Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЗабаваРијалити ѕвезда тврди: Роналдо само ме шутна откако спиевме заедно (ФОТО)Кристијано Роналдо наводно два месеца тајно се допишувал со ријалити sвездата Наташа Родригес, кратко време откако ја запознал својата партнерка Георгина Родригез, пишува The Sun.Наташа тврди дека започнала да се допишува со Роналдо порано, по раскинувањето со манекенката Ирина Шајк. Таа за странските медиуми изјавила дека му испратила видео од нејзиниот задник. View this post on Instagram A post shared by Natacha Sofia (@natachasofiaoficial) "Беше еден часот наутро и го направив тоа на шега. Не мислев дека ќе одговори. Но, во шест наутро тој ми испрати порака и работите започнаа од таму. Гледајќи наназад, посакувам да немаше ништо. Кога му испратив видео снимка во долна облека, тој рече дека сака да ме види лично. Кристијано секогаш даваше до знаење дека му се допаѓа моето тело ", рече Наташа. View this post on Instagram A post shared by Natacha Sofia (@natachasofiaoficial) Реалити sвездата тврди дека таа и Кристијано првпат се виделе дури во март 2017 година по бројни одложувања и имале секс, а фудбалерот ја замолил се` да биде строго доверливо. Но, набргу потоа, тој ги блокирал нејзините повици и ги прекинал сите контакти на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) "Бев повредена од начинот на кој ме остави да ме блокира на Инстаграм откако спиевме заедно, и тоа се уште ме боли и сега. Роналдо само ме шутна, а истото може да го стори и со Георгина. Кристијано ќе биде одличен улов за сите и Георгина мора да внимава дали постои доверба меѓу нив за нивната иднина “, рече таа за медиумите. "Ако се среќни заедно, а сигурна сум дека се, тогаш јас сум среќна за нив. Ако Кристијано беше мојот дечко, мислам дека немаше да му верувам по она што се случи меѓу нас. Среќна сум што бев мал дел од неговиот живот, иако не заврши онака како што би сакала “, заклучи Наташа, додавајќи дека била дополнително блокирана на Инстаграм и немала понатамошен контакт со Роналдо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрастичен пад на рејтингот на ТрампРејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 отсто – најниското ниво во неговата политичка кариера – според новата анкета на „Ројтерс/Ипсос“.Истражувањето беше спроведено во текот на четири дена, период во кој Трамп им забрани пристап до Белата куќа на три големи медиумски куќи и размислуваше за уривање на познатиот Центар за изведувачки уметности „Кенеди“ во Вашингтон, доколку името „Трамп“ не можеше да се додаде во неговиот назив. Истражувањето покажа дека гласачите сè помалку се склони да ги поддржат републиканците на Трамп на меѓуизборите на 3 ноември, кои ќе ја одредат контролата врз Конгресот во следните две години. Севкупната поддршка за Трамп опадна во споредба со анкетата од претходната недела, кога изнесуваше 35 отсто; особено е значајно што поддршката меѓу самите републиканци падна од 82 на 73 отсто во текот на таа недела. Незадоволството меѓу републиканците во врска со инфлацијата расте откако Трамп започна војна против Иран во февруари, што предизвика нагло зголемување на цените на бензинот и дизелот. Сега, за првпат, бројот на републиканци кои не го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со трошоците за живот го надминува бројот на оние што го фалат. Според анкетата, 51 отсто се незадоволни од неговиот учинок во овој поглед, додека 44 отсто го поддржуваат. Рејтингот на Трамп е понизок од кој било забележан за неговиот демократски претходник, Џо Бајден, чие претседателствување исто така беше одбележано со скок на инфлацијата и кој на крајот се откажа од обидот за реизбор откако лошиот настап на дебатата ги засили загриженостите за неговата возраст. Само 34 отсто од испитаниците во најновата анкета ги одобруваат нападите врз Иран. Претходно овој месец, републиканскиот лидер вети дека војната ќе заврши веднаш по изборите. Сепак, Иран не покажа знаци на повлекување, а во последните недели Техеран и неговите сојузници се заканија со дополнителни пореметувања на пазарите на нафта. Околу 82 отсто од испитаниците, вклучително и девет од десет демократи и три четвртини од републиканците, изјавија дека конфликтот веројатно ќе се одолговлечи. Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ покажа дека 43 отсто од регистрираните гласачи би ги избрале демократите на меѓуизборите, додека 35 отсто би се одлучиле за републиканците. Според агенцијата, разликата од 8 процентни поени претставува најголема предност на демократите во анкетите на „Ројтерс/Ипсос“ оваа година. За републиканците, губењето на контролата врз кој било од двата дома на Конгресот би можело да ја отежне агендата на Трамп во текот на последните две години од неговиот мандат. Трамп и понатаму ужива поддршка од републиканците во однос на имиграцијата, при што 79 отсто од членовите на неговата партија го поддржуваат; сепак, генерално гледано, само 36 отсто од Американците го поддржуваат неговиот пристап кон ова прашање, додека 55 отсто не го одобруваат. Резултатите од анкетата исто така покажаа дека околу 35 отсто од испитаниците го одобруваат пристапот на Трамп кон борбата против криминалот, додека 50 отсто не го одобруваат. Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ беше спроведена онлајн и опфати 1.277 возрасни лица од целата територија на САД. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија без економска стратегија за државатаФилипче бара 600 евра плата, а нема план за нови инвестиции, нови фабрики, нови работни места.СДС е партија која нема економска стратегија за државата. Така беше во минатото кога 7 години ги ограбија граѓаните а државата ја оставија пред банкрот така е и денес, имаат само лаги и празни ветувања за граѓаните. СДС и Венко Филипче намаат план за развој и економска визија на државата, немаат стратегија за привлекување нови инвестиции, за отворање на нови фабрики, нови работни места. Единствено нешто што знаат СДС и Филипче од економија е марихуана економија на Заев, делење провизии, проценти и тендери. СДС и Филипче бараат 600 евра плата и подобар стандард, а тоа подразбира продуктивност, инвестиции и нови работни места за што СДС и Филипче исто така немаат план. Венко Филипче зборува за повисоки плати, но граѓаните имаат право да знаат како ќе се создаде економската основа за тие плати. Кои инвестиции ќе ги привлече? Кои индустрии ќе ги развива? Како ќе создаде нови и добро платени работни места? Како ќе ја зголеми конкурентноста на македонската економија? СДС само имаат демагогија и лаги за граѓани. Како лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1. СДС се против се, против дата центри, рудници, им пречат нови инвестиции и проекти. СДС и Филипче се против Македонија да оди напред и да се развива. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нови инвестииции, нови работни места, нови фабрики со цел зголемување на животниот стандард на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банкаНа 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија. Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter