МакедонијаРистески од Саемот Кина - ЦЕИ: Целта ни е извоз на македонски производи во Кина Целта ни е извоз на македонски производи во Кина и зголемување на бројот на кинески туристи. Оваа посета е исклучителна важност за компаниите што изложуваат тука, но и за сите останати земји од ЦЕИ. Кина е наш четврти партнер по размена на стоки и трговија и сметаме дека со изложувањето на овие 14 македонски компании на овој штанд ќе има поголем интерес за извоз на македонски производи и стоки на кинескиот пазар, изјави денеска за МИА заменик министерот за економија Марјан Ристески кој ја предводи македонската делегација на 4. Саем на Кина со земјите од Централна и Источна Европа. Како што јави известувачот на МИА, Ристески оствари средба со заменик министерот за трговија на НР Кина задолжен за надворешна трговија, Линг Џи (Ling Ji), на која во фокусот беа разговори за поголемо присуство на македонските производи во Кина, но и за зголемување на бројот на кинески туристи во нашата земја, како и за нови потенцијални кинески инвестиции во земјата и отворање на нови работни места. - Се надевам дека оној голем дефицит што го имаме со Народна Република Кина во иднина ќе биде пoмал, во интерес на нашите компании за извоз на наши производи. Кина има најголем интерес за инвестиции во инфраструктурата, во областа на енергетиката, зелената економија и нови технологии. Од оние инвестиции кои ги имаме во Кина, тоа е фабриката во економската зона во Кичево, за изградбата на патиштата Миладиновци - Штип, и моментално изградбата на патот Кичево- Охрид. Исто така претходно сме имале инвестиции во изградбата на хидроцентралата Козјак, меѓутоа сметаме дека ќе има уште поголеми инвестиции што ќе следуваат во наредниот период, изјави Ристески. На македонскиот штанд на Саемот во Нингбо со свои производи се претставуваат компаниите Алтера Фуд, Витаминка, Винчини, Бест Фуд, Виталија, Евал, М3ДС Академи, Соко Горица, Техногума, како и вината на Тиквеш, Стоби, Имако, Крњево и Лепово. Македонски вина се веќе присутни на кинескиот пазар. - Кина е четврта земја по ред со која Република Северна Македонија остварува најголем обем на размена со светот. Според податоците од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во 2024 година сме извезле производи со вкупна вредност од само 56,740 американски долари, додека увозот од Кина бил 1,165,780 американски долари. Во 2023 година извозот бил 112.339 американски долари, а кај нас се увезени производи со вкупна вредност од 1.083.920 американски долари. Интенцијата е да се направат напори што повеќе македонски производи да се извесуваат на овој милионски пазар со огромен потенцијал, а со тоа и да се намали дефицитот во трговската размена кој е огромен и од година во година се зголемува. Четвртиот Саем на Кина со земјите од Централна и Источна Европа го отвори државната советничка Република Кина Шен Јичин, а зборуваа и претседателот на словачкиот Парламент Ричард Раси, како и потпретседателката на словенечкиот Парламент Меира Хот. Кинеската државна советничка ги истакна постигнувањата во рамките на соработката помеѓу Кина и земјите од ЦЕИ, но и намерите на нејзината земја за продолжување и интензивирање на соработката, и покрај глобалните промени, особено во транспортот, трговијата, инвестициите, технолигијата, размена на искуства. - Ги охрабруваме бизнисите од двете страни да соработуваат, рече таа, нагласувајќи го потенцијалот што го има Кина како втор најголем пазар во светот. На саемот на 20.000 метри квадратни се претставени преку 8.000 производи од повеќе од 400 изложувачи од 14 земји од ЦЕИ и девет други европски држави, а се очекуваат 15.000 професионални учесници. Исто така на изложбен простор од 60.000 метри квадратни се претставени преку илјада компании со над 3.000 прекуокеански купувачи од 72 земји и региони. На саемот се изложени различни производи почнувајќи од прехранбени производи до иновации направени со новите техонологии, хуманоидни роботи, скии кои можат да се преклопат и да се носат во кофер, сладолед од соја и друго. Соработката на Кина со земјите од Централна и Источна Европа датира од 2012 година. Покрај Македонија, во процесот се вклучени Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Грција, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка и Словенија. Годинава како почесни гости на Саемот се Словачка и Словенија, кои имаа специјално претставување на своите штандови и, како што најавија нивните шефови на делегации овде во Нинбо, исто така очекуваат интензивирање на соработката со Кина и влез на нивни производи на овој милионски пазар. Во 2024 година вкупната трговска размена меѓу Кина и земјите од ЦЕИ изнесувала 142,3 милијарди долари. Во овие земји минатата година Кина извезла производи во вкупна вредноста од 111, 1 милијарди долари, додека увозот од овие земји извесува само 31, 2 милијарди долари. Најголеми трговски партнери на Кина во 2024 година од земјите од ЦЕИ се Полска, Чешка и Унгарија. Во 2024 година инвестициите на Кина во земјите од ЦЕИ изнесувале 24 милијарди долари. Во изминатите 13 години во рамки на оваа соработка воспоставени се преку 50 платформи за соработка со земјите од Централна и Источна Европа во повеќе од 20 области вклучувајќи ја економијата, трговијата, инвестициите, финансиите, транспортната инфраструктура, скајтеч иновациите, енергетиката, културата, туризмот, образование, медиумите, соработка на локално ниво, надзор и карантин, здравство, и шумарство со повеќе од 500 практични мерки кои веќе се спроведуваат, информираат од кинеското Министерство за надворешни работи. Преку оваа соработка се реализираат или се завршени повеќе инфраструктурни проекти, како железничката пруга Белград-Будимпешта, Пристаништето во Пиреа Piraeus, мостот Пељешац во Хрватска, HBIS Железарата во Смедерово во Србија, автопатот Север - Југ во Црна Гора и ветерниот парк Ивовик во БиХ. Кај нас завршен е автопатот Миладиновци - Штип, а на Кичево - Охрид се уште се работи. Во рамките на оваа соработка преку инвестициски фонд беше овозможена специјална кредитна линија од 10 милијарди долари за земјите од ЦЕИ. Кина дозволи увоз на преку 200 категории на храна, земјоделски производи и друго од земјите од ЦЕИ. Овозможени се преку 50 карго летови неделно до земјите од ЦЕИ, а исто така се зголемува и бројот на кинески туристи кои ги посетуваат овие европски земји, меѓу кои и нашата. Кина исто така започна и со воведување на визни олеснувања.Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКим Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател. Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“. Таа секој ден ги вози на училиште И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Таа се грижи за јавното експонирање на децата Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализираниУчилиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани. „Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“. Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите. Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени. Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство. „Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот. Протести низ Франција Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови. Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000. Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите. Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветПукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и синТатко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница. Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група. По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста. Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје. Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице. Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата. Мотивот сè уште непознат Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж. По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи. Извор: Индекс.хрТагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook