Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија
Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“
1Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија
2Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“
3За 410 првачиња од Ѓорче Петров бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари финансиска поддршка од општината
МакедонијаРистески: Ќе се зголеми буџетот за самовработувањеЌе се зголеми буџетот за самовработување, ЕСС ќе ги разгледува потрошувачката кошничка и инфлацијата.Министерството за економија и труд бара, Владата ќе го зголеми буџетот за поддршка на бизнисите при самовработување. За околу 2,5 милиона евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси, изјави во Прилеп Марјан Ристески, заменик-министер за екномија и труд. За проектите за самовработување од пет, буџетот ќе се зголеми на 7,5 милиона евра. Ова зашто е огромен интересот на трите огласи на Агенцијата за вработување за најатрактивната мерка во обемниот оперативен план за вработување со кој се опфатени 40 проценти млади луѓе. На огласите има околу 6 000 пријави. Наместо 1 750, државата ќе поддржи 2 600 лица кои ќе почнат свој бизнис, најави Ристески. Министерствот за економија и труд на наредната владина седница ќе побара уште пари. -Според тоа, како Министерство, како предлог, заедно со АВРМ побаравме и очекуваме од Владата прелокација на финансиски средства на наредната владина седница. Очекуваме да се издвојат нови 300 милиони денари кои ќе бидат употребени за оваа најатрактивна мерка, мерката за самовработување. Со тоа бројката би се зголемила на 2 600 лица кои би отвориле сопствен бизнис, претежно млади луѓе до 29 години, но ќе ги опфати и сите активни баратели на работа и над 29 години. Да напоменам дека оваа мерка ќе биде поддржана и со плус 160 милиони денари кои се обезбедени со ребалансот на буџетот. Или, вкупно, овие мерки ќе бидат поддржани со зголемен буџет од над 7,5 милиона евра, изјави Ристески. Што се однесува до потрошувачката кошничка и нејзиното пресметување, како точка ќе се најде на дневен ред на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Од тоа ќе зависи какви мерки ќе преземе Владата. Ристески се надева дека ЕСС ќе биде свикан до крајот на наредната недела. -Досега интензивно работеше комисијата за одредување на репрезентативност, формирана пред неколку месеци. Меѓуртоа, поради летните одмори, малку беше пролонгирано, но е завршено броењето од синдикатите кои треба да добијат реперзентативност во текот на овој период и се надевам дека до крајот на наредната недела, ќе биде официјално свикан Економско-социјалниот совет со дневен ред. Една од дискусиите ќе биде стапката на инфлација, заштита на животниот стандард и можноста дали и понатаму ќе се одредуваат нови мерки или не. Ние ја следиме ситуацијата и сето тоа ќе биде и сето што ќе биде донесено ќе биде во договор на сите страни кои учествуваат во Економско-социјалниот совет, односно со еден заеднички трипартитен договор, изјави Ристески.Тагови: економијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Џенифер Лопез подготвена за тренинг Светската музичка ѕвезда, 57 годишната Џенифер Лопез е фотографирана во Калифорнија при пристигнување на тренинг. За таа прилика, таа избрал спортска црна комбинација, тесни бициклистички и топ, што дополнително ја истакна нејзината совршена фигура. Со овој аутфит атрактивната Џеј Ло уште еднаш потврди дека е жена со тело на кое може да и позавидат и двојно помладите девојки. Jennifer Lopez in a black jumpsuit is the reason half the internet just booked a gym membership and a therapist. pic.twitter.com/nHyBjPpKCX — ohana (@yumiaesthe) August 23, 2026 Сите веднаш забележаа колку е мускулеста латино-дивата, а за нејзината страст кон фитнесот веќе е зборувано толку многу пати. Познатата пејачка со години го вклучува вежбањето како важен дел од својот животен стил, а нејзиното најново појавување во јавноста уште еднаш ги покажа резултатите од таа посветеност.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија МакедонијаПретседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУправа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е неспособно за плаќање и дека му претстои стечај, со намера да стекне противправна имотна корист и да ги оштети доверителите, го намалил имотот од кој доверителите можеле да ги намируваат своите побарувања. Притоа, присвоил 10 возила во вредност од 69.719.484 денари, скутери во вредност од 545.000 денари и трговска стока во вредност од 4.457.322 денари, кои не биле евидентирани со соодветна документација и не биле пронајдени од стечајниот управник, со што не станале дел од стечајната маса. Поради наведеното, побарувањата на доверителите во вкупен износ од 12.069.922 денари, од кои 1.179.059 денари се побарувања на УЈП, останале целосно ненамирени. Исто така првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација (договори, фактури, испратници, сметкопотврди и сл.) за нивна економска оправданост во сметководствената евиденција, истите ги присвоил за себе и притоа не пресметал и не платил данок на добивка во вредност 5.387.259 денари и данок на личен доход во вредност од 5.985.244 денари. Со наведените дејствија, преку правниот субјект, В.Р. се стекнал со противправна имотна корист и го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 23.442.425 денари, по основ на оштетување на доверителите, Данок на добивка и данок на личен доход. Управа за финансиска полицијаТагови: Управа за финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter