Манасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност нема
„Иднина која инспирира“: пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
1Манасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност нема
2„Иднина која инспирира“: пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
1Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
ЗабаваРијана го откри полот на бебетоМузичката ѕвезда Ријана ќе стане мајка по трет пат.Пејачката има два сина, а никогаш не криела дека сакала и девојче. „Трета среќа“ се чини дека се остварила, барем судејќи според нејзината последна објава на Инстаграм. Ријана позираше за познатото списание „Hommegirls“ во доцна бременост, облечена во розови бермуди. Всушност, сè е во розови тонови, што многумина го сфатија како потврда дека очекува девојче. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) - Со мојата следна модна икона - напиша Рири, алудирајќи на бебето во нејзиниот стомак.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност немаОва се двојните аршини на мал дел од македонското правосудство раководено директно од СДС и ДУИ.За кубење на коса, се добива 4 години затвор. За кражба на 150 ќебапи, се добиваат 3 години затвор. А за случајот Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, за случајот со модуларната болница, каде загинаа 14 луѓе или пак за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, имаме нула години затвор и нула одговорност. За обичниот граѓанин важи законот, а кога ќе се стигне до луѓето и интересите поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството, веднаш се ставаат во нивна заштита. Тоа е правдата што ја оставија и ветуваа СДС и ДУИ. Затоа граѓаните немаат доверба во правосудството. Не може за ќебапи да има три години затвор, а за случаи со десетици изгубени човечки животи, граѓаните со години да чекаат конечна правда и истата да не ја дочекаат. Правосудството не смее да биде штит на СДС и на ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака„Tesla Roadster“ добива нов датум за претставување: Дали премиерата е закажана за 1 октомври?Речиси девет години по првичното претставување, за втората генерација на „Tesla Roadster“ повторно е одреден датум што би можел да биде значаен. Компанијата објави порака „Go for launch“ на платформата „X“, додека на веб-страницата на моделот се појави тајмер кој одбројува до 1 октомври. Објавата беше придружена со мистериозна графика на која се гледаат четири светлосни снопови што потсетуваат на ракетни мотори. На сликата, исто така, бледо е прикажана пораката „WHERE WE’RE GOING“ – што претставува очигледна алузија на филмот „Back to the Future“. Go for launch pic.twitter.com/Khu03eiZ04 — Tesla (@Tesla) September 12, 2026 Во моментов не е познато што точно планира да претстави „Tesla“. Тоа би можело да биде функционален демонстрациски примерок, подобрен прототип или верзија што е поблиску до сериско производство. „Roadster“ доцни речиси шест години во однос на планираното „Tesla“ првпат го претстави „Roadster“ од новата генерација во ноември 2017 година, најавувајќи дека испораките ќе започнат во 2020 година. Сепак, автомобилот сè уште не стигнал до купувачите. Првичните спецификации ветуваа забрзување од 0 до 96 км/ч за само 1,9 секунди, максимална брзина поголема од 402 км/ч и досег до 998 километри. Илон Маск претходно, на почетокот на годината, најавуваше скорешно претставување, но и тој рок помина. Како можен временски период се спомнуваше и август. Сега фокусот е насочен кон 1 октомври, иако тоа сè уште не го потврдува почетокот на испораките. По бројните одложувања, вистинскиот тест за „Tesla“ ќе биде моментот кога „Roadster“ конечно ќе стане автомобил што купувачите навистина ќе можат да го преземат. Извор: Б92Тагови: Tesla Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиХашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Македонија„Иднина која инспирира“: пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршкаПет проекти од областите на заштита на животната средина, социјалната поддршка, инклузијата и развојот ќе добијат финансиска поддршка од компанијата dm drogerie markt во вкупна вредност од повеќе од 2,9 милиони денари. Проектите се избрани од стручно жири меѓу вкупно 74 пријавени иницијативи, а од 14 септември во изборот се вклучени и граѓаните, кои до 27 септември можат да гласаат за еден од трите проекти што се во избор за дополнителна поддршка од dm. Пријавувањето во рамките на „Иднина која инспирира“ беше отворено од 2 март до 31 јули 2026 година, а оценувањето на проектите се одвиваше од 12 до 21 август. Во стручното жири учествуваа Гоце Калинов од „Ретвитни оброк“, Далиборка Златева, претседател на „Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“, Ико Брдаровски, менаџер за грижа на корисници во „Пакомак“, како и тројца претставници на dm. Меѓу избраните е проектот „Охрид Еко 2027“ на Нуркачкиот центар „Амфора“, кој преку организирани подводни акции има цел да придонесе за отстранување на отпадот од Охридското Езеро и подигнување на свеста за неговата заштита. Поддршка ќе добие и „Херои на солидарноста: Тегла Плус за нашата заедница“ на Здружението „Љубезност“, насочен кон поддршка на ранливите категории граѓани преку солидарни акции, јавни и едукативни настани. Македонското здружение на млади правници ќе го реализира проектот „Поддршка блиску до тебе – Заедно до правата“, преку кој мобилни тимови од правници и волонтери ќе обезбедуваат бесплатни правни совети и практична помош за лица и семејства во социјален ризик. Проектот „Заедно сме шампиони – инклузија преку спорт“ на Специјална Олимпијада – Македонија ќе овозможи млади со и без интелектуална попреченост заедно да спортуваат и да се дружат преку инклузивни активности во повеќе градови. Петтиот избран проект е „DM HUB – Центар за благосостојба и грижа ‘Грижа за себе. Грижа за другите. Грижа за заедницата.’“ на Центарот за истражувања и анализи НОВУС. Мобилната иницијатива ќе опфати 10 општини во Југоисточниот плански регион, со активности посветени на менталното и репродуктивното здравје, еколошката одговорност, повторната употреба и волонтерството. - Со ‘Иднина која инспирира’ сакаме поддршката да стигне до идеи што одговараат на конкретни потреби и можат да создадат долгорочна вредност за заедницата. Особено ни е важно што во оваа фаза и граѓаните имаат можност активно да се вклучат и со својот глас да придонесат една од иницијативите да добие дополнителна поддршка. Веруваме дека позитивните промени се најсилни кога во нивното создавање учествуваме заедно – вели Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm. Гласањето, кое започна на 14 септември, трае до 27 септември 2026 година, а граѓаните можат да избираат меѓу три проекти: „Силата е во младите“, насочен кон еколошка едукација и активно вклучување на младите во акции за почиста животна средина; „Природа што нè поврзува“, кој предвидува преобразување на запуштен градски простор во Неготино во зелено и функционално место за одмор, рекреација и дружење; и „Простор за раст – функционален центар создаден од граѓаните“, иницијатива за претворање неискористени простори во достапни центри за едукација, креативност, волонтерство и заеднички активности. Граѓаните можат да го дадат својот глас на следниот линк. Платформата „Иднина која инспирира“ е создадена со идејата дека позитивните промени се создаваат преку конкретен ангажман и поддршка на иницијативите што одговараат на реалните потреби на заедницата. Покрај проектните пријави, платформата даде видливост и на можностите за волонтерски ангажман, со цел да поттикне повеќе граѓани да придонесат со своето време, знаење и ангажман. На тој начин, „Иднина која инспирира“ ги поврзува организациите и поединците кои сакаат активно да придонесат за подобар квалитет на живот, поздрава животна средина и посилни локални заедници. Со „Иднина која инспирира“, dm продолжува да ги поддржува идеите што создаваат позитивни промени и оставаат трајна вредност во заедницата затоа што иднината што инспирира се создава заедно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter