Со одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затвор
Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава
1Со одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затвор
2Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава
Шоу бизРијана им се налути на папараците, кои го снимиле син ѝ: Одете по ѓаволите (ВИДЕО)Пејачката Ријана во неодамнешното интервју за Vogue откри дека имала непријатна средба со папараците кои го фотографирале нејзиниот син и дека токму поради него решила прва да ја објави сликата од своето дете на социјалните мрежи.На снимањето за Вог, кое се одржа во Малибу, папарацо се прикрал и ги фотографирал пејачката и нејзиниот син, кои ги повела со себе на плажа. Ријана и нејзиниот партнер Роки заклучиле дека фотографот имал намера да го фотографира нивниот син кој дотогаш вешто го криеле од очите на јавноста и решиле сами да објават фотографија од своето дете за да ги препречат папараците. View this post on Instagram A post shared by RİHANNA🔵 (@rihannaofficiall) "Тоа е нешто што не сакате да го доживеете. Како родители, ние имаме право да одлучиме кога да објавиме слики од нашето дете. Тоа е крајот на приказната. Ме фрлија кај волци. Правете што сакате со мене, но оставете го моето дете на мира“, рекла Ријана. „Го заштитуваме откако се роди и немате дозвола да ги објавувате тие слики од моето дете или да ги продавате. Одете по ѓаволите“, изјави луто Ријана, а потоа се присети што направила таа и Роки тој ден. "Веднаш станав заштитнички. Немав време да се лутам. Роки и јас возевме до дома, се качивме во автомобилот и разговаравме што да правиме понатаму. Се чувствувавме како да нѐ малтретираат", рекла Ријана и открила дека потоа решиле да објават видео на TikTok, во кое го откриле лицето на нивниот син. @rihanna hacked ♬ original sound - Rihanna Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затворАпелационот суд во Скопје ја зголеми зaтворската казна од 16 на 20 години на 44 годишниот Илија Панов.Апелационот суд во Скопје ја зголеми зaтворската казна од 16 на 20 години на 44 годишниот Илија Панов, кој беше прогласен за виновен за убиството на вонбрачната партнерка 52 годишната Сузана Серенакова извршено во јануари 2025 година во Кавадарци. И одбраната на Панов и обвинителството се жалеа на првичната пресуда. Но, апелација одлучи казната да биде повисока со цел да има поголема казна врз основа на направеното дело за лице кое било осудувано и претходно и во чести состојби на афект ја физички и психички ја малтертриал неговата партнерка. Обвинетиот не го признал делото негирајќи дека не бил кај жртвата дома, но ДНК анализата покажала дека траги од него биле пронајдени на облеката и под ноките на жртвата, за што биле клучни во истрагата. Панов беше обвинет за убиство за дело кое е привидена најстрога казна доживотен затвор. Семејното насилство е во пораст, од периодот од 2018 до 2025 година извршени се 42 убиства, 24 обиди и 192 тешки повреди, а имало скоро 45 илјади пријави за семејно насилство. Психологот Мирјана Јовановска Стојановска објаснува дека високите затворски казни се во ред, но самата казна не ја менува мотивацијата кај насилникот и неговата внатрешна намера, го менува само однесувањето да ја избегне казната. „Она што се случува внатре во личноста казната не го менува. Да треба казна но најдобро е да има комбиниран систем каде освен казна ќе му се помогне на оној што ги прави делата. Затоа што очигледно е дека им треба многу помош“, вели изјава Мирјана Јовановска Стојановска. Со новите измени во законот за спречување и заштита од насилство се предложува полицајците да имаат ново овластување со кое полицаецот врс основа на процена на ризик ќе може веднаш да изрче мерка за заштита на жрвата, насилникот да се отстрани од домот без согласност на жртвата и да трае до 48 часа со што судот може да ја продолжи до 30 дена или да ја укине. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаСкопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријаваЗа настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено.На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на увидот, полициските службеници констатирале дека И.А.Л. возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,29 промили во крвта. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Алкохол мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидериЕвростат повторно објави податоци.Највисока минимална бруто месечна плата во Европа има Луксембург 2.771 евра. Словенија е со 1.482 евра. Македонија? 624 евра бруто, односно околу 421 евро нето. Пред нас не се само западноевропските земји. Пред нас се и Србија и Црна Гора. Ние сме на долниот дел од листата. Мицкоски сака да зборува за проценти, раст, просеци и „позитивни трендови“. Прва, трета, најбрзорастечка економија… Граѓаните не живеат од проценти. Граѓаните живеат од тоа што го имаат во паричникот и во фрижидерот. И таму статистиката е јасна: празно. Две години оваа власт нема ниту еден вистински резултат за обичниот човек. Минималната плата останува меѓу најниските во Европа. Цените растат. Инвестициите паднаа. Младите си одат. Дури и кога се обидуваат да се пофалат со некој инфраструктурен проект - најчесто станува збор за работи што ги започнала претходната власт. А она што самите го допреа, најчесто го упропастија. Или само се фотографираат. Оваа власт е неспособна да создаде подобро. Способна е само за тендери, за криминал и за корупција. Тоа се „тендер-патриотите“ - силни во поделба на пари, слаби во сè друго. Граѓаните не треба да чекаат нова статистика од Евростат за да разберат како живеат. Тие тоа го гледаат секој ден. И тоа е единствената статистика што важи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter