Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
2Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
МакедонијаРимокатолиците го слават Велигден Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена Воскресна литургија. На литургијата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска, претставници на верските заедници, граѓанските власти и дипломатскиот кор и личности од јавниот и општествениот живот. Велигденското бдение започна со благослов на огнот пред катедралата и внесување на воскресната свеќата во катедралата. Велигденската литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. Тој ја прочита воскресната проповед и им го честиташе празникот на католичките верници. - Драги браќа и сестри!Велигденскиот пост, во римскиот обред, го започнавме со посипување пепел на нашите глави како знак на покајание и свест за сопствената ранливост и минливост, но и за нашата грешност, што нè охрабрува да се покаеме и да се вратиме кај нашиот Небесен Отец, изворот на секое добро. Како и во претходните години, за жал и оваа година, за време на подготовките за прославата на празникот Воскресение Господово, слушаме вести што ни доаѓаат од подрачја зафатени со војна. Во февруари го започнавме нашето Велигденско патување кон прославата на Христовото Воскресение и во нашите умови и во потсвеста некако постојано се појавува и избива на површина фактот дека токму во овој месец се одбележува четири годишнината од почетокот на големата инвазија врз Украина, со што започна војната, која, како што вели папата Лав XIV, „како рана беше нанесена на целото човечко семејство“ и остави лузни врз многу генерации. Со голем копнеж и емпатија за сите оние што страдаат, постојано ги упатуваме нашите повици до Творецот на човештвото да ги охрабри срцата на оние што се одговорни за ова насилство да тргнат по патот на преобразување и да вложат напори за барање и воспоставување праведен мир. На Блискиот Исток, крвта од минатите конфликти сè уште не се исушила на земјата каде што била пролеана, а нов конфликт веќе повторно се разгоре, ширејќи се во околните земји, со насилство и уништување, продолжувајќи да шири омраза и страв, што предизвикува кај нас загриженост. Христијаните во овие земји, исто така, како „мало стадо“, се обединети во човечко братство со други народи и заедници во земјите погодени од војната и доживуваат тешки искушенија во постојана опасност и неизвесност за нивните животи. Среде ваквото страдање, папата Лав постојано повикува на молитва за мир за да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да му се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите. Драги браќа и сестри, ние сме мал народ во оваа земја кој заедно со другите народи формира големо човечко семејство, но нашето мислење веројатно тешко ќе може да се пробие на меѓународно ниво во „игрите“ резервирани само за големите и силните. Исто така, како католичка заедница, ние претставуваме малобројност во нашата татковина, па затоа нема да биде лесно до светот да допре нашата заложба за градење мир, но сепак, свесни сме дека имаме голема сила што може да направи големи работи. Таа сила е Исус Христос. Тој е и нашето богатство. Исус Христос, и покрај нашите несовршености, живее меѓу нас. Тој ни овозможува да бидеме сведоци на надежта и спасението, и носители на светлината и правдата во времето во кое живееме. За ова сведочат и светли личности од историјата на нашата Црква, како што е нашата светица, Света Мајка Тереза од Калкута, родена тука, во Скопје. Еднаш ја прашале што направила „големо“ во светот, а таа одговорила дека не прави големи работи, туку „мали работи со голема љубов… Она што го правиме е само капка во океанот. Но, без нашата работа, океанот би бил посиромашен за таа капка“. Ова е вистината што нè води. Ние сме семе посеано на огромно поле, семе што раѓа богат плод. Тоа е семе на сочувство и љубов, а преку нас Бог е присутен на овој свет. Точно, она што Бог ни го доверува, честопати го доживуваме како товар и крст што мора да го носиме и правејќи го тоа понекогаш се чувствуваме ранливи и немоќни. Така и нашиот Господ Исус Христос, ранлив и немоќен, го носеше Својот Крст на патот кон Голготата, каде што беше распнат на местото наречено Голгота, но Тој целосно се предаде на Крстот, на кој „ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме дека Тој беше поразуван, казнуван и понижуван од Бога. А Тој беше изранет со многу рани од нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме“ (Исаија 53,4-5). Со Неговото воскресение, Тој извојува победа над гревот и смртта; Тој им даде на сите луѓе слобода и моќ да станат Божји деца. Следејќи го примерот на нашиот Учител и Господ, ние христијаните примивме власт да бидеме знак за светот во негово име и повикани сме да им понудиме помирување на сите луѓе, насочувајќи ја нашата молитва на благодарност кон Бога во името на сите луѓе. Тука можеме да бидеме светлина за луѓето на нивниот пат кон Бога. Драги браќа и сестри, Велигден е дар од Бога. Тој е и повик до сите кои веруваат да им помогнат на луѓето во време на криза, да бидат надежни, да внесат светлина во темнината на светот против стравовите и грижите за утрешнината и вера во иднина во која љубовта, и покрај конфликтите, ќе покаже сила дека е посилна од омразата и дека злото не може и не смее да го има последниот збор. Затоа, Велигден е причина за нашата надеж, и покрај сите конфликти и војни. Треба полека да созрееме во оваа вера. Исусовите ученици, исто така, полека созревале во верата и учеле за да почнат да го разбираат овој голем Божји дар за човечкиот род, кога Бог го дал Својот воплотен Син за сите нас да нè спаси и искупи. По воскресението на Исус, во умовите на Исусовите ученици се појавиле многу прашања, истите прашања што се појавуваат и за нас во ова време. Марија Магдалена дошла на гробот наутро на Велигден од љубов кон својот Учител, за да ја излее својата тага врз гробот. Кога пристигнала, стоела збунета од глетката пред неа. Во нејзината глава се појавиле многу прашања. Потоа, Исус, кого таа на почетокот не го препознала, ѝ се доближил и ја прашал: „Жено, зошто плачеш? Кого го бараш?“ А таа ја формулира својата збунетост и тага со зборовите: „Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го положил, а јас ќе Го земам“ (Иван 20,15). Апостол Тома, кога слушнал за случувањата поврзани со воскресението, прво се осмелил да изрази сериозни сомнежи за на крај да ја исповеди својата вера: „Господ мој и Бог мој“ (Иван 20,28). Двајцата ученици на патот кон Емаус првично не ги разбираа настаните околу тоа што му се случувало на „Исус од Назарет“, но на крајот, откако го сретнале, можеле да заклучат: „Зар не гореа во нас срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото“ (Лука 24,32). Петар не се осмелил да го праша воскреснатиот Господ ништо кога го сретнал (спор. Иван 21,12), и тој навистина не напредувал во верата сè додека самиот Господ не го прашал три пати, речиси засрамувачки: „Симоне Јонин, Ме љубиш ли?“ (Иван 21,17). Потоа, верата одеднаш почнува да гори во него. Прашањата ги продлабочуваат нашите односи, ни даваат мудрост и ја насочуваат нашата вера кон нејзините длабочини, вера што навистина може да нè преобрази. Нека воскреснатиот Господ навистина нè води и обликува според Неговата волја за да можеме да бидеме вистински сведоци на Оној кој умре и воскресна за нас! На сите вас ви посакувам Честит празник Воскресение Христово – Велигден – Христос воскресе!, рече во Велигденската проповед скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Киро Стојанов.Тагови: Велигден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПијани гости им го „украдоа“ првиот танц на младенците во Сплит- снимката е урнебесна (ВИДЕО)Додека младенците беа на подиумот за танцување изведувајќи го својот прв танц, вниманието на гостите требаше да биде насочено исклучиво кон нив. Сепак, видео од свадба во Сплит покажа дека непланираните настани понекогаш можат да ја украдат претставата дури и од главните ѕвезди на вечерта, пишува „Слободна Далмација“. Имено, додека младенците уживаа во романтичен момент, во позадина се одвиваше сосема поинаква сцена. Двајца гости беа толку зафатени со атмосферата што во еден момент завршија на подот, каде што почнаа да се тркалаат и да се смеат, што предизвика воодушевување кај некои од присутните. Видеото го објави на социјалните мрежи Lex Band, со хумористичен натпис: „Како да го засените првиот танц“. Видеото брзо го привлече вниманието на корисниците, а многумина не можеа да не се насмеат кога видоа што се случува зад младенците. Коментарите беа полни со шеги за гостите, а некои забележаа дека тие станале главни ѕвезди на вечерта. Други истакнаа дека најзабавните моменти на свадбите често се оние што не биле планирани. Некои корисници признаа дека морале да го гледаат видеото неколку пати за да забележат што се случува во позадина. Додека младенците се обидуваа да ја зачуваат романтиката и елеганцијата на нивниот прв танц, двајца гости успеаја да го украдат целото нивно внимание, барем за кратко време.Тагови: младенците гости Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
СудбинаУпаднале на фарма, пукале во сопственикот и се изживувале- му ги исекле ушите и се обиделе нешто одвратно (ВИДЕО)Јужноафриканец бил измачуван за време на грабеж на неговата фарма, при што му биле отсечени ушите.50-годишниот сточар Донован Маркс вчера бил сам дома откако неговата сопруга Луиз заминала на работа кога двајца мажи нападнале еден од неговите работници во шталата, објавува „Дејли меил“.. Фармерот бил врзан, а потоа насилно внесен во главната куќа на фармата, каде што Маркс бил застрелан и избоден во ногата. Додека лежел во локва крв, напаѓачите го исмејувале, потоа го држеле долу и му ги отсекле ушите, кои потоа ги исекле на мали парчиња. Неговиот сосед објавил на социјалните мрежи дека работникот успеал да се ослободи и да побара помош. Пристигнувањето на едно лице кое му дошло на помош ги спречило напаѓачите да му ги отсечат и гениталиите. Разбојниците не успеале да украдат вредни предмети од фармата во близина на Почефструм, туку избегале со автомобилот и приколката на Маркс. White farmer has his ears hacked off during horrific torture in South African farm robbery: 'The motive clearly isn't just to steal' https://t.co/n6HU2iNxmj — Daily Mail (@DailyMail) October 29, 2026 Повредениот човек бил итно префрлен во болницата Медиклиника Почефструм, каде што лекарите му пружиле помош. Според достапните информации, Маркс се бори за живот, а болницата објави дека неговата состојба е „критична, но стабилна“. Питер Стајн, зет на повредениот сточар, рече дека Маркс бил застрелан во рамото и избоден во ногата. „Не знаеме зошто бил мачен. Не можел да разговара со нас, а она што се случило уште еднаш покажува колку се брутални нападите врз фармите во Јужна Африка. Ваквите напади излегуваат од контрола“, рече Стајн. Тој додаде дека мотивот за нападот очигледно не бил само кражба. „Напаѓачите го врзале работникот на фармата, а потоа го мачеле Донован. Сепак, работникот успеал да се ослободи и да повика помош, која брзо пристигнала. Колку што знаеме, работникот не бил повреден“, рече Стајн. Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко време по нападот, заедно со екипа на брза помош. Пратеникот на Демократската алијанса и претседател на парламентарниот комитет што ја надгледува работата на Јужноафриканската полициска служба, Иан Камерон, го осуди нападот. „Не секој напад на фарма вклучува тортура, но за намерната суровост што се случува во некои случаи мора отворено да се зборува. Двете жртви заслужуваат соодветна поддршка“, рече Камерон. This morning Donovan Marx was viciously attacked on his farm. Severely beaten. Ears cut off. This is the brutal reality facing our farmers. Stop waiting for someone else to protect you. Join your local safety structures now. Visit https://t.co/h54X5i83SK Look after yourself. Look after your family. @afriforum — Jacques Broodryk (@JacquesBroodryk) October 28, 2026 Тој рече дека лично присуствувал на истрагите на местото на нападите каде што жртвите биле подложени на тешка тортура. „Луѓето биле истурани со врела вода, некои дури и во грлото. Жртвите биле горени со пегли за облека, а на некои им биле дупчени дупки во рацете и нозете. Во некои случаи, луѓето биле држени во заробеништво со часови и мачени“, рече тој. Камерон рече дека планирањето за итни интервенции мора да го земе предвид времето што напаѓачите го поминуваат со жртвите, нивото на насилство и изолацијата на фармите. „Погрешно е да се потценуваат нападите на фармите споредувајќи ги со други насилни злосторства. Ниту еден политички лидер не треба да го одобрува или поддржува насилството врз земјоделците и работниците“, рече Камерон. Тој додаде дека полицијата на Северозападната покраина мора да обезбеди случајот да биде истражен од искусни истражители и дека доказите можат да се користат на суд. Портпаролот на полицијата на Северозападната покраина, капетанот Маџанг Скалки, рече дека полицијата сè уште собира информации за нападот и ќе даде повеќе детали подоцна. Нема апсења. Д-р Корнелиус Малдер, лидер на десничарската партија „Фронт на слободата“, исто така го осуди нападот. „Нападот врз г-дин Маркс беше исклучително брутален. Нашите мисли и молитви се со него и неговите најблиски“, рече Малдер. Тој рече дека неговата партија постојано предупредува дека нападите врз фармите често се придружени со екстремно насилство и тортура, поради што, рече тој, тие не треба да се третираат како обични злосторства. Малдер повторно го повика јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса да го признае обемот на убиствата и нападите врз земјоделците и да преземе конкретни мерки. Тој рече дека деталите за тоа што се случило со Маркс се толку шокантни што не треба да бидат објавени. Ова е втор напад врз фарма во северозападната провинција оваа недела. Претходно, сопругата на земјоделец беше претепана до смрт со метална шипка додека ја отвораше безбедносната порта на нивната фарма во градот Отсдал. Нејзиниот сопруг ја пронашол како лежи во локва крв. Таа починала на пат кон болница. Земјоделците во Јужна Африка велат дека властите ги игнорираат злосторствата против нив и дека нападите често се насочени и брутални. Тие веруваат дека ваквите злосторства не треба да се сведат на категоријата „обичен криминал“. Според текстот, помеѓу 40 и 72 земјоделци се убиени на фармите во земјата секоја година. Сепак, властите истакнуваат дека овој број е незначителен во споредба со приближно 75-те убиства што се извршуваат секој ден во целата земја. Демонстрантите велат дека нападите врз фармите се одликуваат со суровост, тортура и продолжено страдање на жртвите и дека затоа треба да се класифицираат одделно. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано тврди дека Јужна Африка е подложена на „бел геноцид“, велејќи дека белите земјоделци се цел на напади и убиваат, а нивната земја е одземена. Соединетите Американски Држави ја променија својата политика за бегалци и азил за да им дадат поголем приоритет на белите Јужноафриканци кои сакаат да дојдат во САД, тврдејќи дека тие бегаат од прогон. Сепак, јужноафриканските власти инсистираат дека високата стапка на насилен криминал и напади врз фарми ги погодува граѓаните од сите раси и дека нема докази за геноцид врз белото население. Претседателот Рамафоса силно ги отфрли тврдењата дека белите земјоделци се издвојуваат како цели на насилни напади. Корисник на социјалните мрежи, кој рече дека е сосед и пријател на Маркс, ги опиша деталите од нападот. „Донован беше застрелан во грб, а куршумот му излезе од стомакот. Двете уши му беа отсечени“, напиша тој. Повредениот човек беше однесен во болница, рече тој, но лекарите сè уште не беа сигурни дали ќе можат да му ги реконструираат ушите, бидејќи напаѓачите ги исечеле на мали парчиња. „Тие се обидоа да му ги отсечат гениталиите, но за среќа наишол еден работник. Потоа двајцата избегале од фармата со неговиот пикап“, рече соседот на Маркс. Слични инциденти ја потресоа земјата и претходно Во 2021 година, седум вооружени напаѓачи поставија заседа врз сточарот Нил Бирман (47), неговата сопруга Соња (43) и нивните три мали синови на оддалечена фарма во покраината Мпумаланга. Напаѓачите ги принудија да отворат сеф со пиштол. Кога откриле дека внатре нема ништо вредно, го ставиле шестгодишното момче во рерна и се заканиле дека ќе го испечат живо. Минатата година, сточарката Рол Ујс (70) преживеала брутален напад врз нејзината фарма во Каролина, исто така во покраината Мпумаланга. Напаѓачите ја држеле додека загревале вода во котел, а потоа ја мачеле повеќе од еден час, смеејќи се и загревајќи ја водата за да ја прелијат. Тие истуриле врела вода врз нејзината глава, ја удирале со чајник, ѝ ги врзале устата и лицето со селотејп, ја врзале со синџир, потоа фрлиле куп мебел врз неа и ја оставиле да умре. Во неверојатен пресврт на настаните, Ујс била пронајдена жива кога луѓето што дошле во куќата откриле што се случило. Таа преживеала и покрај критичните повреди и тешките изгореници на главата и лицето.Тагови: фарма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ТехнологијаИлон Маск најави крај на парите- доларите ќе бидат заменети на два начина(ВИДЕО)Доларот и другите традиционални валути ќе станат целосно непотребни поради развојот на вештачката интелигенција и роботиката, а богатството наместо со пари ќе се мери во енергија и физички ресурси, изјави Илон Маск. Во разговор со биографот Волтер Исаксон на подкастот „Градителите“, Маск истакна дека идната валута може да се изрази преку основни физички мерни единици како вати и тони, особено кога цивилизацијата почнува да населува други планети и кога достапната енергија станува клучен ресурс за опстанок. Роботите како единствено решение за американскиот долг Маск верува дека масовната автоматизација е единствениот реален начин за рехабилитација на огромниот јавен долг на Америка. Неговата пресметка поаѓа од фактот дека роботите и напредните алгоритми драстично ќе го зголемат производството на стоки и услуги со значително помала човечка работа. Тој оценува дека финансиската криза не може да се реши со едноставно намалување на државната потрошувачка, пред се поради големиот политички отпор кон ваквите мерки. Зборувајќи за сопственото богатство, кое Блумберг го проценува на околу 921 милијарда долари, Маск очекува дека даночните закони во следните генерации значително ќе го намалат богатството на неговите наследници. Затоа тој планира неговата фондација да продолжи да инвестира во одржлива енергија и проширување на човештвото надвор од Земјата, а исто така ја објави својата намера да донира акции на SpaceX во вредност од повеќе од 10 милијарди долари на американските деца следната година.Тагови: Илон Маск пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter