Ригас: Со Договорот од Преспа постојат предуслови да излеземе од ќор-сокакот од претходните години

 Со Договорот од Преспа постојат предуслови да излеземе од ќор-сокакот во корист на Балканот и на двете земји, вели алтернативниот министер за одбрана на Грција, Панајотис Ригас во интервју за грчкиот весник „Документо", пренесе МИА.

– Станува збор за долгогодишен проблем што во никој случај не го создадовме ние. Претходните влади инвестираа во екстремен национализам, а не во патриотизам, одведувајќи ја ситуацијата до ќор-сокак. Но, денес, постојат предуслови за да излеземе од овој ќор-сокак во корист на Балканот, на Грција и на ПЈРМ. Во овие рамки, како земјите од Европа, така и САД, сакаат да се реши конкретното прашање бидејќи сфаќаат дека на Балканот не му се потребни нови проблеми, вели Ригас и истакнува дека основните работи што треба да ја засегаат Грција се поврзани со Турција.

Алтернативниот министер за одбрана на Грција, во интервјуто говори и за стратешкиот дијалог на високо ниво меѓу САД и Грција, што следниот месец ќе се одржи во Вашингтон, а се однесува на проширување на односите меѓу двете земји во сите области.

Ригас открива дека дел од овој стратешки дијалог се и „економските и енергетските прашања со главен критериум, развој на Балканот".

– Со политиката на владата, нашата земја ја зацврсти нејзината позиција како столб на стабилност во регионот, и веќе е во фокусот на интерес за повеќе соработки. САД, традиционално го имаа погледот насочен кон нашата земја, но ова беше на едно – димензионален начин, особено во однос на воениот дел. Но, сега условите се созреани за да се бараат соработки во една проширена економско – политичка област што ја вклучува и воената соработка во рамките на евро- атлантската алијанса. Ова е содржината на стратешкиот дијалог Грција – САД што се систематизира, а одлучувачка улога одигра последниот Меѓународен саем во Солун, каде што САД беше почесна земја, објаснува алтернативниот министер за одбрана на Грција, во интервјуто за „Документо"./МИА.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер