Ричлиев најдобар спортист на Струмица за 2024 година - Канал 5

Ричлиев најдобар спортист на Струмица за 2024 година

Одбојкарскиот репрезентативец и член на ОК Струмица, Ефтим Ричлиев, е прогласен за најдобар спортист на Струмица за минатата година на синоќешната манифестација што се одржа во организација на Општинскиот сојуз на училишни спортови.

Ричлиев најдобар спортист на Струмица за 2024 година

Одбојкарскиот репрезентативец и член на ОК Струмица, Ефтим Ричлиев, е прогласен за најдобар спортист на Струмица за минатата година на синоќешната манифестација што се одржа во организација на Општинскиот сојуз на училишни спортови и под покровителство на општината.

Второто место го освои фудбалерот Мартин Ѓоргиевски, член на Брера Струмица, а третото место одбојкарката на Струмица жени, Елена Пандева.

За најдобра екипа е прогласена ОК Струмица, а најдобар спортист во млади категории е одбојкарот Јован Милев, член на ОК Струмица, а најдобра екипа во млади категрии во екипен спорт се младинците на Брера.

Најдобар тренер во сениорска конкуренција во екипен спорт е стратегот на ОК Струмица, Кирил Ричлиев, а најдобар тренер во млади категории е Тони Атанасов од Брера Струмица.

Најдобар спортист во индивидуален спорт е Антонио Ташков од Тим Зоран, а Александар Делиовски, исто така од Тим Зоран е најдобар спортист во млади категории во индивидуален спорт.

За најдобар тренер во индивидуален спорт е прогласен Зоран Спасов од КБК Тим Зоран.

Најдобра екипа во масовен спорт е Училишно спортскиот клуб Гимеко спорт при СОУ „Јане Сандански“, а најдобар спортист во масовниот спорт е одбојкарот Трајче Коцев од СОУ „Јане Сандански“.

Манифестацијата за избор на спортист на Струмица се одржа по 62 пат, а наградите и призанијата на најдобрите им ги врачија градоначалникот Костадин Костадинов и членови на Советот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва полуматурска парада во Ѓорче Петров – еден ден, шест училишта, една гордост

Под покровителство на Општина Ѓорче Петров, а во организација на ЕФЗ „Седум Осмини“, на 10 јуни 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров, за првпат ќе се одржи „Полуматурска парада 2026“.

Прва полуматурска парада во Ѓорче Петров – еден ден, шест училишта, една гордост

Овој настан има за цел да ги обедини полуматурантите од шесте основни училишта на територијата на општината и на достоинствен, радосен и свечен начин да го одбележи нивниот значаен образовен чекор.

Програмата ќе биде исполнета со зурли и тапани, македонски народни ора, дружење, позитивна енергија, како и доделување награди за ученици и наставници кои со својот труд, посветеност и резултати дале особен придонес во воспитно-образовниот процес.

„Полуматурската парада“ претставува прослава на младоста, успехот, традицијата и заедништвото. Преку овој настан, Општина Ѓорче Петров испраќа силна порака дека младите се најголемата вредност и најважната инвестиција во иднината на локалната заедница.

Општина Ѓорче Петров ги поканува родителите, наставниците, учениците и сите сограѓани да присуствуваат на настанот и заеднички да им дадат поддршка на полуматурантите.

Настан: Полуматурска парада 2026

Датум: 10 јуни 2026 година

Време: 10:00 часот

Локација: Реонски парк, Ѓорче Петров

Еден ден. Шест училишта. Една гордост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни

На 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. 

Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни

Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес.

Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов.

Во насловната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари – Франциско Хименез Руиз, а во улогата на Родолф Буланже – Балаж Лочеи. Во останатите улоги настапуваат Дмитро Чеботар, Ендру Кук и Ангела Богатинова, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Госпоѓа Бовари“ претставува балетска интерпретација на едно од најзначајните дела на светската книжевност. Преку внимателно избрана музика, впечатлива кореографија и визуелно раскошна сценска поставка, претставата ја следи емотивната и психолошка драма на Ема Бовари – жена растргната меѓу сопствените соништа, страсти и ограничувањата на средината во која живее. Со современ сценски пристап и силна уметничка експресија, оваа постановка нуди длабоко и возбудливо театарско искуство за публиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Мадона речиси падна на забава во Њујорк

Светската музичка ѕвезда Мадона одржа неочекуван концерт на Тајмс Сквер во Њујорк по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“ .

Видео: Мадона речиси падна на забава во Њујорк

Настапот на 67 годишната пејачка на Тајмс Сквер во Њујорк беше организиран по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“, како и почетокот на Месецот на гордоста.

Поп-кралицата помина околу 15 минути на сцената, а публиката можеше да ги чуе хитовите „Hung Up“ и „I Love New York“. Иако настапот беше краток, тој вклучуваше танчери, диџеј и ротирачка сцена, што привлече големо внимание од минувачите и обожавателите.

Сепак, освен самиот концерт, големо внимание на социјалните мрежи привлекоа и снимките што почнаа да кружат на интернет. На нив се гледа како Мадона стои покрај оградата на сцената за време на настапот, се држи за неа и неконтролирано ја тресе, по што ја фрла ногата преку неа.

Многу корисници на социјалните мрежи коментираа дека во еден момент се загрижеле дека Мадона може да ја изгуби рамнотежата и да падне пред публиката. Некои изјавија дека ситуацијата изгледала непријатна, додека други верувале дека тоа е дел од настапот и сценската кореографија.

„Боже, не ѝ доликува повеќе да ги шири нозете вака“, „Мислев дека ќе падне“, „Сè уште се ниша, можеби не танцува како порано, но сепак е Мадона!“, гласеа некои од коментарите на видеото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер