3Ѓорѓиевски на свечената академија: Нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите деца
МакедонијаРистески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувањаВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром влегува во последната година од мандатот. Цели 3 години Тимчо Муцунски и Дејан Митески потрошија на лаги, изговори и празни ветувања. Во Аеродром никогаш не било полошо, секојдневно повторуваат нашите сограѓани. За 3 години ниту една од ветените четири нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче, не е ниту започната да се гради. Условите за настава во основните училишта се катастрофални, родителите сè уште собираат средства – доброволен прилог за течен сапун, влажни марамици, тонери, хартија, клима уреди и слично. Го имавме и првиот случај на труење на над 140 дечиња од прво до трето одделение, со храна подготвена во училишната кујна. По 5 години укинат е и проектот за бесплатни часови по пливање за првачињата и дечињата со попреченост од прво до трето одделени. Нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром им беше ветено на нашите сограѓани пред три години. Паркот Радост на 6.000 метри квадратни во Реонски центар требаше да биде готов пред 2 години. Мицкоски присуствуваше на почетокот на активностите за подигнување на овој парк. Општината никогаш не била позапуштена. Неискосени и пожолтени тревници, сообраќаен хаос, руинирана урбана опрема, преполни канти и контејнери, диви депонии на секој чекор се само мал дел од очајното секојдневие на нашите сограѓани. Општина Аеродром досега требаше да добие и нова гимназија, нова општинска зграда, 3.000 нови паркинг места, вело-патеки на сите улици, нови кружни текови (меѓу Мичурин и Стар Аеродром, на бул. 12 македонска бригада, кај училиштето Љубен Лапе), нов мултифункционален центар со простории за младински центар, нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче, Музеј на МЗТ, кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче. Ништо од ова не е изградено и нема да биде изградено ни до крајот на мандатот. Не е формиран ниту ветениот енергетски фонд за реконструкција на фасадите на зградите во Аеродром. Еднократната помош за новороденче требаше да биде зголемена од 8.000 на 20.000 денари. И по 3 години Општина Аеродром нема стратегијата за млади, ги нема и стипендиите за млади таленти во износ од 30.000 денари, спортските субвенции за млади во износ од 600 денари. До крајот на 2022 година требаше да бидат завршени сите постапки за легализација, а со ова темпо нема да ги завршат ни до крајот на мандатот. За 3 години стотици нереализирани проекти, 1.000 изговори. Жителите на Аеродром се прелажани. Лагите на Тимчо Муцунски се заманети со новите лаги на Дејан Митески и Христијан Мицкоски. Константа е само неспособноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за своите сограѓани во Аеродром. Трпението на граѓаните е при крај. Доста е од изговори и празни ветувања. Граѓаните бараат дела, граѓаните бараат промени. Милутин Ристески, советник во Советот на општина Аеродром и претседател на ОО СДСМ Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама во САД: Танкер удри во туристички брод, патниците скокнаа во реката Мисисипи (ВИДЕО)Голем танкер денеска се судри со туристички брод на реката Мисисипи во Њу Орлеанс, САД.На бродот имало околу 129 патници и членови на екипажот, а по судирот почнал да тоне. Започната е голема спасувачка операција, а снимките од местото на несреќата покажуваат луѓе во вода. Несреќата се случила околу 12:30 часот по локално време, недалеку од мостот Кресент Сити Конекшн. Танкерот „Атлантик Асфалт“ удрил во туристичкиот брод „Американ Херитиџ“, кој во тој момент бил закотвен на брегот. Watch the moment a tanker struck a cruise ship in New Orleans. Rescues are underway. 📷: Kern Studios https://t.co/ZPspGtM0Yr https://t.co/O1qGr8kImf — wdsu (@wdsu) November 13, 2026 Бродот се навалил по ударот и почнал да тоне Снимките што се појавија на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога многу поголем танкер се судри со туристички брод со препознатливо големо тркало на крмата. По судирот, бродот се навалил силно на страна, а дел од трупот завршил под вода. Снимките покажуваат луѓе кои носат елеци за спасување во реката, додека други се држат за оградата на бродот. Според првичните информации, „Американ Херитиџ“ се закотвил во пристаништето приближно два часа пред несреќата, а патниците се подготвувале да се симнат од него. Rescues are underway in New Orleans after a tanker struck a cruise ship on the Mississippi River Friday evening. 📷: Kern Studios https://t.co/ZPspGtM0Yr https://t.co/30fn83oHVS — wdsu (@wdsu) November 13, 2026 Голема спасувачка операција На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, полиција, брза помош, пристанишна полиција и крајбрежна стража на САД. Поручникот Стефани Ц. Норвуд од Службата за итна медицинска помош на Њу Орлеанс потврди дека сите релевантни служби се вклучени во спасувачката операција. Пристанишните власти објавија дека нивниот моментален приоритет е безбедноста на патниците, членовите на екипажот и спасувачките екипи. Според првичните извештаи, спасените патници се транспортираат до зградата на пристанишната администрација, каде што добиваат медицинска помош. View this post on Instagram A post shared by WDSU (@wdsu6) Причината за судирот сè уште не е позната Сè уште нема официјално потврдени информации за бројот на повредени или евентуално исчезнати лица. Според неофицијалните информации што ги објавија американските медиуми, танкерот можеби останал без струја пред судирот. Надлежните служби сè уште не ги потврдиле овие информации. Американските власти ја продолжуваат спасувачката операција и ги утврдуваат околностите на судирот.Тагови: брод Мисисипи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОд детска кавга до вооружена престрелка- тројца загинати, меѓу кои двајца браќа (ВИДЕО)Три лица загинаа денеска кога тепачка меѓу деца стана смртоносна во пакистанскиот град Фатех Џанг, во близина на Аток.Престрелката се случила во населбата Наи Абади, каде што расправија меѓу децата довела до тепачка меѓу возрасни членови на семејството, објави 24NewsHD. За време на тепачката, еден од мажите извадил пиштол и отворил оган. Тројцата лица починале на самото место. Жртвите се идентификувани како Самад (28), Саџид (35) и Амир Азиз (55). Самад и Саџид биле браќа. Телата на жртвите биле однесени во болницата Техсил во Фатех Џанг, а полицијата веднаш се упатила на местото на настанот по добивањето на пријавата. Според полицијата, осомничениот избегал и се водат рации на различни локации за да се уапси. Children’s Fight Turns Deadly as Three People Are Shot Dead in Fateh Jang CLICK HERE: https://t.co/3ZeI0d8y3w #ChildrenFight #Deadly #ThreePeople #ShotDead #FatehJang #TTI https://t.co/38ntrVIVRx — The Truth International (@ttimagazine) November 13, 2026 Главниот министер на Пенџаб, покраинскиот генерален инспектор на полицијата и регионалниот командант на полицијата во Равалпинди се информирани за инцидентот и презеле мерки. Командантот на регионалната полиција им наредил на високите полициски службеници веднаш да излезат на местото на настанот и да започнат сеопфатна и транспарентна истрага за да го изведат сторителот пред лицето на правдата. Тагови: браќата престрелка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЃорѓиевски на свечената академија: Нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите децаНајголемата обврска на денешните генерации е да ја продолжат борбата за подобра иднина и да изградат град што гордо ќе им биде предаден на идните поколенија.Најголемата обврска на денешните генерации е да ја продолжат борбата за подобра иднина и да изградат град што гордо ќе им биде предаден на идните поколенија, порача градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на свечената академија по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, објави Република. Денес нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите деца. Дали ќе имаат зелени паркови, дали безбедно ќе одат на училиште, дали ќе растат во град што ги слуша, ги поддржува и им отвора повеќе можности. Како градоначалник мојата заложба е да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации. Уредно, зелено, безбедно и современо Скопје. Град што ќе поврзува, што ќе инспирира. Град во кој секое населено место добива внимание, а секој наш човек добива заслужена почит. Град чие богатство се гледа и во грижата за најранливите – истакна Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека 13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на главниот град. Пред 82 години на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст, со непоколеблива решителност, а некои од нив и со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни, затоа нивното дело има вечно место во срцето на нашето Скопје. На 13 ноември го славиме најсветлиот ден во историјата на нашиот град. Денот кога по години окупација, страдање и неизвесност, градот Скопје конечно ја дочека својата слобода – порача Ѓорѓиевски. Градоначалникот посочи дека во изминатиот период биле деблокирани проекти кои со децении стоеле нереализирани и дека биле преземени обврски за решавање на најтешките прашања со кои се соочуваат граѓаните. Воедно, им оддаде особена чест на добитниците на наградата „13 Ноември“ која Град Скопје традиционално ја доделува во повеќе категории, како култура, наука, уметност, архитектура итн. по повод денот на неговото ослободување во Втората светска војна. Со вашето знаење, творештво, труд и пред сè човечност, вие му давате посебна вредност на нашиот град Скопје. Вашите успеси стануваат дел од нашиот углед и угледот на главниот град. Вашата посветеност ги охрабрува нашите млади да веруваат во себе. Вашиот пример покажува колку многу може да направи човек кога со својата дарба ќе ја посвети на општото добро – рече Ѓорѓиевски. Годинашни добитници на наградара 13 Ноември од областа на публицистиката се Леунора Калиќи за долгогодишна професионална работа во новинарството и публицистиката и Огнен Марина за делото „The Skopje Project“, посветено на истражувањето на обновата на Скопје. Во областа на образованието и воспитанието наградата му е доделена на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по повод 60 години од неговото основање. Добитници на признанието се и Мирко Стефаноски за придонес во развојот на културниот живот во Скопје, Марија Кичевска Шокаровска за долгогодишен придонес во балетската уметност, како и група автори на учебниците „Превентивна стоматологија“ и „Детска стоматологија“ во областа на здравствената заштита. Награда за заштита и унапредување на животната средина доби компанијата „Мен енд маунтен“ ДОО Скопје, додека признанието за хуманитарна активност му припадна на Илија Кировски. Во областа на спортот наградена е пливачката Меланија Ќулавковска, а во категоријата ученици и студенти наградата ја доби Михаела Блажевска за своите образовни достигнувања и за креирањето на платформата „Learn.mk“. На денешен ден во 1944 година Скопје беше ослободено од фашистичката окупација, по неколкудневни борби во кои учествувале 42. и 50. народноослободителна дивизија и 16. македонска бригада. Во борбите за ослободување на градот загинале повеќе од 420 борци, додека за време на Втората светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook