Ријана промовира уште една песна, снимена за филмот „Блек Пантер“ (ВИДЕО) - Канал 5

Ријана промовира уште една песна, снимена за филмот „Блек Пантер“ (ВИДЕО)

Пејачката од Барбадос, Ријана, ноќеска објави нова песна Born Again, која ќе се најде на саундтракот на новиот филм на Marvel Black Panther: Wakanda Forever.

Ријана промовира уште една песна, снимена за филмот „Блек Пантер“ (ВИДЕО)

Тоа е втора песна што Ријана ја објави во рок од неколку недели и двете песни се направени за споменатиот блокбастер на Марвел.

За помалку од десет часа песната Born Again собра повеќе од 313 илјади прегледи и е потенцијално новиот голем хит на Ријана.

Ријана пред неколку недели ја објави песната Lift Me Up која е направена за саундтракот на новото и долгоочекувано продолжение на филмот Black Panther, а за неполни две недели собра 33 милиони прегледи на YouTube и брзо се искачи на врвот на музичките топ листи во светот и е прогласена за песна на неделата.

YouTube video

Исто така, Lift Me Up е посветена на прерано починатиот актер Чедвик Бозман, кој ја играше улогата на Црниот Пантер во првиот дел и во „третата фаза“ на Марвел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче

Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче - под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје

СДСМ: Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче

Во Гостивар, повеќе од месец дена граѓаните немаат безбедна вода за пиење.

Над 50 населени места се со загадена вода.

А овде, на север, во околината на изворот за вода Рашче, тлее нова еколошка катастрофа.

Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски.

Околината на изворот од кој со вода се снабдуваат Скопје и 25% од граѓаните во Македонија е затрупана во депонија.

Стравична е оваа слика што ја објави наш познат новинар.

Страшно е тоа што го гледаме тука на терен.

За оваа катастрофа, не му треба на ВМРО и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дрон - еве каква е состојбата…катастрофа!

Тотален хаос.

И тоа на подрачје каде што е изворот за вода за пиење и каде што се произведуваат земјоделски производи, кои стигнуваат на пазарите.

Ова е директна закана за водата за пиење и за здравјето на граѓаните.

Кој го дозволува овој еколошки геноцид?

Кој дозволил ваква дива депонија да се создава во близина на изворот од кој се снабдува една четвртина од граѓаните во државата?

Кој ќе одговара за овој ризик од загрозување на здравјето и животите на граѓаните?

Цела држава ја отруја од неодговорност - 50 населени места во државава се со загадена вода а никој не понесува одговорност.

Не смее да се чека да се случи нова уште поголема катастрофа.

Кој го штити изворот Рашче?

Кој ќе гарантира дека водата е безбедна?

И кој ќе понесе одговорност?

Граѓаните имаат право на чиста и безбедна вода.

Не може цела Македонија да биде заложник на неспособноста и неодговорноста на ВМРО.

Водата не е партиска тема. Водата е живот.

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечер на барокна музика со македонските уметници Владимир Костов и Цветанка Созовска

Еминентните македонски уметници , виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вечерва ќе изведат барокна музика во рамки на фестивалскиот репертоар на 66. „Охридско лето“.

Вечер на барокна музика со македонските уметници Владимир Костов и Цветанка Созовска

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Цветанка Созовска е родена во 1975 година во Скопје. Започнува да учи пијано на 7-годишна возраст и основното и средното музичко образование ги завршува во класата на проф. Кармен Костова во МБУЦ „Илија Николовски-Луј”.Во 1996 дипломира во класата на проф. Борис Романов на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Со својот среден успех на студии од 10.0 таа е прогласена за Најдобар дипломиран студент на својата генерација на ФМУ – Скопје и на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”. Се усовршува на Кралскиот конзерваториум во Хаг, Холандија, каде специјализира чембало и барокна музика на одделот за стара музика. Во класата на светски признатиот холандски чембалист и фортепијанист Жак Ох, таа ги заокружува додипломските и постдипломските студии по чембало и во 2002 година се стекнува со титулата – магистер по музика.

Како солист и како камерен и оркестарски музичар, таа има настапувано на бројни концерти низ цела Европа и во Јужна Кореја. Член е на Барокниот оркестар на Европската Унија во сезоната 2002-2003 и работи со врвни музичари како Фабио Бјонди и Рајнхард Гебел. Како корепетитор, во 2004 година таа е дел од тимот при Летниот фестивал „Каза де Матеуш” во Португалија, а со барокниот ансамбл „Барок опера Амстердам” остварува турнеја низ Франција. Таа е професор по чембало и басо континуо на Летната музичка школа во Бургос, Шпанија во 2009 година.

Цветанка Созовска е чембалист на Оркестарот од Кадакеш во Шпанија, на проектот под диригентската палка на легендарниот сер Невил Маринер. Под водство на најпознатиот светски барокен музичар, со холандско потекло, Франс Брухен, Цветанка е корепетитор и заменик-диригент при долготрајната продукција на операта „Les Indes Galantes” од Жан Филип Рамо во Полска и во Холандија.

Цветанка Созовска живее и работи во Хаг повеќе од 20 години каде е корепетитор на чембало на одделот за историска изведба при Конзерваториумот во Утрехт, Холандија. Во истиот град таа е професор по чембало во Утрешкиот центар за уметности. Повеќе од 15 години таа е и професор по пијано во музичкиот оддел при Интернационалното училиште на Хаг.

Владимир Костов дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Михајло Куфујонакис, а стручно се усовршува кај повеќе истакнати педагози меѓу кои: Сихана Бадивуку, Благоја Димчевски, Корнелија Бронзети, Ирина Бочкова, Наталија Пришепенко и др. Посетува мајсторски курсеви за камерна музика предводени од светски познатите „Медичи“ Квартет (Шведска), „Артемис“ Квартет (Германија) и квартетот „Миро“ (САД). По пат на аудиција, тој повеќе пати е избиран да членува во Светскиот оркестар на Музичката младина, настапувајќи на турнеја во Европа, Америка и Азија и соработувајќи со врвни диригенти и солисти и остварувајќи концерти во некои од најпознатите концертни сали во светот. Настапува и со оркестарот Исток-Запад во Алтенбург (Германија), а во периодот 2000-2004 година е еден од професорите по виолина во Оркестарот на ЦЕИ.

Камерната музика претставува негов особен интерес и тој е водач на повеќе камерни оркестри и ансамбли меѓу кои: Камерниот оркестар за современа музика „Алеа“, Камерното студио за барокна музика „Бахус“, квартетот „Бревис“, основач е на клавирското трио „ВАМ“, редовен член е на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, како и на Младинскиот оркестар на Музичка младина на Македонија и на Ансамблот за современа музика „Кон Темпора“ . Настапува како солист со Македонската филхармонија и камерниот оркестар, со камерниот оркестар „Профундис“, како и на повеќе фестивали и манифестации во Македонија и во Украина, Германија, Австрија, Велика Британија, Србија, Бугарија , Хрватска, Полска, САД…Член е и концерт мајстор на меѓународниот оркестар ,,Nо Borders’’ со кој на концертната турнеја во 2021 година настапува и како сoлист.

Костов е основач на Фестивалот за млади виолинисти „Виолин Фест“ и е добитник на наградата „Георги Божиков“. Работи како концерт мајстор во Македонската филхармонија и како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните, вети 5000 денари а за 2 год. пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000

ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните, вети 5000 денари а за 2 год. пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000

За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 денари Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача повеќе, за секој пензионер линеарно ги зголеми пензиите за 7.000 денари.

За домаќинство во кое двајцата сопружници се пензионери ова значи 14000 денари повеќе секој месец во домашниот буџет.

И додека владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на подобрување на животниот стандард од СДС и опозицијата преку иницијативи пред Уставниот суд имаше обиди мерката да ја оспорат но Владата остана доследна на определбата да ги заштити интересите на пензионерите за подобар животен стандард.

Исто така Владата останува на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на мерки, проекти и политики кои носат конкретни резултати за граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер