Рикер по средбата со Заев: Тука секогаш се чуствувам како дома

Идниот помошник државен секретар на САД за Европа и Азија ,Филип Рикер заедно со премиерот Заев во Владата одржаа прес конференција.

Република Северна Макеоднија стана стабилен партнер на САД, изјави премиерот Заев.

Рикер денеска во Скопје се сртена и со шефот на дипломатијата Димитров, но и со опозицискиот лидер Мицкоски.

Деталите од Александар Видиновски.

Дали Надал ќе се прости од тенисот по убедливиот пораз од Хуркач?

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач се пласираше во третото коло на Мастерсот во Рим откако го елиминираше Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 (6:1, 6:3).

Хуркач, кој е 9. тенисер во светот, веќе во првиот сет посочи во кој правец ќе оди споменатиот меч. Тој успеа да направи брејк во четвртиот и шестиот гем, дозволувајќи му на Надал само еден гем.

И во вториот сет одигра убедлива партија, а со брејк во третиот сет практично го реши прашањето на победникот.

Ривал на Хуркач во следното коло ќе биде Аргентинецот Ечевери.

Украински генерал: Одбраната на Киев ни останува главен приоритет

Командантот на украинските копнени сили рече дека очекува 26-месечната војна против Русија да влезе во клучна фаза во следните два месеци, бидејќи Москва се обидува да ги искористи доцнењата во испораката на оружје за Киев.

„Русија знае дека ако добиеме доволно оружје во рок од месец или два, ситуацијата може да се сврти против нив“, изјави генералот Олескандер Пављук за магазинот „Економист“ во интервју објавено вчера.

Залихите на оружје во САД се забавуваат со месеци бидејќи пакетот помош предложен од претседателот Џо Бајден е закочен поради несогласувањата во Конгресот. Мерката беше донесена на крајот на минатиот месец.

Претседателот Володимир Зеленски вчера изјави дека на Украина сè уште ѝ треба „навремена“ идна испорака на клучните оружја.

Интервјуто на Пављук му претходеше на вчерашниот руски оклопен напад врз областите на североисточниот регион Харков.

Економист пишува дека Пављук верува дека Москва ќе остане фокусирана на нејзиниот бавен напредок низ регионите Луганск и Доњецк на исток. На Украина ѝ треба повеќе воздушна одбрана, рече тој, и ќе добие поттик од планираната испорака на борбени авиони Ф-16.

Русија, изјави Пављук за списанието, „ја тестира стабилноста на нашите линии пред да го избере најсоодветниот курс“.

Руските сили зазедоа голем број села на исток откако го зазедоа градот Авдијевка во февруари.

Се чини дека Пављук ја минимизира потенцијалната загуба на источниот град Часив Јар, опишан како порта кон другите градови, како што се Краматорск и Славјанск.

Загубата на Часив Јар, рече тој, нема да има пресудна важност бидејќи тоа е само „обична урбана населба“.

Пављук, исто така, рече дека верува оти фокусот треба повторно да се фокусира на Киев, каде руските сили се повлекоа на почетокот на инвазијата, откако првично се обидоа да напредуваат кон главниот град.

„Одбраната на Киев останува една од нашите главни грижи, без разлика колку се тешки работите на исток“, изјави тој за Економист. „Тоа е срцето на Украина и знаеме дека одбраната на главниот град ќе игра клучна улога во иднина“, истакна тој.

„Аурора Бореалис“ над Европа се појави поради најсилната сончева бура во последните 20 години

Голема соларна бура ја погоди Земјата и се заканува со можни нарушувања во работата на сателитите, електричните мрежи и телекомуникациските системи.

Тековната геомагнетна бура сега е „екстремна“ или на ниво 5 од 5, објави вчера вечерта Центарот за предвидување на времето во вселената. Ова е прва бура Г5 од октомври 2003 година.

Она што, условно кажано, е добро, што таа ја донесе неверојатната поларна светлина што можеше да се види низ целиот свет.

Како што е најавено, вчера започнаа неколку коронални експлозии (КМЕ) - исфрлање на плазма и магнетни полиња од Сонцето. Американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA) соопшти дека за време на викендот се очекуваат посилни геомагнетни бури.

Активноста на Сонцето се зајакнува и опаѓа во циклуси од околу 11 години. За време на сончевите максимуми, има зголемување на фреквенцијата на два сончеви феномени - соларни изливи и коронални масовни исфрлања (CME) - кои предизвикуваат нарушувања во магнетните полиња на Сонцето.

Сончевите блесоци вклучуваат големи количини на енергија емитирана во форма на електромагнетно зрачење. Иако тие патуваат со брзина на светлината, така што ќе стигнат до Земјата за околу 8 минути, тие влијаат само на горните слоеви на атмосферата, особено на јоносферата, предизвикувајќи прекини во сателитската комуникација и GPS. Но, тие не претставуваат закана за копнената комуникација или друга инфраструктура.

Короналните масовни исфрлања вклучуваат лансирање на електрично наполнета соларна материја и придружното магнетно поле во вселената. Овие облаци од магнетни честички можат да патуваат од 13 часа до 5 дена до Земјата.

Тие не можат да навлезат во атмосферата и директно да влијаат на луѓето, меѓутоа, тие комуницираат со магнетното поле на Земјата и предизвикуваат силни електрични струи на површината на Земјата кои можат да нарушат, па дури и да уништат различни технологии. Ова ќе се случи само ако се случи Земјата да се најде на патот на CME и особено ако нивниот магнетизам е насочен против правецот на магнетното поле на Земјата.

Вселенскиот синоптичар Шон Дал вели дека сите инфраструктурни оператори се однапред известени и се координираат со сателитски оператори, телекомуникациски оператори и луѓе кои се грижат за одржување на електричните мрежи.

Федералната управа за авијација на САД изјави дека „не очекува никакви значајни влијанија врз националниот воздушен простор поради потенцијалната геомагнетна бура“.

За разлика од сончевите факели, кои стигнуваат до Земјата со брзина на светлината за околу осум минути, короналните експлозии патуваат побавно.

Метју Овенс, професор по вселенска физика на Универзитетот во Ридинг, изјави за АФП дека ефектите од ова ќе се почувствуваат главно на северните и јужните географски широчини. Колку ќе се прошири ќе зависи од конечната јачина на бурата.

Флуктуирачките магнетни полиња поврзани со влијанието на геомагнетните бури предизвикуваат струја во долгите жици, како што се далноводите, што потенцијално доведува до прекини. Загрозени се и вселенските летала поради високите нивоа на радијација, иако атмосферата на Земјата го спречува да стигне до нас.

Оваа бура внимателно ја следи администрацијата на Бајден, соопшти Белата куќа.

Најсилната геомагнетна бура во историјата се случила во 1859 година и е позната како настанот Карингтон, именуван по британскиот астроном Ричард Карингтон.

Овој катаклизмичен CME стигнал до Земјата за само 17,6 часа, предизвикувајќи штети и пожари во телеграфската мрежа и опремата, а неколку оператори доживеале струен удар.

Предизвикал големи телеграфски нарушувања во Северна Америка и Европа. Една неодамнешна студија која ги анализирала ризиците што настанот во Карингтон би ги претставувал за американската електрична мрежа денес покажал дека 20 до 40 милиони луѓе во таа земја би можеле да бидат без струја до 2 години, со вкупна економска цена од 0,6 до 2,6 трилиони долари.

притисни ентер