Ристески најави повеќекратно зголемување на казната за непочитување на Законот за нефер трговски практики - Канал 5

Ристески најави повеќекратно зголемување на казната за непочитување на Законот за нефер трговски практики

 Повеќекратно зголемување на казната што сега е предвидена во Законот за нефер трговски практики се планира од наредната година, соопшти денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

Ристески најави повеќекратно зголемување на казната за непочитување на Законот за нефер трговски практики

Во изјава за медиумите по работен состанок во Стопанската комора, Ристески ги охрабри да пријават во Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) сите што имаат сознанија за изигрување на законот.

-Имаме сознанија дека одредени маркети го почитуваат Законот за нефер трговски практики, но има и некои кои во одреден дел не го почитуваат. Сакам да ги охрабрам сите добавувачи, производители, сите што имаат договори со трговци на мало и на големо, кои не го почитуваат законот, да го пријават тоа во КЗК, зашто тоа е казниво. Со молчењето и непријавување на изигрувањето на законот си прават контрауслуга на себе и на граѓаните. Од наредната година веќе ќе има промени во одредени делови на законот за да направиме да биде поефикасен. Една од тие промени е повеќекратно зголемување на казната од она што е предвидено со законот, изјави Ристески.

Како што рече, Законот за нефер трговски практики треба да биде стожер во нормализирањето на цените на подолг рок. Посочи дека една од целите на тој закон е да нема фаворизирање на увозни производи во однос на македонските, особено во делот на маркетингот каде што тие се помоќни.

Соопшти и дека кампањата за македонски производи која почна со земјоделските постепено ќе се проширува за да ги опфати сите видови македонски производи со цел да се помогне економјата и животниот стандард.

Покрај земјоделските производи, со нареден чекор, рече Ристески, кампањата ќе ги опфати и кондиторските производи, а понатаму постепено сите други македонски производи.

-Треба да им даваме предност на македонските производи бидејќи на тој начин индиректно ја поддржуваме македонската економија и производни капацитети. Една од главните цели е зголемување на куповниот менталитет на граѓаните, секогаш да препознаваат македонски производи кои по квалитет некои се и многу подобри од некои увозни производи, а со тоа си помагаме и самите во одржување на животниот стандард бидејќи ќе имаме поконкурентна економија, истакна Ристески.

Според претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, за да се намалат цените потребно Владата не само да интервенира преку ограничување на цени и маржи туку и преку стоковни резерви.

- Цените не можеме да ги ограничуваме со сила, тоа треба да го покаже пазарот и ние секогаш сме за тоа решение. Сите други интервенции треба да одат институционално преку стоковните резерви и другите механизми кои ќе доведат до ред на пазарот и со кои како инструмент може да се дејствува и да се санираат одредени скокови на цените кај клучните артикли. Се друго ќе го сметаме за еден популизам и состојба во која нема да не однесе на правите патишта ... Ред на пазарот може да се воведе само на принципиелна основа со еднакви правила на игра, рече Азески.

Смета дека таквите институции, како што е Агенцијата за стоковни резерви, „треба да бидат местото преку кои ќе се интервенира, а не со административни мерки да се решаваат проблемите“.

- Не верувам дека таа институција е маргинализирана и нема никаква функција во моментов, додаде Азески.

Во однос на цените на големите маркети кои се членки на Комората и дали таа може да им наложи да ги намалат, првиот човек на СКМ рече дека „мора да сфатиме дека одиме кон запад и кон пазарни услови на стопанисување“.

- На ниеден субјект не можеме да му наредуваме што ќе прави. На крајот на краиштата, тие може да го затворат маркетот и да направат штета на сите. Мора да бидеме јасни дека и тие луѓе бараат предвидливост, функционирање на пазарна економија и правна држава, додаде Азески.

За заменик-министерот за економија Ристески, пак, интервенцијата со стоковните резерви е „една од можностите за одржување на животниот стандард и цените во трговијата на мало и на големо“.

- Но, една од промените која ќе се направи е надополнувањето на постојаните стоковни резерви во иднина да биде исклучиво со македонски производи, а понатаму како ќе се интервенира ќе треба да одлучи Владата и министерствата. Меѓутоа, мислам дека не е само таа мерка за нормализирање на цените, пред се, јас би рекол зголемување на производните капацитети, што на долг рок би направило да имаме понормални цени во маркетите. Затоа кампањата што произлезе од МЗШВ е поздравена масовно, пред се од стопанските комори и бизнис-секторот и, пред се, од граѓаните, додаде заменик-министерот за економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Субару со нов пристап кон европскиот пазар: Од 2028. остануваат само електричните автомобили

Субару се збогува со боксер автомобилите во Европа. 

Субару со нов пристап кон европскиот пазар: Од 2028. остануваат само електричните автомобили

Од 2028 година ќе продаваат само електрични автомобили.

Субару ќе ги повлече сите модели со мотори со внатрешно согорување од европската гама до крајот на 2027 година. Брендот, кој со децении се карактеризираше со боксер мотори и погон на сите тркала, треба да им понуди на европските клиенти исклучиво електрични автомобили од 2028 година. Одлуката ја потврди германското претставништво на Субару за списанието Auto Motor und Sport.

Промената ги вклучува и бензинските и хибридните модели, па така Outback, Impreza, Crosstrek и Forester во нивните сегашни верзии постепено ќе исчезнат од понудата. Нивното место ќе го заземат електричните модели развиени во соработка со Тојота.

Прв што ќе си замине е бензинскиот Outback

Повлекувањето започнува со Outback, чија сегашна верзија со 2,5-литарски атмосферски боксер мотор од 169 КС треба да ја напушти европската понуда подоцна оваа година. Во 2027 година, Impreza, Crosstrek и Forester ќе следат со дволитарски e-Boxer хибриден погон со 136 КС.

Ова ќе го остави Subaru во Европа без дизајнот на моторот што стана еден од неговите заштитени знаци. Сепак, ова не е глобално збогување со boxer: брендот продолжува да развива вакви погони за други пазари, меѓу другите во комбинација со целосен хибриден систем.

Европските регулативи ги зголемуваат трошоците

Како причини за промената, Subaru ги наведува европските ограничувања за просечните емисии на CO₂ и барањата за безбедносни системи и системи за помош на возачот. Прилагодувањето кон тие правила ја отежнува хомологацијата и продажбата за помалите марки на автомобили.

За Subaru, кој продава релативно малку автомобили во Европа, инвестирањето во адаптирање на постојните бензински модели станува сè потешко да се оправда. Затоа тие ќе се фокусираат на електричната понуда.

Три електрични модели ја преземаат понудата

Според сегашниот план, европската понуда од 2028 година ќе се состои од Solterra, Uncharted и E-Outback. Сите три модели се технички поврзани со автомобилите на Тојота: Solterra со bZ4X, Uncharted со C-HR+ и E-Outback со bZ4X Touring.

Subaru официјално го најави електричното трио во јули 2025 година, тогаш како проширување на гамата на постојните модели со боксер мотори. Особено го истакна подобрениот погон на сите четири тркала, подолгиот досег и побрзото полнење. Интересно е што името Outback ќе остане во Европа дури и откако бензинскиот модел ќе исчезне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка

Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.

Во Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка

Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу.

Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани.

Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија

Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија.

Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата.

Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено.

Која е уапсената градоначалничка?

Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација.

Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште.

По изборите, таа одби да поднесе оставка

Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво.

По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет.

Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа.

Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштол

Денеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. 

Нова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштол

Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков.

Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје.

За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле.

Осомничен е дека користел пиштол за стартување

Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед.

Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето.

Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад

Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани.

Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите.

Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер