Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ФормулаРикардо: Треба да ја донесам втората најважна одлука во мојот животПилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо сака неговиот следен договор со тим од Формула 1 да биде со соодветна сума за неговите квалитети. Австралиецот верува дека, влегувајќи во својата осма година во мотоспортот, тој заслужил посериозна плата и однос кон него. По Големата награда на Франција, пилотот рече дека очекува разговорите меѓу него и Ред Бул да станат сериозни. Желбата на Рикардо е да го стори тоа пред трките во Австрија и во Велика Британија, кој тој ги опишува како „домашни“ за тимот. Последните години околу Австралиецот има гласини дека ќе избира помеѓу Мерцедес и Ферари, откако неговиот договор со Ред Бул истекува. Минатата недела во западните медиуми имаше информации дека Мекларен е подготвен да му понуди голема плата, ако Фернандо Алонсо одлучи да го напушти британскиот тим. Рикардо рече дека титулата кај пилотите ќе биде приоритет за него од сезоната 2019 и понатаму, но сега се враќа кон своите лични ангажмани во Формула 1, кои ќе му овозможи да ја исполнат таа цел. - Приоритет е да се обидам да го направам автомобилот најсилен на патеката. Верувам дека е можно. Ова е првото нешто што доаѓа во мојот ум. Ако нема шанси да се случи тоа, тогаш треба да ги разгледам другите опции. Мислам дека како пилот давам многу. Твојата цена како натпреварувач е „X“ сума на пари. Таа треба да се дефинира и да се добива, во однос на она што си го дал на спортот. Чувствувам дека имам одредена вредност и сакам сите мои очекувања да бидат оправдани, бидејќи луѓето очекуваат од мене да ги оправдам нивните, рече Рикардо. Рикардо ќе наполни 29 години во недела, а во неговата кариера има 137 трки и 7 победи. - Ако не ја освојувам титулата и завршам четврти или петти, нема да има никаква разлика. Единствениот начин на кој мојата кариера може да направи чекор назад е ако престанам да се справувам добро. Не се плашам од ништо. Најтешко беше да се напушти Австралија и да дојдам во Европа. Не верував дека сум многу добар, но тоа беше важна одлука во мојот живот. Мојата одлука во 2019 година ќе биде втората најважна работа во мојот живот, по преселувањето од Австралија, заврши пилотот на Ред БулКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter