Ричард Гир не се одвојува од сопругата

Ричард Гир не се одвојува од сопругата на црвениот тепих, заљубен како првиот ден.

Холивудскиот актер големиот заводник од филмското платно Ричард Гир со сопругата Алехандра Силва пристигна на филмскиот фестивал во Цирих, каде што се одржа премиерата на филмот Мудрост за среќата.

75 годишниот Гир на црвениот тепих не можел да ја сокрие вљубеноста кон 34 години помладата сопруга со која има два сина.

Папараците ги фатија нивните допири и прегратки на црвениот тепих.

Актерот и 41-годишната Алехандра се венчаа во 2018 година. Двојката има два сина, 5-годишниот Александар и една година помладиот Џејмс, додека Алехандро од претходниот брак го има 9-годишниот Алберт, а Гир го има 24-годишниот Хомер.

Компани: Победивме противник кој ретко губи на домашен терен

Тренерот на Баерн, Винсент Компани е задоволен од победата над Селтик (2:1) синоќа во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

- Ова е прво полувреме од двомечот. Генерално, резултатот е навистина одличен. Локалните навивачи ретко гледаат дека нивниот тим губи дома, особено во европските натпревари, па затоа високо ја цениме важноста на оваа победа и прикажаниот настап.

Во последните 10 минути моравме да ја држиме одбраната на ниво, и добро го завршивме тоа, изјави Компани.

Реваншот ќе се игра во Германија на 18 февруари.

Белата куќа со обвинувања за судиите поради злоупотреба на функција

Белата куќа со обвинувања за судиите поради злоупотреба на функција бидеќи ги блокираат одлуките на Трамп.

- Белата куќа ги обвини судиите кои блокираат некои од одлуките на Доналд Трамп за „злоупотреба на функцијата“ и „оневозможување на волјата на народот“.

„Ние ќе го почќитуваме законот во судовите“, нагласи портпаролката Каролин Левит за време на брифингот. Таа додаде дека Белата куќа ќе продолжи „да ги користи сите правни лекови за на крајот да ги поништи овие итни забрани“.

Тие коментари беа дадени еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди „високо политизираните судии“ во земјата.

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС-ДУИ

 Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ.

Македонија мора да функционира како правна држава, неопходни се коренити реформи во правосудството.

Функционирањето на Коцевски повеќе од 8 месеци е поразително. Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери од СДС и ДУИ.

Љупчо Коцевски 8 месеци нема покренато ниту едно обвинение. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за не постапувањето и неработењето на обвинителите под него.

Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството.

Коцевски не постапува по наводите за криминал. Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас.

СДС поради контрола на судството инсталираше обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал.

Извештајот на Транспаренси каде Македонија има пад од 12 места на светскиот индекс на корупција покажува дека токму правосудството е најслабиот столб во општеството во кое граѓаните имаат доверба од само 2 проценти.

Коцевски треба да знае дека правдата не смее да чека, граѓаните заслужуваат правда и не можат повеќе да трпат неуспех, несериозност и непрофесионалност од судиите и обвинителите.

ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер