Шоу бизРијана ги пушти фановите во нејзиниот автомобил, ТикТок „врие“ од снимки (ВИДЕО)Ријана (37) реши да се дружи со фановите во својот автомобил откако ја промовираше својата козметичка линија во Париз.Денес, малку познати личности дозволуваат фановите да им се доближат, но Ријана уште еднаш покажа зошто е толку популарна во јавноста. Во рамките на промоцијата на нејзината козметичка линија Fenty Beauty, Ријана оваа недела во Париз направи нешто што нејзините фанови сигурно ќе го паметат цел живот. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Пејачката од Барбадос ја претстави Fenty Zone. Тоа е простор кој вклучува кафуле и фризерски салон, полн со производи за убавина на нејзиниот бренд. View this post on Instagram A post shared by Style Cartel Media (@stylecartel) По завршувањето на официјалниот дел, Ријана реши да ја отвори вратата од својот автомобил за група обожаватели кои ја чекаа надвор. Таа им дозволи да влезат во автомобилот, да ја гушнат, да се сликаат со неа, да добијат автограм и шанса да разговараат со нивниот идол. Обезбедувањето најпрво не ја пуштило Алиса (27) да влезе во автомобилот, но откако Ријана ја забележала им рекла да ја пуштат.Алиса тврди дека пејачката ја препознала бидејќи се виделе неколку пати на промоциите на нејзиниот бренд. Иако разговорот меѓу нив не можеше да се слушне, изразот на нивните лица кажуваше сѐ. Алиса објави видео на TikTok со наслов „Веројатно само ми требаше прегратка од Ријана, нејзините прегратки се најдобри“. @crazyalyy_ @Rihanna gives the best hug omg 😭❤️ (IG crazyalyy_) #rihanna #paris #fenty #rihannanavy ♬ original sound - music.rly Имаше среќа и уште еден фан Друг обожавател доби шанса да седне спроти пејачката во приватното возило. Со себе понел магазин Harper's Bazaar со Ријана на насловната страница. "Види го тоа! Сакаш ли да ти го потпишам?" Ријана го прашала. Дечкото ѝ се заблагодарил, а на крајот се прегрнале. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Иако Ријана првенствено стана позната како музичар, во последните осум години таа гради кариера преку модата и козметиката. Од соработката со Puma, до линијата на долна облека Savage X Fenty, до Fenty Beauty, Ријана изгради бренд вреден околу 1,4 милијарди долари.Тагови: Ријана фанови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter