Шоу бизРијана на Супер Боул носеше комбинација вредна 1,2 милиони долари (ВИДЕО)Ријана настапи на Супер Боул во не баш гламурозна комбинација од комбинезони и јакна, но сепак нејзиниот аутфит и додатоците чинат неверојатни 1,2 милиони долари.Настапот на Ријана на Супер Боул е тема на светските медиуми откако самиот настан се одржа во неделата вечерта, а пејачката привлече внимание и со своето модно издание. На стадионот „Стејт Фарм“ се појави во црвено издание со кое го истакна стомачето што расте и откри дека чека второ дете со раперот Асап Роки. Ријана носеше црвена јакна Alaia и комбинезон Loewe со нагласена област преку градите. Таа на ова издание додаде патики Maison Margiela x Salomon Cross, но и бројни парчиња накит. На нејзиниот зглоб имаше часовник Jacob & Co кој чини 72.000 долари благодарение на ременот и дијамантската рамка, која е украсена со 360 парчиња скапоцени камења. Сепак, најскапото парче што го носеше беше прстенот Bayco со рубин од 19,47 карати и тркалезно исечени дијаманти поставени во платина и жолто злато од 18 карати. Претставник на брендот открил за Page Six Style дека вреди неверојатни милион долари. Носела и обетки вредни 12.000 долари и три винтиџ дијамантски брошеви вредни 135.000 долари. Moooood @rihanna #AppleMusicHalftime pic.twitter.com/lPAvtGFNqz — NFL (@NFL) February 13, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затворска казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter