Рио 2016: Русија ќе има 271 спортист на Олимписките игри - Канал 5

Рио 2016: Русија ќе има 271 спортист на Олимписките игри

Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија, Александар Жуков соопшти дека вкупната бројка на руски спортисти кои ќе настапаѕ на 31-те Олимписките игри во Рио де Женеиро ќе изнесува 271 натпреварувачи.

Рио 2016: Русија ќе има 271 спортист на Олимписките игри
Изјавата на Жуков уследи откако претходно претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах изјави дека се уште не се знае колку спортсти ќе ја претставуваат Русија на ЛОИ.

- Во повеќето спортови е дозволено да настапуваат комплетни и да се натпреваруваат, изјави Жуков.

Според првичните најави, рускиот тим требаше да брои 387 спортисти, откако ИОК во средината на јули упати повик до спортските спортски федерации тие да одобрат листа на руски спортисти на кои ќе им дозволат учество на игрите, откако претходно Светската антидопинг агенција (ВАДА) заклучи дека во Русија се вршел систематски допинг.

Тогаш овие листи се предадени на трипартитната комисија на ИОК, која потоа ја донесе конечната одлука за учеството на руските спортисти во Рио.

Руските спортисти кои беа суспендирани, некои поединечно, а некои заедно тимски, поднесоа 11 жалби до Судот за спортска арбитража.

Можно е уште 14 руски спортисти во последен момент да добијат дозвола за учество на Игрите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“

 Американскиот милијардер, најбогатиот човек на светот, Илон Маск изјави дека не припаѓа на движењето MAGA на претседателот Доналд Трамп, иако со години јавно го поддржуваше.

Маск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“

Маск зборуваше за својот однос со движењето на Трамп во средата на самитот „Дилбук“ (DealBook Summit), организиран од „Њујорк тајмс“.

„Не сум сигурен што воопшто значи MAGA, но ако тоа подразбира некаква слепа лојалност кон политиката на Републиканската партија, тогаш тоа секако не е нешто што ме опишува мене“, рече Маск, објаснувајќи го својот однос со движењето на Трамп.

За време на претседателската кампања во 2024 година, Маск отворено го поддржа Трамп, учествуваше на неговите предизборни собири и носеше капи со натпис MAGA, што е кратенка за слоганот на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again).

На еден од предизборните собири на Трамп, тој изјави: „Јас не сум само MAGA, јас сум ’темен MAGA‘!“ Трамп му одговори Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на Маск во интервју за NBC News.

Тој рече дека постојат различни толкувања на движењето MAGA, но исто така предупреди на последиците од отстапувањето од неговите принципи.

„Постојат многу дефиниции“, рече Трамп за значењето на движењето MAGA. Тој додаде дека ова политичко движење има многу конкретно значење за него и дека оние што отстапуваат од неговите принципи не поминуваат добро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ван Дајк ги открива планови за иднината- Дали летово ќе го напушти Ливерпул?

Капитенот на Ливерпул, 35 годишниот Вирџил ван Дајк призна дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра за славниот англиски клуб од Енфилд Роуд следната сезона.

Ван Дајк ги открива планови за иднината- Дали летово ќе го напушти Ливерпул?

Договорот на холандскиот централен дефанзивец истекува во јуни 2027 година, а во интервју за „Скај Спортс“ (Sky Sports), тој не ја исклучи можноста да го напушти „Енфилд“ по речиси една деценија.

Ван Дајк дојде во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018 година и со клубот освои две титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите.

„Најважно за мене е да се чувствувам добро и да се грижам за себе. Верувам дека можам да играм уште многу години. Ќе видиме што ќе се случи по оваа сезона. Ако некој тврди дека знае што ќе правам следната сезона, тоа не е точно, бидејќи во моментов, ни јас самиот немам поим“, изјави Ван Дајк.

Тој објасни дека не сака премногу да размислува за иднината и дека моментално е фокусиран на натпреварите што му претстојат на Ливерпул: „Ова беше неверојатно патување за мене. До летото ќе поминат речиси десет години откако пристигнав, а Ливерпул стана огромен дел од мојот живот. Засекогаш ќе бидам благодарен за сè што доживеав. Дали ќе го продолжам договорот – ќе видиме. Ако не, ќе се збогувам на лето“.

Оваа сезона, Ван Дајк останува еден од најважните играчи на Ливерпул; под водство на Андони Ираола, тимот моментално се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата по десет одиграни кола, со освоени 18 бода. Холанѓанецот ги одигра сите 900 минути во лигата досега, а во неделното дерби против Манчестер Јунајтед би можел да го забележи својот 350-ти настап во Премиер лигата. Ливерпул оваа сезона има остварено пет победи, три нерешени резултати и два пораза, со што заостанува девет бода зад лидерот на табелата, Арсенал.

Во одбраната, Ван Дајк најчесто игра во тандем со 21-годишниот Жереми Жакет, кого клубот го доведе од Рен. Холанѓанецот го пофали својот млад соиграч, истакнувајќи дека – и покрај неговата возраст – тој веќе покажал зрелост неопходна за натпреварување на највисоко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон

Пожар избувнал во ноќен клуб во Никозија, при што повредено е едно лице. 

Пожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон

Поради чадот околу 50 лица останале заглавени во објектот и се засолниле на балконите каде што останале до гаснењето, при што биле безбедно евакуирани.

Портпаролот на противпожарната служба на Кипар, Андреас Кетис, информираше дека околу 2:45 часот добиле пријава за пожар на влез на ноќен клуб во кипарскиот главен град, а од пожарот биле уништени тепихот и паркетот со кои бил обложен влезот на објектот.

„Поради чадот, што се прошири на првиот кат, околу 50 лица (гости) останаа заробени во објектот. Еден маж се здоби со изгореници при обид да го изгасне пожарот“, изјавиле од противпожарната служба.

Повредениот бил пренесен во болница, а во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила со екипи од противпожарните станици во Никозија.Причините за пожарот треба да ги покаже истрагата, а кипарските медиуми пожарот најверојатно бил подметнат, бидејќи извори од полицијата посочиле дека на влезот била пронајден запалива материја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер