Ријана ќе настапи на доделувањето на Оскарите (ВИДЕО) - Канал 5

Ријана ќе настапи на доделувањето на Оскарите (ВИДЕО)

По настапот на Супер Боул, бремената Ријана ќе пее и на овогодинешното доделување на Оскарите.

Ријана ќе настапи на доделувањето на Оскарите (ВИДЕО)

Според Vogue, Ријана треба да ја изведе песната Lift Me Up од филмот на Марвел, Black Panther: Wakanda Forever за време на телевизиското емитување на Оскарите.

Песната Lift Me Up ја напишаа Ријана, Темс, Лудвиг Горансон и режисерот на филмот Рајан Куглер. Баладата беше номинирана за најдобра оригинална песна на овогодинешното доделување на Оскарите, што е првата номинација на Ријана за Оскар. Минатата година Оскар за најдобра оригинална песна им припадна на Били Ајлиш и Финес за песната No Time to Die.

YouTube video

Филмот Black Panther: Wakanda Forever беше номиниран за пет Оскари оваа година. Американската актерка Анџела Басет беше номинирана за Оскар за најдобра споредна женска улога во тој филм, со што стана првата актерка која е номинирана за Оскар за филм на Марвел.

Ианку, Ријана нема јавно настапувано од 2018 година до минатиот месец кога пееше на полувремето на Супербоулот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%

До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година

ВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%

Со почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава.

Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали.

Ова е трета година по ред како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, воведува училишна кошничка пред почетокот на учебната година, со цел да им го олесни месец септември на родителите, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Заштедата е од особено значење за семејствата со повеќе од едно дете.

Со оваа мерка, целта е родителите да им го обезбедат потребниот училишен прибор по пониски и попристапни цени, а септември да биде момент на радост и подготовка за новата учебна година.

Со вакви конкретни мерки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики кои носат директна корист за граѓаните и придонесуваат кон заштита на животниот стандард.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леао во Галатасарај?

Клубовите постигнаа договор за висината на трансферот .

Леао во Галатасарај?

Италијанскиот фудбалски великан Милан и турскиот гигант Галатасарај постигнаа усмен договор за условите за трансфер на португалскиот крилен напаѓач Рафаел Леао во турскиот клуб.

Се очекува договорот да изнесува 45 милиони евра, плус дополнителни бонуси со кои би се зголемила вкупната вредност.

Преговорите продолжуваат денес. Конечната одлука зависи и од самиот играч. Интерес за него покажува и Астон Вила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Едно лице загина, а десет други се повредени синоќа во францускиот град Кан, откако возач намерно со автомобил удри во пешаци пред железничката станица. 

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Локалните власти го потврдија инцидентот во северна Франција, пренесува Ројтерс.

„Последиците се тешки. Имаме еден загинат; седум лица се во критична состојба, а тројца се сериозно повредени, но не им е загрозен животот“, изјави за новинарите Давид Клавиер, префект на департманот Калвадос.

Префектот потврди дека возачот бил уапсен кратко по нападот. Според достапните информации, мажот е роден во Русија и претходно не им бил познат на разузнавачките служби. Мотивите на напаѓачот засега остануваат непознати.

Во тек е полициска истрага која опфаќа детална анализа на снимките од безбедносните камери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер