Ријалити ѕвезда објасни зошто планира 365 дена да биде во целибат - Канал 5

Ријалити ѕвезда објасни зошто планира 365 дена да биде во целибат

Линдзи Крисли, ќерка на ријалити ѕвездата Тод Крисли, објави дека ќе ги помине следните 365 дена во целибат.

Ријалити ѕвезда објасни зошто планира 365 дена да биде во целибат

36-годишната актерка откри во својот подкаст дека ја донела одлуката бидејќи тоа е „најздравото нешто што можела да го направи во моментов“, а објавата доаѓа само еден месец откако нејзиното поранешно момче беше уапсено. Покрај тоа, Крисли нагласи дека целосно ја прекинала комуникацијата со сите мажи.

Одлука за целибат

Таа ја објави својата одлука во епизодата од 18 мај од популарниот подкаст, само еден месец откако нејзиното поранешно момче Дејвид Лендсман беше уапсен под обвинение за прекршок и тежок напад со давење. Риалити ѕвездата рече дека престанала да „разговара“ со сите мажи.

За да се држи до својата одлука, Крисли рече дека „ги означува деновите на календарот“ и одлучи да изврши дополнителен притисок врз себе со јавно соопштение, тврдејќи дека „никој не може да ја поколеба“.

Осврт на минатите врски

Пред врската со Лендсман, Крисли беше во брак со Вил Кембел, со кого има 13-годишен син, Џексон. Тие беа заедно 12 години, а во епизодата од подкастот насловена како „365 Day Promise“ таа се потсети како таа и нејзиниот поранешен сопруг, кого го запозна во 2009 година, се познавале еден со друг и ги познавале потребите еден на друг.

„Се прашувам дали некогаш ќе можам толку добро да запознаам друг партнер. Во моментов, одговорот е не“, им рече таа на слушателите.

„Не сум подготвена“, призна таа. „На 36 години, се чувствувам како да сум на половина пат низ животот и искрено не мислам дека би можела да се справам со уште траума по сè низ што поминав.“

Надеж за иднината

И покрај сè, Крисли верува дека Бог ѝ помага во процесот на лекување. „Тој нема да ми дозволи уште страдање“, верува таа. „Како да ми вели: „Добро. Ти дадов сè што ти треба за да се справиш и сега влегуваме во фаза на лекување“, објасни таа. Сепак, мајката на едно дете им откри на слушателите дека се надева дека повторно ќе ја пронајде љубовта.

„Сакам да бидам сопруга. Сакам да бидам нечиј животен партнер. Сакам да одгледувам деца со некого. Сакам семеен живот. Сакам да вечерам на кујнската маса секоја вечер“, рече таа.

Семејството Крисли и проблеми со законот

Линдзи се здоби со слава во 2014 година во реалното шоу „Крисли знае најдобро“ на USA Network, кое го напушти во 2017 година по петтата сезона.

Шоуто беше откажано во ноември 2022 година откако нејзиниот татко Тод и маќеата Џули беа осудени на затворски казни за даночно затајување и банкарска измама. Двојката беше ослободена од затвор минатиот мај откако беа помилувани од Доналд Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Средношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец.

Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома

Околу 250 милиони Американци со право на глас денеска избираат нов конгрес на среднорочните избори кои се сметаат за своевиден референдум „за“ и „против“ политиката на Трамп..

САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома

Се избираат сите 435 претставници во Претставничкиот дом и 35 сенатори во Сенатот, каде што републиканците во моментов имаат тесно мнозинство.. Последните анкети покажуваат дека соперничките демократи можат да ги освојат и двата дома на Конгресот и да ја одредат траекторијата од остатокот на мандатот на Трамп, чиј рејтинг падна на рекордно ниско ниво.

Дел од истражувањата покажаа дека демократите имаат предност во пет од седумте клучни сојузни држави, вклучително и во Канзас, каде што демократите не победиле речиси 100 години.. Во завршниот говор во Вашингтон, Трамп обвини дека демократската партија номинирала најекстремна и најопасна листа кандидати во американската историја..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Платформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквост

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“.

Платформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквост

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и родовите нееднаквости.

Оваа одлука не ја гледаме како изолиран случај, ниту како обична промена на терминологија. Таа е уште еден чекор во загрижувачкиот тренд на институционално потиснување на родовата еднаквост од јавните политики и законодавството, кој го следиме во последните години.

По отстранувањето на поимите род, родова еднаквост, и се поврзано со сексуалноста, хомофобијата и заштита од дискриминација и насилство од законските измени во образованието, блокирањето на Законот за родова еднаквост и сè почестото доведување во прашање на веќе стекнатите права, сега сведочиме и на обид родовата нееднаквост да стане невидлива во училниците.

Но, родовата нееднаквост не исчезнува со бришење на зборот „род“.

Девојчињата и понатаму ќе се соочуваат со сексизам, сексуално вознемирување, притисоци и насилство. Момчињата и понатаму ќе растат под притисок на штетните очекувања за машкоста, моќта и доминацијата. Младите и понатаму ќе се соочуваат со дискриминација поради тоа кои се или затоа што не се вклопуваат во наметнатите општествени норми.

Ако образовниот систем не ги именува овие појави и не им помогне на младите да ги разберат нивните причини, тогаш не придонесува за нивно надминување, туку за нивно премолчување.

Особено е поразително што ваквите одлуки се носат во држава во која насилството врз жените и девојчињата останува сериозен општествен проблем, а институциите постојано зборуваат за потребата од превенција. Според податоците на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во текот на 2025 година се евидентирани 6 убиства на жени и 4 обиди за убиство, додека само во првите девет месеци од 2026 година се евидентирани 7 убиени жени и 2 обиди. Дополнително, во очекување на правосилноста на пресудата во случајот со серискиот убиец од Куманово, треба да се има предвид дека станува збор за уште четири убиства на жени, кои би можеле дополнително да ја зголемат оваа алармантна статистика. Овие податоци уште еднаш потврдуваат дека превенцијата на насилството врз жените и девојчињата не смее да остане само декларативна заложба, туку мора да биде проследена со конкретни, доследни и системски мерки.

Каква превенција градиме ако не сакаме да зборуваме за родовите стереотипи што го оправдуваат насилството? Каква еднаквост промовираме ако избегнуваме да ги именуваме причините за нееднаквоста? И како очекуваме младите да препознаваат родово-базирано насилство ако образовниот систем го избегнува самиот поим?

Државата не може да се обврзува дека ќе се бори против родово-базираното насилство, а истовремено да го отстранува родот од образованието. Тоа е противречна и неодговорна јавна политика.

Дополнително загрижува контекстот во кој се случуваат овие промени. Првичната програма беше повлечена во септември, само неколку дена по отвореното писмо од верски кругови од 6 септември 2026 година и по јавните критики од верски и конзервативни кругови. Ова отвора сериозни прашања за независноста на институциите и за начинот на кој се носат образовните политики.

Во секуларна држава верските заедници имаат право на свои ставови, но не смеат да станат арбитри за тоа кои научни поими се прифатливи во јавното образование. Доколку надлежните институции ги приспособуваат наставните програми на верски и идеолошки барања, се отвора сериозно прашање за почитувањето на уставниот принцип на одвоеност на верските заедници од државата (член 19 од Уставот).

Прашањето е многу поголемо од една наставна програма: кој денес ги креира јавните политики во Северна Македонија – надлежните институции и стручната јавност или организираните групи што водат кампањи против родовата еднаквост?

Со ваквиот пристап се создава опасен преседан. Се испраќа порака дека со доволно гласен притисок можат да се менуваат образовни стандарди, да се потиснува научна терминологија и да се доведуваат во прашање политики насочени кон еднаквоста и човековите права.

Ова не е само проблем за организациите што работат на родова еднаквост. Ова е прашање за демократското управување, институционалната независност и способноста на државата да ги штити правата на сите граѓани, особено на децата и младите.

Потсетуваме дека родовата еднаквост не е прашање на политичка наклонетост или идеолошки избор на власта. Таа е уставна вредност (член 9 од Уставот), законска обврска и составен дел од меѓународните обврски што државата ги има преземено, вклучително и преку ратификацијата на Истанбулската конвенција.

Затоа, Платформата за родова еднаквост бара од Владата и Министерството за образование и наука јавно да одговорат:

  • Зошто родовата терминологија систематски се отстранува од образовните политики;

  • врз основа на кои стручни аргументи се направени последните измени;

  • и како тие се усогласени со обврските на државата за унапредување на родовата еднаквост и спречување на насилството.

Бараме програмата да биде ревидирана пред нејзината примена, и покрај изјавата на Министерството од 2 ноември дека станува збор за конечно решение. Бараме во програмата да се вратат научно заснованите поими и содржини и да се воспостават јасни гаранции дека образовните политики нема да се менуваат под притисок на групи што ги оспоруваат еднаквоста и човековите права.

Не прифаќаме родовата еднаквост да биде предмет на политичко пазарење. Не прифаќаме девојчињата и младите да ја плаќаат цената на институционалното повлекување пред антидемократски и антиправни притисоци.

Држава што го брише родот од образованието не ја брише нееднаквоста. Таа само покажува дека не е подготвена да се соочи со неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер