Рисима Рисимкин-три децении на македонска танцова авангарда - Канал 5

Рисима Рисимкин-три децении на македонска танцова авангарда

Поранешната балерина со остварени голем број улоги, Рисима Рисимкин, вчеравечер во рамките на програмата на „Охридско лето“ го одбележа јубилејот, 30 години кореографско творештво.

Рисима Рисимкин-три децении на македонска танцова авангарда

Во нејзина кореографија и режија, во предворјето на црквата „Света Софија“ беше прикажана претставата „Идентитети-историја на еден растегнат сон“. Прекрасната визуелна слика што се движеше 40-тина минути на сцената пред преполното гледалиште, ја донесе извонредно креативната танчерска екипа на „Скопје танцовиот театар“, а магијата беше надополнета со музиката на Тони Китановски, со костимите изработени од Благој Мицевски и дизајнот на сцената што го направи Матеа Мијановиќ.

-Ова е време на една многу необична ситуација со сето ова што ни се случува со ковид-19. И ние како „Скопје танцов театар“ пет месеци не можевме ништо да работиме освен онлајн. Многу сме среќни што последниов месец успеавме да влеземе во студио. Оваа претстава ја направивме за неверојатно кусо време и мислам дека е одраз на тоа како се чувствуваме ние, каде оди светот, кој е нашиот универзум и кој е заедничкиот универзум, како ние всушност си поигруваме со него, и за жал, не знам каде ќе завршиме. Тоа беше пораката на претставата. Инаку, танчерите работеа одлично. Навистина имав извонредна екипа и сум презадоволна. Се надевам дека и во иднина ќе правиме само убави работи и повторно ќе доаѓаме на „Охридско лето“. Се беше прекрасно и морам да ја пофалам организацијата и високиот професионализам од секој аспект, затоа сме презадоволни од целото гостување на фестивалот, изјави кореографката Рисимкин која целиот свој живот го има посветено на танцот.

Кореографката Рисимкин е посебно поврзана со фестивалот „Охридско лето“ бидејќи нејзините почетоци со организација на современ танц се токму на овој фестивал кој годинава одбележува 60 години од своето постоење.

-Во 1996 година токму овде започнав за првпат со организација на манифестација за современ танц. Тоа беше неделата на модерен балет а програмска селекторка на фестивалот беше госпоѓата Снежана Анастасова-Чадиковска и тогаш на некој начин се отворија вратите за соверемениот танц на „Охридско лето“, се присетува Рисимкин.

Рисима Рисимкин е уметничка директорка на „Танц фест Скопје“ и „Скопје танцов театар“. Редовен професор е на Катедрата за современ танц при Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Како професор за современ танц, импровизација и композиција и кореографија, предавала на унивезитети во Кина, Австрија, Холандија, како и на Бродвеј во Њујорк, САД. Автор е на бројни трудови за современиот танц и теорија на танцот , а е добитник и на бројни награди, меѓу кои и Наградата за исклучителен придонес за развој на културата во Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер