Ристески: Денес се гледаат последиците од неработењето на СДС за студентите 7 години - Канал 5

Ристески: Денес се гледаат последиците од неработењето на СДС за студентите 7 години

ВМРО-ДПМНЕ работи на целосна обнова и подобрување на студентскиот стандард.

Ристески: Денес се гледаат последиците од неработењето на СДС за студентите 7 години

Им се обраќаме на СДС токму од местото, кое е доказ за нивната негрижа и потценувачки однос кон студентите. Местото каде што во нивните седум години власт требаше да никне нов студентски дом, но наместо дела, студентите добија празни ветувања.

Седум години не изградија ниту еден нов студентски дом. Седум години ги оставија студентите во лоши услови, без визија и без вистинска грижа.

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, работите конечно се придвижија. Пред речиси две години започна реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, со цел студентите да добијат достоинствени услови за живот и студирање.

Истите тие, 7 години не знаеја ниту да ги завршат зградите на ФИНКИ и ФФК, иако ги наследија како започнати. Наместо напредок, оставија блокади и застој, па денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мора да работи на откочување на процесите што тие ги закочија.

Негрижата на претходната власт кон студентите не се гледаше само во нефункционалните студентски домови, се гледаше и во целокупниот однос кон студентскиот стандард.

Студентите во време на СДС се соочуваа со лоши услови, недоволна поддршка и неизвесност, и наместо да инвестираат во младите, во образованието, сведочевме на години на застој, неодговорност и игнорирање на проблемите на студентите.

Студентите не треба да се грижат. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги заврши и овие проекти, исто како што ги обновува студентските домови низ државата.

Потсетуваме дека над 50.000 студенти добија ваучери од 250 евра, се прошири опфатот на студентскиот оброк, а стипендиите се зголемени. Започнат е и процес на дигитализација на универзитетите и воведување на е-индекс, со цел модернизација на високото образование.

Во текот на овој мандат ќе бидат реконструирани вкупно 9 студентски домови низ државата.

Ќе се реализира реконструкцијата на зградите на ФИНКИ и ФФК.

Комплетната реконструкција на спортската сала во кругот на УКИМ веќе е започната.

Реконструирано е повеќенаменско игралиште во рамки на студентскиот дом Гоце Делчев, а наскоро ќе биде поставена и фитнес зона во рамките на еден од студентските домови во Скопје.

Младите ќе добијат нови студентски домови, современи факултетски објекти и подобри услови за образование и развој.

ВМРО-ДПМНЕ е партнер на младите и продолжува со конкретни политики и проекти што носат реални резултати.

YouTube video

Илија Ристески, член на ИК на УМС

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

Филипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор.

Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија.

Па сега после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план.

Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев.

Значи мастер планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси.

А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По четири недели во ЕУ падна просечната цена на дизелот

Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи низ ЕУ малку се намали оваа недела, за девет центи на 2,15 евра за литар, по четири недели рекордни максимуми, според анализата на податоците на земјите-членки доставени до Европската комисија.

По четири недели во ЕУ падна просечната цена на дизелот

Од сите земји-членки на ЕУ, само Кипар забележа нов неделен рекорд, во споредба со 12 минатата недела. Бројките вклучуваат даноци, кои варираат од земја до земја и сочинуваат 40 проценти од просечната цена на горивото во ЕУ. Тие не вклучуваат целни субвенции. Просекот во ЕУ се пресметува врз основа на потрошувачката на гориво во секоја земја-членка во 2024 година.

Во февруари, пред нападот на САД и Израел врз Иран, просечната цена на дизелот во ЕУ беше 1,59 евра за литар. Цените на горивата оттогаш се зголемија, главно поради затворањето на Ормускиот теснец, низ кој минуваат околу 20% од светската нафта и гас, и блокадата на саудискиот извоз во Црвеното Море. Украинските напади врз руските рафинерии, исто така, придонесоа за ова.

Притисокот беше донекаде ублажен од земјите од Г7, кои во петокот одлучија да ослободат 100 милиони барели дизел и сурова нафта од своите стратешки резерви. Ослободувањето ќе трае четири месеци. Тие, исто така, се согласија да не воведуваат забрана за извоз на дизел од страна на другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

ВМРО-ОКГ повторно ја крои касата. Приходите и расходите се намалуваат за по околу 86 милиони евра. 

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

Дефицитот останува 4,1 процент од БДП. Капиталните инвестиции се кратат за околу 93 милиони, затоа што проектите доцнат.

Ова е втор ребаланс за четири месеци. Дури е можен и трет.

Министерката вели криза и намалени давачки за горива. Блискиот Исток гори и пред првиот ребаланс. Кризата не се појави вчера и овој ребаланс не е поради горвата затоа што тие чинат едвај 60 милиони евра додека ефектот од намалување на ДДВ е нула.

Парите за пат, училиште и болница се сечат. Парите за кредит не се сечат.

До крајот на годината се најавува нова граѓанска обврзница. Финансирањето се затвора на домашен пазар.

Следната година еврообврзница, со камата над 6 проценти. Кредит за да се плати кредит. Тоа не е развој. Тоа е должничко ропство.

За две години арамијата го зголеми долгот за околу 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. До крајот на годината уште 250 милиони.

Дупка во ПИОМ околу милијарда. Секоја недела нова хартија. Каматата расте.

Сметката ја плаќа граѓанинот.

А за тој граѓанин му пресметаа кошничка ама по нивни терк, не според реалноста. Велат 60.000 денари за четиричлено семејство било договолно во август. Синдикалната кошничка е за над 10.000 денари повисока а со кирија стига и до околу 90.000 денари. Затоа исмислија нова.

Владата вели 95 проценти живеат во свој дом. Студентот што плаќа кирија и семејството што отплаќа стан не влегуваат во таа реченица.

Две минимални плати не ја покриваат ниту нивната исмислена, пониска кошничка. Недостигаат над 10.000 денари. Министерот вели само 2 проценти земаат минималец. А над 70% од луѓето се со плати помали од просечната.

Потрошувачката кошничка не ја полни процентот на раст на „третата економија“, туку цените што граѓаните секојдневно ги плаќаат.

Нема мерки за граѓаните. Има проекти за туѓ интерес. Дата-центар, хардвер за туѓа дигитализација, струја на грб на народот. Антимон, руда за муниција, пет милиони за дупка, Гета чинеше 5,53.

Цените отидоа до плафон затоа што на почетокот на кризата не се реагира. Граѓанинот плаќа двапати: еднаш на пумпа, вторпат на рата за кредит.

Светска банка потврди дека не сме трета економија туку на нво на една третина од европскиот стандард и 17 години во стапица. Статистиката не го полни фрижидерот.

Буџетот што се крои секој месец не е економија. Тоа е каса на организирана криминална група што државата ја води како штанд, а народот како гарант.

Кредитот не е приход. Кошничката без кирија не е живот.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Сметката ќе ја плати бандата.

Скопје 10.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер