На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев
2На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев
Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
2Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
ЖивотРимските броеви на градскиот часовник во БитолаГрадскиот часовник во Битола, најмаркантното архитектонско обележје на градот, културно историски споменик со непроценлива вредност, континуирано е најпривлечната локација за туристите од светот.Фотографиран од секаков агол и во секое време од денот од страна на туристите кои се информираат дека е ѕидан од кршен камен пред околу 350 години и дека во малтерот се употребени околу 60.000 јајца собрани од битолските села. Лицата со попреченост може да читаат и со Брајево писмо и тоа е дополнителна вредност на заштитениот објект. Најголемо внимание предизвикаат римските броеви на часовникот поставени 1927 година, а посебно бројот четири кој е обележан со четири вертикални црти IIII, наместо со правилниот римски број IV, како што е со останатите римски броеви на часовникот. Римските цифри се броен систем кој потекнува од антички Рим, а секој број е комбинација на букви од латинската азбука. Бројот 4 се пишува како комбинација на знак со поголема вредност, во овој случај V (5) и се одзема еден број, односно точниот број на часовникот треба да биде IV, а не како што часовникот во Битола долги години е обележан со IIII. Но, токму тој сегмент дополнително го привлекува вниманието на туристите од земјава и странство. Првиот бројчаник на часовникот бил бел со црни броеви и стрелки, но подоцна е извршена промена на арапските со римски броеви. До 1912 година, времето на Градскиот часовник во Битола се мерело според „А, ла турка“, односно часовите се одбројувале од моментот на заоѓање на Сонцето. Новиот бројчаник е поставен во 1927 година, со што завршил ангажманот на лицата задолжени да ги удираат камбаните на врвот од кулата. Според истражувањата на Мирјана Димовска Чоловиќ, механизмот на часовникот го одржувале поединци, а за тоа сведочи публикуван материјал во кој меѓу другото се посочува дека „Наум Цингара, сајџија (часовничар) е отпуштен од служба со решение на судот, а Стеван Филиповиќ, овдешен сајџија, се поставува за хонорарен сајџија со месечен надоместок од 300 динари“. Денес, механизмот на Градскиот часовник во Битола го одржува Валентино Јанакиевски, вработен во администрацијата на Општина Битола. - Со љубов гледам на часовникот. Како да е дел од моето семејство. Редовно ги слушам звуците, мелодијата која одекнува секојдневно, на секои три часа, односно во 6, 9, 12, 15, 18... часот, бидејќи тогаш се слуша песната „Битола мој роден крај“. Звукот доаѓа од камбаните со посебни тонови и се слуша на секои 15 минути со еден тон, на секои 30 минути со два тонови, на секои 45 минути има три тонови, а на секои три часа е химната на градот. Времето што го покажува часовникот е секогаш точно бидејќи е приклучено на електронскиот систем на мерење време. Доколку се случи некоја стрелка да заостане, веднаш се качувам на врвот од часовникот каде што е саатниот механизам и камбаните, и тоа го корегирам. Не знам колку пати сум бил на врвот на Саат-кулата, но во една прилика, во пресрет на новогодишните празници кога поставувавме свечено осветлување, само во еден ден се искачив точно 48 пати, раскажува Јанакиевски. Според историјатот за часовникот, првиот механизам бил поставен во 1936 година како воена репарација од Првата светска војна од Германија, а воедно и подарок во знак на благодарност за изградбата на германските гробишта во Битола. На врвот од кулата биле поставени петнаесет ѕвона тешки околу 900 килограми. На ѕвоната е напишано: „Благодарност на паднатите. Спомен за живите. Опомена за потомците“. Во 2009 година, градскиот часовник на кулата е реставриран, а дотогаш емитувањето на песните се одвивало од клавир кој денеска се чува на приземјето. До врвот на Саат кулата водат 100 камени скали, низ тесен ходник кој е идентичен од влезната врата и се до платото од каде се пружа прекрасен панорамски поглед. Релјеф со птица и змија, но и надгробна ара од вториот век За туристите има уште една енигма, која е забележлива на левата страна од влезната врата. Имено, непосредно до влезот на вратата вградена е мермерна надгробна ара на која според направената ревизија и датирање на натписот извршени од д-р Наде Проева, станува збор за надгробен епитаф подигнат за синот Никомах во II-III век, од родителите, чии имиња исто така биле напишани, но се оштетени. Натписот е значаен како единствен во, како што се наведува, Горна Македонија, во кој што за покојникот се вели дека е сличен на Бога. Мермерната ара и релјефниот симбол на еден камен на југо-источниот раб на кулата се недоволно познати за меѓународната јавност. За сликата на релјефниот камен што се наоѓа на тринаесеттиот ред од второто ниво на кулата, има две легенди. Првата, дека станува збор за гулаб со маслиново гранче и змија, од која произлегува пораката дека луѓето треба да бидат мудри како змии и незлобни како гулаби. Втората легенда поврзана со тогашните градители е дека врз каменот поставиле борба меѓу орел и змија. Орелот како „крал на небото“, симбол на сила и бесмртност, а во раното христијанство посочуван и како симбол на надеж поврзуван со Исус Христос, а змијата како симбол на уништување, но и на исцелување и преродба. Ако се знае дека времето кога е градена Саат-кулата, односно дека во исламот не биле дозволени вакви илустрации, тогаш може да се претпостави дека релјефот на каменот бил изработен и поставен од градители кои биле од христијански вероисповед. Саат-кулата е висока 33 метри. На врвот има крст, поставен по осамостојувањето на државата, којшто се наоѓа на местото каде што порано имаше петокрака ѕвезда. Внатрешноста на овој најрепрезентативен маркер во Битола е недостапна за јавноста./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПетгодишно девојче ја убила својата помала сестричка со пиштолот на татко имПетгодишно девојче ја застрелало и убило својата помлада сестра, Оливија Мело Мореира, откако го пронашла наполнетиот пиштол од 9 мм на нејзиниот татко на кујнскиот пулт во нивниот дом. Трагедијата се случила во недела, 8 ноември, во Рио де Жанеиро, Бразил. Оливија била пронајдена на подот од нејзината семејна куќа од страна на нејзините родители, а нејзините две сестри биле покрај неа. Девојчето било итно однесено во болница, каде што лекарите се обиделе да ја реанимираат, но за жал, не можеле да ја спасат. Според истражителите, семејството си легнало доцна претходната ноќ бидејќи улична забава пред нивната куќа траела до 6 часот наутро. Откако забавата завршила, мајката забележала дека вратата од гаражата е широко отворена и го известила својот партнер. Потоа таткото го зел пиштолот и се симнал долу за да провери дали некој влегол во куќата. Кога се уверил дека нема натрапници, се вратил во кревет, но го оставил наполнетиот пиштол, кој сè уште бил во футролата, на кујнскиот пулт. Родителите подоцна се разбудиле од силен шум и ја пронашле Оливија на подот. Според таткото, неговата петгодишна ќерка истрчала кај него и постојано повторувала: „Извини, тато, извини, тато“. Таткото доброволно отишол во полициската станица за да даде изјава како осомничен, но во тој момент не бил уапсен, меѓу другото поради неговата соработка со истражителите. Полицијата соопшти дека тој би можел да се соочи со обвиненија за убиство од небрежност и непочитување на прописите за безбедност на огнено оружје затоа што не го спречил детето да го дофати пиштолот. Истражителите не ја исклучиле можноста за покренување случај за убиство со умисла. Пиштолот бил запленет, а членовите на одделот за убиства спровеле форензичко испитување на семејниот дом на Мореира. Во тек е истрага за да се утврдат сите околности на трагедијата. Според достапните информации, таткото имал дозвола за оружје и бил регистриран како колекционер, спортски стрелец и ловец. Неговиот правен тим одбил да коментира за случајот, наведувајќи дека семејството не сака да дава изјави во ова исклучително тешко и трагично време.Тагови: девојче пиштолот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ЕвропаДрама во Ливерпул: Вооружен маж виден покрај училиште, итна реакција на полицијата Вооружена полиција реагираше на настанот во центарот на Ливерпул откако беше пријавено дека еден маж носи оружје.Полицијата од Мерсисајд соопшти дека полицајците биле повикани поради пријави за маж кој носел оружје во Пел Мол околу 18:45 часот во понеделник. Вооружена полиција била повикана на местото на настанот и мажот бил уапсен во близина во 19:10 часот. Според извештаите, кај него била пронајдена лопата, објави Мирор. 42-годишен маж од Ливерпул бил уапсен под сомнение дека поседувал предмет што може да се користи како офанзивно оружје и бил приведен на испрашување, објави „Мирор“. Учениците и родителите на Институтот за современа музичка продукција и изведба (ICMP), кој се наоѓа во Пел Мол, изјавија за „Ливерпул Ехо“ дека зградата е ставена во „целосна блокада“ по инцидентот. Рејчел, чиј син Зак посетува ICMP, изјави во 19:30 часот во понеделник: „Син ми се јави и ми рече дека сè уште не се враќа дома бидејќи имало лице [со пиштол] на улицата Пел Мол. Трчаше по улицата.“ „Вработените ги спуштија ролетните. Навистина е страшно. Тој е заробен внатре. Мислам дека е повикана полиција.“ Непосредно пред 20 часот, три полициски автомобили и единица со кучиња беа видени паркирани пред МКИП, на улиците Прусија и Хајфилд. Ролетните на зградата беа делумно спуштени и двајца полицајци влегоа внатре. Неколку минути подоцна, ролетните беа целосно подигнати и десетици ученици почнаа да ја напуштаат зградата. Никој не е повреден, а полицијата потоа ја прекина операцијата. Лука Пирсон, 19, рече дека тој и неколку други ученици виделе човек со пиштол на улицата Прусија. „Сите влеговме во зградата на училиштето“, рече тој. Друг студент рече: „Имаше еден човек во долна облека [со пиштол]. Беше по улицата. Нè погледна, ние го погледнавме него.“ „Потоа веднаш влеговме внатре. Навистина не знаевме што да правиме. Се случи пред околу два часа.“ Секој што има информации за инцидентот се повикува да контактира со полицијата во Мерсисајд преку профилот @MerPolCC на социјалните мрежи или со повик на бројот 101, наведувајќи го референтниот број 907.Тагови: Ливерпул училиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНа Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев Сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, во која загинаа 12 лица, а 50 беа повредени, предизвика политички реакции откако беше откриено дека камерите и системите за надзор снимиле опасно густа магла два часа пред трагедијата.Опозицијата тврди дека властите имале доволно време да реагираат, но не ги презеле потребните мерки, поради што сега бара оставка од премиерот и министрите, пренесува БНТ. Тешката сообраќајна несреќа се случила рано наутро на автопатот Тракија, во близина на раскрсницата Зимница, каде што се судриле десетици автомобили и камиони поради исклучително лоша видливост. Според официјалните бројки презентирани од министерката за здравство Катја Ивкова, во сообраќајната несреќа животот го загубиле 12 лица, додека 50 повредени лица се лекуваат во болници. Меѓу тешко повредените е и лекар од Детската болница „Света Анастасија“ во Бургас, што го потврди и директорот на оваа здравствена установа, д-р Благомир Здравков. Поради големиот број повредени, започната е обемна спасувачка и медицинска операција. Поголемиот дел од пациентите, 27 од нив, беа сместени во болниците во Сливен, 12 беа префрлени во здравствените установи во Јамбол, додека седум беа лекувани во две болници во Бургас. Властите, исто така, предвидоа можност најтешко повредените да бидат префрлени со авион во Софија, каде што ќе продолжат со лекувањето. Бугарскиот премиер Румен Радев го прогласи 11 ноември за ден на жалост. Камерите предупредија на опасноста неколку часа пред несреќата По трагедијата се постави прашањето за одговорноста на надлежните институции, бидејќи, според експертите и опозицијата, густата магла не беше изненадување. 📌 Φονική καραμπόλα, λόγω ομίχλης, κοντά στο Γιάμπολ της Βουλγαρίας, με τουλάχιστον 11 νεκρούς. 🎞️ AFP #Bulgaria https://t.co/xUg5wKBIBb — NEWS 24/7 (@News247gr) November 10, 2026 Георги Галабов од Институтот за безбедност во сообраќајот рече дека камерите на Агенцијата за патна инфраструктура (API) регистрирале спуштање и постепено згуснување на маглата на оваа делница околу два часа пред несреќата. Според него, интерактивниот систем испратил предупредување до надлежната институција за влошување на временските услови, додека камерите истовремено ги снимиле возилата што се движат со голема брзина и покрај драстично намалената видливост. Галабов нагласи дека имало доволно време за преземање превентивни мерки. Меѓу можните решенија, тој ги наведе третирањето на патот за да се спречи формирање мраз, привремено или етапно затворање на ризичниот дел за два до три часа, како и испраќање полициски патроли за регулирање на сообраќајот. Опозицијата бара оставка од премиерот, се подготвува гласање за недоверба Трагедијата предизвика жестоки реакции и во бугарскиот парламент, каде што претставниците на опозициската партија ГЕРБ побараа оставка од премиерот Румен Радев и надлежните министри. Потпретседателот на партијата Даниил Митов, поранешниот регионален министер Николај Нанков и Теменушка Петкова ги обвинија властите за неактивност и обид за префрлање на одговорноста, најавувајќи дека ќе започнат консултации и ќе собираат потписи за гласање за недоверба на владата. Митов ги отфрли тврдењата на министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев дека нема врска помеѓу системот на Агенцијата за патна инфраструктура и Министерството за внатрешни работи. Тој истакна дека размената на податоци во реално време функционира преку Националниот координативен центар за безбедност во сообраќајот. Николај Нанков тврдеше дека информациите за густа магла стигнале до Центарот за ситуации на Агенцијата за патна инфраструктура еден ден пред несреќата, додека камерите покажале исклучително лоша видливост најмалку еден час пред судирот. Тој ги обвини властите дека не го обезбедиле соодветно патот, наведувајќи дека патот не бил третиран од мраз и дека режимот на зимско одржување не бил воведен дури ни до 10 ноември. Нанков, исто така, посочи на проблемите во одржувањето на патната инфраструктура. Според него, августовската наредба го ограничила тековното одржување на патиштата, вклучително и сигнализацијата и ознаките, додека договорот од 2020 година за поставување 40 електронски информативни табли на автопатот „Тракија“ бил раскинат две години подоцна, без да биде завршена работата. Теменушка Петкова ги обвини премиерот и владата дека ги манипулирале наодите од ревизорскиот извештај на Сметковната комора со цел да ја префрлат одговорноста за лошата состојба на патиштата на претходната влада. Истрагата за околностите на трагедијата и одговорноста на надлежните служби ќе биде клучна за утврдување како се случила една од најсериозните сообраќајни несреќи во Бугарија.Тагови: Бугарија Румен Радев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter