Ригорозни контроли: Новиот закон за пушење во вторник пред Владата - Канал 5

Ригорозни контроли: Новиот закон за пушење во вторник пред Владата

Законот за заштита од пушење ќе го види светлото на денот.

Ригорозни контроли: Новиот закон за пушење во вторник пред Владата

На владина седница во вторник ќе се најде Законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи – кажа премиерот Христијан Мицкоски на средбата со претставниците од Стопанската и Угостителската комора. Според него, текстот на законските измени е донесен во соработка со сите засегнати страни. Тој е дециден дека никој нема да биде привилегиран и дека инспекциските контроли ќе бидат ригорозни.

-Целта на Владата беше да излеземе сите подеднакво незадоволни, затоа што кога работите еден ваков закон не можете сите да излезете подеднакво задоволни. Инспекциите ќе бидат ригорозни на целата територија на државата, ова го повторувам, на целата територија на државата. Нема да има повластени региони, градови, населени места кадешто ќе нема да се почитува законот и за ова јас ви гарантирам и тука ќе нема никаков пардон.- Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Министерот за здравство, Азир Алиу вели дека текстот бил усогласен со повеќе државни институции и 14 инспекциски и надзорни правила, а покрај експертската јавност и институциите, предвид биле земени и 58-те коментари од страна на граѓаните при јавната расправа кога законот бил објавен на ЕНЕР. Појасни дека со новиот законски текст не се забранети производството, продажбата и процесите на увоз-извоз на тутунски производи, туку ја уредува нивната употреба и промоција која влијае врз здравјето на луѓето. Дополнително, вели дека целосно се опфатени и новите производи, вклучително и електронските цигари.

-Ја зголемува заштитата на децата преку намалување на нормализацијата, присутна во училиштата, заштита во приватно возило во присуство на дете, како и на 20 метри од влезовите на здравствените, образовните институции и установите за деца. Законот ја затвара и сивата зона за терасите. Новиот закон воведува јасни и спроведливи критериуми, како на пример, терасата мора да биде отворена од најмалку две страни.- Азир Алиу – Министер за Здравство

Стопанската Комора велат дека даваат поддршка за законот бидејќи регулацијата мора да продолжи, но сметаат дека е потребно да продолжи дијалогот за да биде укината можноста за црниот пазар. Од Угостителската Комора, пак, се категорични дека се „за“ заштита на здравјето на граѓаните и ја оценуваат позитивно можноста за едногодишна адаптација на објектите.

-Го поддржуваме носењето на балансирани регулаторни решенија кои овозможуваат одржливост, претпазливост и диференцијата меѓу различните традиционални и нови тутунски производи преку сите нивни специфики. Регулацијата на новите производи мора да остане и понатаму.- Васко Ристовски – Стопанска Комора

-Од самиот почеток ја искажавме нашата поддршка во носењето на законот за забрана од пушење во неговата крајна цел, а тоа е заштита на јавното здравје. За фазната имплементација, односно таканаречениот едногодишен грејс период во којшто ние како угостителски сектор ќе имаме можност да ги преадаптираме нашите тераси согласно новите законски решенија се со цел нашиот сектор да претрпи колку е можно помали економски последици.- Перица Голомеиќ – Угостителска Комора

Овој закон требаше да се најде на владина седница во 24 март, но поради неусогласеност на министерството за здравство и министерството за земјоделство беше ставен на чекање. Од Владата порачаа дека истиот ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде изгласан во Собрание.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер