Ристески: Предлог законот за промена на законот за тутун воопшто не е ставен на дневен ред

СДСМ лаже дека ние не даваме поддршка.

Откупот на тутун заврши, откупувачите ги затворија откупните пунктови, а остана голема количина неоткупен тутун. Од ВМРО-ДПМНЕ цело време укажувавме, апелиравме, повикувавме да се реши проблемот на тутунопроизводителите кои го имаа со откупот на тутун од овогодишната реколта

Покрај тоа што тутунарската мака, пот, се откупи по катастрофално ниски цени, со 60 до 100 денари се оштетени тутунарите оваа година по килограм откупен тутун, алармиравме дека ќе останат и неоткупени количини што еве и се случи. Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за цело време баравме зголемување на субвенциите оваа година за 100%, како обештетување на тутунарите за оваа лоша откупна реколта, но власта на чело со Заев останаа глуви и ако за цело време му ветуваа и ги манипулираа тутунопроизводителите за на крај да им понудат милостина од некој 10 до 12денари по килограм.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за оваа цел на ден 15-ти февруари 2021 година поднесовме предлог закон за промена на законот за тутун, во кој меѓу другото бараме продолжување на откупот оваа година до 31 март.

До сега одговорно тврдам од страна на претседателот на Собранието овој предлог закон не е ставен на седница на дневен ред, а од СДСМ лажат дека опозицијата не давала поддршка за предлог законот да помине во Собрание.

Еве јавно кажувам и повикувам Претседателот на Собрание да закаже седница со единствена точка на дневен ред нашиот предлог закон за промена на законот за тутун, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и во 3:00 часот после полноќ би влегле во Собрание и би гласале ЗА нашиот предлог закон. Секако во корист на тутунопроизводителите со цел да се откупи целата количина произведен неоткупен тутун оваа година.

Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер