МакедонијаРиголер: Реформите не се само за ЕУ, туку и за вас самитеПариз одблиску го следи спроведувањето на реформите и на реформскиот процес во Македонија, изјави францусиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер во пресрет на објавувањето на извештајот на Европската Комисија за напредок на Македонија. Прашан за коментар по наводите на опозицијата дека власта не презема никакви чекори во однос на европската интеграција, но и за пораките на еврокомесарката Кос за отсуството на владеење на правото, Риголер е дециден. Вели реформите не треба да се сметаат како обврска што треба да се исполни затоа што Брисел го бара тоа, туку како нешто што би донело бенефит за граѓаните. -Ние (Франција) одблиску го следиме спроведувањето на реформите, реформскиот процес и наскоро ќе биде издаден и извештајот на Европската Комисија за напредокот на сите држави-кандидати за влез во ЕУ, вклучително и за земјава. Да почекаме, да го погледнеме извештајот и што ќе содржи тој. Суштинската работа во којашто јас длабоко верувам е дека реформите што ги бара ЕУ не треба а се сфатат како ограничувачки, не треба да се сметаат како обврска којашто треба да се исполни затоа што ЕУ го бара тоа.Но, реформите треба да се сфатат како нешто што е добро и позитивно за земјата, а бенефитот ќе го имаат сите граѓани. Кристоф Ле Риголер. Ле Риголер денеска потпиша меморандум за соработка со министерот за јавна администрација, Горан Минчев со цел преку француските искуства да се зголеми ефикасноста на јавната администрација во земјава. Министерот Минчев, пак, најави нов пакет закони за департизација на јавниот сектор и кратења на буџетските корисници за 40 отсто -Ова партнерство ја потвдува нашата одлучност да изградиме модерна, професионална и доверлива јавна администрација која ќе биде двигател на развојот, сигурен партнер на граѓаните и столб на нашите европски амбиции,- - Горан Минчев . -Акцентот во оваа соработка ќе биде ставен на обуката на јавните службеници. Франција поседува долгогодишно искуство за обука на своите јавни службеници. 80 годишно искуство преку една институција која порано се нарекуваше „Државно училиште за администрација“, а сега се нарекува „Национален институт за администрација“-Ле Риголер. Амбасадорот порача дека трансформацијата на јавната администрација е значајна за трансформирање на општеството, како и за европската интеграција на земјата. Тагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНе е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблемГерманската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“. Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“. Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година. Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед. Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф. Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“. Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство. Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter