ЗабаваРијалити ѕвезда сака нов живот- ги извадила силиконите, па зборува за целибат: Да бидеме реалниПо бројните физички промени, како отстранување на импланти од телото и напуштање на OnlyFans, поранешната стриптизета и манекенка и ријалити ѕвезда Блак Чајна откри дали планира да го вклучи целибатот во своето „патување што ќе го промени животот“.- Не - таа едноставно одговорила на прашањето дали би се воздржувала од секс, за време на гостувањето во подкастот „Sway's Universe“, пренесува Page Six. Откако се насмеала, поранешната стриптизета, која оттогаш стана реалити ТВ ѕвезда, се пошегува дека „во моментов не се обидува да има никаков целибатски став“. Чајна потоа сподели клип од интервјуто на нејзината стори на Инстаграм со порака дека „мора да го задржи тоа реално“. Иако инфлуенсерката, а воедно и модел, чие вистинско име е Анџела Рене Вајт, не планира во блиска иднина да помине во целибат, односно да се откаже од сексот, има уште многу работи од кои се откажала. Минатиот месец, Чајна (34) откри дека направила операција за намалување на градите и задникот. - Само сакам сите дами да го знаат ова: не одете на силиконски инјекции бидејќи може да се разболите, може да умрете, може да имате компликации и сите други луди работи - изјави оваа мајка на две деца во видеото на Инстаграм. додавајќи дека имала 19 години кога почнала да „вбризгува силикони во задникот“. По операцијата, Чајна сподели видео на кое лежи во кревет со завои по целото тело. Таа открива дека процедурата, која вообичаено трае четири часа, траела речиси девет часа. Исто така, таа неодамна преку Инстаграм откри дека е „повторно родена“ откако се крстила на нејзиниот роденден и на тој начин ја прифатила вербата во својот живот. View this post on Instagram A post shared by Blac Chyna 💋 (@blacchyna) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегналеУбиено е 26 годишно момче во Чаир , потврдија од Министертвото за внатрешни работи. Настанот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути во СВР Скопје во близина на раскрсница помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје. Пред излог на фирма стоеле 5 лица на возраст од 24 до 36 годишна возраст сите од Скопје, кога до нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил 26 годишниот А.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Тагови: Убиство Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12