Лафан и Месаид, Катар го суспендираше целото производство на течен природен гас. Дополнително сообраќајот на танкери низ Ормутскиот теснец, кој претставува артерија низ која поминува една петтина од светската нафта што се транспортира по море, е запрен поради закани од Иран за напади.Оттука европските аналитичари оценуваат дека по запирањето на производтво на гас во КАтар најголем губтник е Европа, бидејќи тоа била првата опција за снабдување по целосното суспендирање на руската нафта... Тагови: гас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит ловНа 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко. Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: ловечко оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на СкопјеСо положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која со пригодни активности ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 1944 година. По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес. 13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, ден кој ја симболизира слободата, единството и непокорот на неговите граѓани. Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за обврската да го негуваме историското наследство и вредностите врз кои се темели иднината на градот. Со почит, Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook